фудбал

Бедијашил од Челзи е најнова желба на управата на Милан

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Челзи, Бенуа
Бедијашил пренесува „Калчомеркато“.
Поради повредата на Калули тренерот Пиоли нема многу
алтернативи во дефанзивата, па Милан сака во јануари да
доведе уште еден дефанзивец.
Прва мета е Бенуа Бедијашил, кој ова лето пристигна во Челзи од
Монако за 40 милиони евра, меѓутоа, не добива голема минутажа
на „Стенфорд Бриџ“.
Милан сака да ја исористи таквата ситуација и да го доведе 21-
годишниот Французин на позајмица со право на откуп следното
лето.


Повредата на Заир-Емери не е сериозна

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп по
натпреваро со Гибралтар зборуваше за повредата што ја
заработи играчот на Франција и средниот ред на ПСЖ, Ворен
Заир-Емери на мечот кој го доби Франција со 14:0.
„Ова беше совршена вечер, освен повредата на Заир-Емери. Таа
не е многу сериозна. Од информациите што ги имам, се изгледа
ветувачко. Тој нема скршеница, но, очигледно, има истегнување
на зглобот“, изјави Дешамп.

Во моментов, периодот за опоравување на фудбалерот се уште
не се одредени.
Да потсетиме, во 20. минута од натпреварот со репрезентацијата
на Гибралтар, 17-годишниот Французин се повреди и беше
заменет. Три минути претходно го постигна деби голот за
националниот тим. Самиот натпревар со тимот на Гибралтар исто
така стана деби за Заир-Емери.


Саутгејт најави кои фудбалери ќе ги води на Европското првенство

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт откри на
кои играчи ќе им се даде предност при составувањето на
селекцијата за претстојното Европско првенство.
„Се враќаме на пријавувањето од 23 лица (УЕФА го намали
пријавувањето на репрезентациите за ЕП 2024 од 26 на 23 лица).
Тоа го менува размислувањето затоа што на последните два
турнира имавме таква слобода во однос на изборот на составот
што можевме да земеме играчи кои не беа баш соодветни за
тимот или кои може или не беа подеднакво подготвени.
Овој пат физичката кондиција на играчите, нивната способност да
учествуваат на шест или седум натпревари ќе биде навистина
важен фактор. Ќе треба да размислиме добро дали вреди да се
земат физички ранливи играчи. Исто така, од една страна, можете
да земете двајца играчи на една позиција, но покорисни ќе бидат
играчите кои знаат да се прилагодат и можат да играат на повеќе
од една позиција“, изјави Саутгејт за „Ивнинг Стандард“.


Од Атлетико се гледаат како фаворити за титулата во Шпанија

Aтлетико Мадрид игра добро на почетокот од сезоната и во овој момент има мало заостанување зад водечките екипи во Ла Лига.

Претседателот на клубот, Енрико Серезо е убеден дека резултатите на тимот ќе бидат и уште подобро, па во јавноста излезе со прилично храбра изјава.

„Подолг период имаме одличен тренер, одличен состав, како и одлични фанови и директори. Ниту една екипа во светот не игра добро на секој натпревар, не постои таков тим. Овој период буди убави чувства затоа што сите што го сакаат Атлетико знаат дека сме на вистинскиот пат. Не се плашам да кажам дека според мене се фаворити број еден за титулата, верувам дека и фудбалерите го чувствуваат тоа“, изјави Серезо. 

Атлетико на табелата во овој момент има шест бода помалку од лидерот Жирона, меѓутоа и натпревар помалку.


Повредата на Винициус е сериозна, го чека долга пауза

Од почетокот на сезоната Реал Мадрид има проблеми со повредите на стандардните првотимци, а кошмарната ситуација за Карло Анчелоти се искомплицира со повредата на Винисиус Жуниор во настапот за Колумбија против Бразил.

Напаѓачот по натпреварот изјави дека повредата не изгледала наивно за сега лекарскиот тим на „кралевите“ да потврди дека ќе мора да паузира околу две недели.

„Лекарските прегледи покажаа напукнување на бицепсот на левата нога при што е зафатена и тетивата. Тој ќе мора да отсуствува два месеци од тренажниот процес и натпреварите на Реал“, објави клубот од Мадрид.

Од почетокот на оваа репрезентативна пауза се повреди и Камвинга, пауза е препорчаана и за Чуамени, а од стартот на сезоната потешки повреди заработија Куртоа и Милитао.

——-


Тотенхем го сака Рафиња од Барселона

Фудбалерот на Барселона Рафиња може да ја продолжи кариерата во Англија. Според „Football Transfers“, за 26-годишниот Бразилец е заинтересиран Тотенхем.

Неодамна беше објавено дека Каталонците се подготвени да се разделат со напаѓачот.

Рафиња дојде во Барселона од Лидс во летото 2022 година. Оваа сезона тој има постигнато два гола и три асистенции на 11 натпревари.


Халанд не е сериозно повреден, Пеп може да здивне

Повредата на норвешкиот фудбалски репрезентативец Ерлинг Халанд не е од сериозен карактер и најверојатно напаѓачот ќе биде надвор од стројот само во следните десетина дена.

Супер-ѕвездата на „граѓаните“ се пожали на болка во зглобот на пријателскиот натпревар со Фарските Острови и сите стравуваа дека ја обновил повредата што ја доживеа пред две недели, но лекарите смируваат и велат дека Халанд ќе одмора на квалификацискиот дуел со Шкотска, но наскоро ќе се врати во целосен тренажен процес.


Онана се повреди против Маурицииус, нови грижи за Тен Хаг

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана заработи повреда на препоните во победата на Камерун од 3-0 над Маурициус во првото коло од светските квалификации.

Онана мораше да ја напушти играта по само 10 минути откако ја заработи повредата додека имаше една одбрана. Тоа беше првиот натпревар на Камерун во квалификациите. Од таборот на Камерун не ја коментираа состојбата на Андре Онана и не е јасно дали тој ќе отпатува со тимот во Либија, каде што тимот ќе го одигра вториот натпревар од групата Д.


Катарските сопственици продаваат малцински дел од акциите во ПСЖ

Катарците најавија дека ќе продадат малцински удел во ПСЖ, пишува авторитетното издание The Athletic. Компанијата која го купи мнозинскиот пакет акции во 2011 година сега е подготвена да се раздели со мал дел од него.

Катарците инсистираат дека ќе останат целосно посветени и не планираат да се повлечат од целосното владеење на францускиот шампион.

„Немаме интерес да го продадеме клубот. Тоа ќе биде само малцински удел. Сопствениците се посветени на клубот, што може да се види со парите што ги даваме на новиот полигон и стадион. Тоа се долгорочни инвестиции. Ова е можност да го подигнеме нашиот бизнис на следното ниво и конкретно на клучните пазари како САД“, рече главниот директор за приходи Марк Армстронг.

Арктос Партнерс е најверојатната компанија кој аќе влезе со свои финансии во ПСЖ. Американците веќе поседуваат делови од кошаркарски и бејзбол клубови.


Јовиќ ќе го менува Милан со Локомотива Москва

Лука Јовиќ во последниот ден од летниот преоден рок се пресели во Милан, но неговата авантура на „Сан Сиро“ нема долго да трае.

Јовиќ пристигна како алтернатива за Жиру, но не ги оправда очекувањата и главно е на клупата за резерви.

Италијанските медиуми пренесуваат дека може во јануари да го напушти Милан и кариерата да ја продолжи во Русија.

Најсилен интерес за Јовиќ покажува Локомотив Москва, кој сака да го доведе на позајмица до крајот на сезоната.