фудбал

Де Зерби: Ако сум јас проблемот во Марсеј спремен сум да заминан

Олимпик падна во резултатска криза. Навивачите се незадоволни по поразот на домашен терен од Оксер 1-3, а тренерот Роберто де Зерби понуди да си замине.

Поразот од Оксер е трет во последните шест натпревари, во кои беа забележани и две победи и едно реми.

„Не ми зборувајте за второ, трето или четврто место. Дојдов овде да дадам, да пренесам. Живеам за нешто надвор од фудбалот. И затоа, ако има проблем со мене, подготвен сум да заминам. Парите не ме интересираат, тоа што го барам е да бидам задоволна од мојата работа. Ако велам дека тоа е моја одговорност, тоа е затоа што навистина се чувствувам така“, изјави Де Зерби.

Олимпик и понатаму е втор на табелата, сега со шест бода помалку од ПСЖ, со натпревар помалку. Тимот од Марсеј има натпревар повеќе од Монако со кој има ист број на бодови.


Баерн има адут во ракавот при преговорите со Леверкузен за Вирц

Баерн Минхен е решен следното лето да ја ангажира ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, со неколку опции како да го направи тоа.

Според „Билд“, Баварците се подготвени да го вклучат во зделката еден од нивните најголеми таленти – Паул Ванер.

18-годишниот офанзивен играч за врска, кој моментално е на позајмица во Хајденхајм, им се допаѓа на „фамацевтите“ и од Алијанц Арената планира да го искористи овој факт. Челниците на Баерн се подготвени да го понудат Ванер како средство за договарање во зделката, а згора на тоа да додадат и сериозна сума на пари.

Паул Ванер одлично ја започна сезоната, откако веќе постигна пет гола во сите натпреварувања. За него е заинтересиран и РБ Лајпциг.

Желбата на Флоријан Вирц е да се пресели во Баерн, а не во Реал Мадрид кој исто така е заинтересиран за него. Во исто време, Баер не сака да го засили директниот конкурент во Бундеслигата, но може да се предомисли доколку Ванер биде вклучен во зделката.


Барса и Најк го финализираат најголемиот спонзорски договор во историјата

Барселона наскоро ќе ратификува договор со производител на спортска опрема врз основа на кој ќе заработи огромна сума, потврдија Каталонците.

Претседателот на клубот Јоан Лапорта, во петокот, одржа состанок со членовите на Управниот одбор на кој беше одобрена нова долгорочна соработка со американскиот производител на спортска опрема „Најки“.

Барселона и споменатата компанија веќе имаат долгорочна соработка, според претходниот договор кој важи до 2028 година, а врз основа на новиот договор меѓу двете страни соработката е продолжена до 2038 година.

Според формулацијата на актуелниот договор (до 2028 година), Барсеона добива 48 милиони евра, а кога ќе се официјализира соработката до 2038 година, тоа ќе значи дека каталонскиот гигант ќе добие загарантирани 100 милиони евра за тој период.

И тоа не е се, Барселона треба да смета и на дополнителните 100 милиони кои следуваат како бонус поради продолжување на соработката.


Работнички првпат поразен, Вардар го доби скопското дерби

Нема веќе непоразени екипи во Првата македонска фудбалска лига, откако досегашниот лидер Работнички попладнево загуби на гостувањето кај шампионот Струга.

Вардар ја прекина четиригодишната серија без победа против Шкупи во ефикасен и натпревар со резултатски пресврти одигран на „Тодор Проески“.

Резултати од 14. коло:

Гостивар – Воска 4-0

Шкендија – Брера 4-3

Силекс – Пелистер 1-0

Струга Трим Љум – Работнички 1-0

Тиквеш – Беса 0-0

Вардар – Шкупи 3-2

Табела: Шкендија 27 бодови, Гостивар 27, Силекс 27, Работнички 25, Струга 25, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 15, Беса 13, Воска 11, Вардар 11, Тиквеш 10.


Можен ли е бокс меч ма Ибра и Руни?

Мамс Тејлор, промоторот на организацијата „Мисфитс бокс“ најави пресметка во рингот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни.

Веќе некое време се шпекулира дека Златан би можел да се испроба во боксот, а сега стигна и потврдата.

„Разговарав со Златан за борбата. Јас сум добар пријател со неговиот менаџер и ние тројца разговаравме на ова тема. Беше многу интересно бидејќи Златан гледаше многу борби во нашата организација и знае за што се работи. Тој би бил одличен боксер“, рече Тејлор, а потоа го откри името на ривалот:

„Како што стојат работите, противник на Златан ќе биде Руни. Имаше разговори за тоа и мислам дека е само прашање на време. Има и други имиња, но тие не се толку големи како овие двајца”.

Засега не се знае кога советникот во Милан и тренерот на Плимут би можеле да си ги одмерат силите. Руни е познат како голем љубител на боксот, но засега не се огласил по повод можната борба.

Двајцата играа заедно во Манчестер Јунајтед каде ја освоија Лига Европа, Лига Купот и Комјунити Шилд.


ПСЖ спрема одмазда за Реал, го купува Тибо Куртоа?

Тибо Куртоа може да ја продолжи кариерата во ПСЖ. Раководството на парискиот клуб е незадоволно од настапот на голманот Џанлуиџи Донарума и бара посигурен голман. Исто така, ПСЖ сака да му се одмазди на Реал за трансферот на Килијан Мбапе, па клубот се надева дека ќе го привлече 32-годишниот Белгиец за да го ослабне мадридскиот клуб.

Мбапе се пресели во Реал Мадрид во летото 2024 година како слободен играч.

Сезонава Куртоа одигра 12 натпревари, на кои прими 10 гола, а четири ја зачува мрежата чиста.

Договорот на голманот со Реал е до летото 2026 година.


Левандовски би ја намалил платата за нов договор во Барса

Откако Ханси Флик седна на клупата на Барса, Роберт Левандовски се разгоропади. Полскиот напаѓач оваа сезона речиси на секој меч ја покажува сета своја класа, дава голови како од шега.

Инаку не е тајна дека тој е најплатениот фудбалер во Ла Лига, годишно зема 33 милиони евра бруто, а договорот му истекува во јуни 2026 година.

Левандовски знае за интересот на Барса за Ерлинг Халанд, па така по враќањето од Белград, каде каталонците ја декласираа Ц. Звезда во 4.коло во ЛШ, тој контактирал со Хоан Лапорта и буквално му рекол дека е спремен за преговори со Барса за нов договор и тоа за далеку помала плата, поточно ќе прифати било каква понуда од првиот човек на каталонска гордост.

Ова секако дека ќе наиде на воодушевување кај фановите на Барса.


Де Јонг по петнаесет месеци пак ќе заигра за Холандија

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, се враќа во составот на Холандија за последните два натпревари на „лалињата“ во групната фаза на Лигата на нациите. Ова доаѓа по 433 дена, откако играчот на каталонскиот клуб се рехабилитираше од сериозна повреда, поради која го пропушти и Европското првенство.

Селекторот Роналд Куман денеска ги објави повиканите играчи кои ќе се соочат со Унгарија на 16 ноември и Босна и Херцеговина три дена подоцна. Крилото на ПСВ Ајндховен, Ноа Ланг, и дефанзивецот на Ајакс, Девајн Ренш, исто така се враќаат во националниот тим.

Напаѓачот на Коринтијанс, Мемфис Депај, не е повикан во составот. Поради повреди, исто така, не се повикани Чави Симонс, Џои Ферман, Јерди Шаутен, како и Нејтан Аке, Јан Матсен и Гус Тил.

Холандија има само теоретски шанси за првото место во групата, бидејќи на фаворитот Германија му е потребен само еден бод за да го обезбеди. „Лалињата“ имаат ист број бодови со Унгарија и ќе се борат за второто место, кое носи право за пласман во четвртфиналето.


Србија и Албанија заеднички ќе органзиираат У21 Европско првенство

Србија и Албанија ќе го организираат Европското првенство за играчи до 21 година, потврди генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бранко Радујко.

Овие две земји останаа единствени кандидати по повлекувањето на Белгија и Турција. Поради ова, се очекува УЕФА да ја одобри нивната кандидатура за континенталниот турнир кој ќе се одржи во 2027 година, што беше потврдено и од Радујко.

„Најверојатно, поголемиот дел од турнирот ќе се одржи во нашата земја. Конечната одлука ќе биде позната во декември. Оптимисти сме во врска со ова“, изјави Радујко.


Рајс неизвесен за лондонското дерби со Челзи

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го имаше својот редовен брифинг пред колото во Премиер лигата. „Топчиите“ се во серија од два порази во сите натпреварувања по поразите од Бурнемаут во Премиер лигата и Интер во Лигата на шампионите. Тимот ќе се соочи со Челзи во клучна пресметка за двата тима.

„Во моментов немам поим за Деклан Рајс. Тој не тренираше и ќе видиме дали ќе можеме да го искористиме против Челзи викендов“, изјави Артета.

Каи Хаверц и Микел Мерино имаат мали физички проблеми по пресметката во Лигата на шампионите, тврди шпанскиот тренер. Тирни, Калафиори и Томијасу се надвор од теренот, а Стерлинг не може да игра против својот поранешен клуб бидејќи тоа е договорот за позајмица помеѓу двата тима. Мартин Одегард се врати по порвредата и ќе даде се од себе за да го започне натпреварот. Деклан Рајс останува неизвесен за настап на оваа средба.