фудбал

Барса преговара за трансфер на Лапорт од Сити

Емерик Лапорт сака да го напушти англискиот шампион, пренесува „АС“.

Поранешниот дефанзивец на Билбао го загуби првотимскиот статус во Манчестер Сити и поради тоа сака да ја промени средината. 28-годишниот шпански репрезентативец сака да се пресели во Барселона, која уште минатото лето покажуваше сериозен интерес за него.

„Граѓаните“ за неговиот потпис платиија 65 милиони евра, па сигурно нема лесно да го пуштат, а Барселона е во лоша финансиска ситуација.

Каталонците ќе се обидат да го искористат незадоволството на дефанзивецот и да го донесат на позајмица со право на откуп.


Повредениот Лукас Хернандез ќе добие нов договор во Минхен

MUNICH, GERMANY – SEPTEMBER 13: Lucas Hernandez of Bayern celebrates after scoring his team’s first goal during the UEFA Champions League group C match between FC Bayern München and FC Barcelona at Allianz Arena on September 13, 2022 in Munich, Germany. (Photo by Markus Gilliar – GES Sportfoto/Getty Images)

Раководството на Баерн Минхен започна преговори за продолжување на соработката со Лукас Хернандес, пренесува „Билд“.

Преговорите започнале уште пред Мундијалот, а кај двете страни постои оптимизам за брзо постигнување на договор. Хернандес се повреди на првиот меч на Мундијалот и ќе го пропушти остатокот на сезоната, а веќе започна со лесни тренинзи.

Преговорите се во тек и двете страни сакаат да ја продолжат соработката, па се очекува во наредните недели да биде постигнат конечен договор.


Манчестер Јунајтед подготви 115 милиони фунти за Камавинга

Медиумите од Англија пренесуваат дека челниците на Манчестер Јунајтед подготвуваат понуда од 115 милиони фунти за ангажман на фудбалерот Едуардо Камавинга од Реал Мадрид.

Како причина за испраќање на понуда за Камавинга се споменува повредата на Кристијан Ериксен и неговото отсуство во тимот од Олд Трафорд, кое остава празнина во средниот ред на екипата.

Доколку францускиот играч за врска пристигне во Манчестер Јунајтед тогаш тој ќе му се придружи на неговиот поранешен соиграч Касемиро кој летово пристигна во англискиот клуб.

Според тренерот на Јунајтед, Тен Хаг, 20-годишниот Камавинга би можел да биде долгорочна инвестиција и ќе игра на местото од Марсел Сабицер кој сега настапува како позајмен играч во тимот.


Донарума: Не се каам што прејдов во ПСЖ

Голманот на Париз Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, во изјава за медиумите вели дека е горд што брани за францускиот шампион, и покрај елиминацијата на екипата во осминафиналето на Лигата на шампионите.

ПСЖ беше елиминиран од Баерн Минхен со вкупен резултат 3:0, со што клубот од Франција ја продолжи лошата серија на настапи во елитното фудбалско натпреварување.

„ Многу разочарувачки е фактот што испаднавме од Лигата на шампионите. Не се каам и немам никакви сомнежи во мојата одлука да заиграм за ПСЖ“, вели Донарума.

Италијанскиот голман изјавува и дека е среќен за пласманот во четвртфиналето на ЛШ на неговиот поранешен клуб Милан, од каде и пристигна во ПСЖ во 2021.година.


Погба отстранет од првиот тим на Јувентус

Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо, ја пренесе веста дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го отстранил Пол Погба од првиот тим, откако францускиот фудбалер ги прекршил дисциплинските правила.

Погба наводно задоцнил на тренингот на Јуве во подготовките за дуелот во Лига Европа со тимот на Фрајбург, кој се одигра синоќа, а на кој црно-белите славеа на домашен терен со 1:0.

29-годишниот Погба во Јувентус пристигна минатата година од Манчестер Јунајтед, но поради проблеми со повредите сезонава одигра само два натпревари.


Брозовиќ заминува од Интер налето, негова замена ќе биде Емре Чан

Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ.

Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ. Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.

„Калчомеркато“ пренесува дека прв избор за негова замена е Емре Чан од Борусија Дортмунд.

29-годишниот Германец влегува во последната година од договорот и Интер се надева дека може да го доведе за 15 милиони евра.


Нелсон ќе добие нов договор на „Емирати“

Првите луѓе на Арсенал размислуваат да му го продолжат договорот на младиот фудбалер Рис Нелсон, за кого се заинтересирани екипите на Брајтон и Ница, објавија денеска медиумите во Англија. 

Играчот кој има само 23  години ги одработува последните месеци од договорот кој ќе му истече во текот на летото. Тој иако добива мала минутажа на теренот, успеа на 8 мечеви да постигне 3 гола и да направи 3 асистенции.

Нелсон кој потекнува од школата на лондончани претходно настапуваше како позајмен во Хофенхајм (Германија) и Феенорд Холандија.


Левандовски спремен за кам-бек на терените порано од предвиденото

Голгетерот на Барселона Роберт Левандовски целосно се опорави и в недела ќе го започне натпреварот против Атлетик Билбао, пренесе „Спорт“.

На 26 февруари, на натпреварот против Алмерија, тој почувствувал истегнување во левиот бут, поради што ги пропушти следните натпревари против Реал Мадрид и Валенсија.

Надежите на Каталонците беа дека ќе биде подготвен за уште едно „Ел Класико“ – на 19 март, но сега им е драго што Левандовски ќе може да игра уште порано.

Досега во сезоната Левандовски учествуваше на 31 натпревар на Каталонците, на кои учествуваше во постигнувањето на 31 гол – 25 постигнати од него и 6 асистенции.


Столе Димитриевски пред историски рекорд во Рајо

Столе Димитриевски брани во фантастична форма во дресот на Рајо Ваљекано и зад себе сезонава има девет натпревари во кои не примил гол.

До деветтата „чиста мрежа“ Димитриевски стигна за викендот против Атлетик Билбао и така се израмни со Рубен Мартинез кој до девет пати ја сочува мрежата во сезоната 2013/2014. Меѓутоа во преостанатите 14 натпревари од Ла Лига, Димитриевски има голема можност и да стане асполутен рекордер.

Пред него е само Коке Контрерас со десет „чисти мрежи“ од сезоната 1996/1997. Ако македонскиот голман двапати ја сочува мрежата во тие 14 кола ќе го прескокне и ќе стане најефектен голман во една сезона во историјата на клубот.

Исто така Коке го држи рекордот со најмалку примени голови (49) во една сезона. Димитриевски досега прими 25 и ако прими помалку од 23 гола до крајот ќе сруши уште еден рекорд.


Њукасл го сака Шкотланѓанецот Тирни

Александар Зинченко ова лето пристигна во Арсенал и веднаш стана незаменлив во тимот на Артета.

Зинченко се наметна во првиот тим, а цената за тоа ја плати Киран Тирни, кој не добива голема минутажа. Репрезентативецот на Шкотска оваа сезона е резерва, па поради незадоволство сака да ја промени средината.

Таквата ситуација сака да ја искористи Њукасл, кој веќе спремил понуда од 30 милилиони фунти. Тренерот на „чавките“ Ади Хау е симпатизер на квалитетите на Тирни, па му нуди место во првиот тим.

Кирни пристигна во Арсенал во 2019 година од Селтик за 25 милиони фунти, па „топџиите“ се спремни да го продадат на лето.