фудбал

Реал најскапо ги плаќа тинејџерите, првите тројца на вечната листа се „кралеви“

Трансфермаркт ги објави десетте најскапи трансфери на фудбалери до 18 години. Најскап беше трансферот на 16-годишниот бразилски напаѓач Палмеирас Ендрик во Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб плати 72 милиони евра за 16-годишниот напаѓач. Истовремено, Ендрик ќе му се приклучи на клубот од Мадрид во јули 2024 година. Договорот меѓу играчот и Реал Мадрид е потпишан до 2027 година, ќе вклучува опција за продолжување до 2030 година. Јасно е  дека Ендрик ќе наполни 18 години во летото 2024 година, па во тој период ќе му се приклучи на Реал Мадрид.

Играчи кои направиле трансфер на неполни 18 години:

1. Ендрик (72 милиони евра, Палмеирас во Реал Мадрид)

2. Родриго (45 милиони евра, Сантос во Реал Мадрид)

3. Винисиус Јуниор (45 милиони евра, Фламенго во Реал Мадрид)

4. Фабио Силва (40 милиони евра, Порто во Вулвс)

5. Лук Шоу (37,5 милиони евра, Саутемптон во Манчестер Јунајтед)

6. Вејн Руни (37 милиони евра, Евертон во Манчестер Јунајтед)

7. Ренато Санчез (35 милиони евра, Бенфика во Баерн)

8. Алесандро Бастони (31,1 милиони евра, Аталанта во Интер)

9. Едуардо Камавинга (31 милион евра, Рен во Реал Мадрид)

10. Антонио Касано (31 милион евра, Бари во Рома)


Челзи го потврди трансферот на Нкунку, Лајпциг добива 60 милиони евра

Англискиот тим Челзи веќе ги финализирал сите документи околу трансферот на Кристофер Нкунку, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Француското крило ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за 60 милиони евра, а зделката ќе стапи на сила во јуни следната година. Нкунку исто така ги помина медицинските прегледи и трансферот е одобрен од менаџерот на „сините“, Греам Потер.

Познато е дека Кристофер Нкунку беше дел од репрезентацијата на Франција за Светското првенство во Катар, но во последен момент отпадна откако заработи повреда на коленото. Се очекува тој да биде надвор од составот најмалку еден месец.


Челзи се вклучи во трката по Доминик Ливаковиќ

Доминик Ливаковиќ стана хит на Светското првенство во Катар со
неговите интервенции со кои ѝ помогна на својата репрезентација да
постигне добри резултати.
Англиските медиуми пишуваат дека за Ливаковиќ се заинтересирани
голем број гиганти ширум Европа. Лондонскиот гигант Челзи бара
нов голман со оглед на тоа дека Едуард Менди и Кепа Аризабалага не
се стабилни на голот на премиерлигашот. Иако за нив беа платени
вкупно над 100 милиони евра, сепак тренерот Грем Потер сака нов
голман и токму Ливаковиќ изгледа како најдобро решение во
моментов.


Португалски напаѓач ќе го менува Роналдо на „Олд Трафорд“

Гонсало Рамош е една од желбите на Манчестер јунајтед за нов
напаѓач на месото на Кристијано Роналдо, но Бенфика нема лесно да
се откаже од младиот голгетер. Гонсало Рамош е единствениот фудбалер кој забележа хет-трик на мундијалот во Катар, фудбалерот на Бенфика неочекувано доби шанса пред Кристијано Роналдо на натпреварот против Швајцарија и на укажаната доверба одговори со три гола.
Младиот напаѓач сега може да го наследи својот поискусен сонародник и на Олд Трафорд, според пишувањата на Телеграф, Гонсало Рамош е едно од имињата во бележникот на „ѓаволите“ за
засилување на офанзивната линија по разделбата со ЦР7.
Но зделката воопшто нема да биде лесна, Бенфика не сака да го загуби Гонсало Рамош во јануари, и прстот го вперува кон откупната клаузула од 120 милиони евра.
„Единствена цел е да имаме победничка сезона, па ниту еден играч нема да замине, односно може да замине само доколку некој ја плати откупната клаузула“, вели претседателот на „орлите“, Руи Кошта.


Челзи во Молде го пронајде својот нов напаѓач

Челзи е многу блиску до ангажман на Давид Датро Фофана од Молде
во зделка вредна околу 10 милиони евра.
Челзи го договори првото засилување за зимскиот преоден рок, на
Стемфорд Бриџ пристигнува талентираниот Давид Датро Фофана, кој
често знае да биде ословен како „новиот Дрогба“.
Неколку извори пренесуват дека преговорите се во завршна фаза и
наскоро ќе пристигне официјална потврда за зделка вредна околу 10
милиони евра.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска има одлична сезона во
Молде со 21 погодок и 7 асистенции зад своето име.


Неизвесна иднината на Депај, Барса го стави на трансфер листа

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот
преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми. Депај и ова лето
беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива
голема минутажа и е во втор план. Поради тоа сака да ја промени
средината и побарал од Барселона предвремен раскин на договорот за
да замина во јануари.
Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара
само два милиони евра, но ниту еден од клубовите не сака да ја плати
таа сума.
Холанѓанецот ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, па
заинтересираните клубови бараат да го раскине договорот во јануари
и да го добијат неговиот потпис без обештетување.


Ел Келафи убеден дека Меси ќе остане во ПСЖ

Во недела следи големото финале на Мундијалот во Катар и во
последниот натпревар во битката за трофејот силите ќе ги одмерат
Аргентина и Франција.
Последниот натпревар во репрезентативната кариера го игра Лионел
Меси и негова голема желба е да ја заврши со светска титула. Меѓутоа
веднаш по завршувањето на Мундијалот главна тема ќе биде
иднината на Меси. Се шпекулираше дека може да го напушти ПСЖ,
дел од медиумите пишуваа и за враќање во Барселона, но првиот
човек на клубот од Париз ја смирува ситуацијата.
„Ќе разговараме со Меси по завршувањето на Светското првенство.
Тој е среќен во ПСЖ и мислам дека ќе остане со нас“, изјави Ал
Келаифи.


Манчестер Јунајтед не се откажува од ангажман на Гакпо

Англискиот весник Телеграф, пренесува дека Манчестер Јунајтед ќе направи се што е во нивна моќ за во јануарскиот преоден рок да ја ангажира холандската фудбалска ѕвезда Коди Гакпо.
23-годишниот офанзивец играше во одлична форма за ПСВ Ајндховен, но импресионира со своите настапи на Светското првенство во Катар. Според информациите, клубот од Олд Трафорд ќе му понуди 50 милиони евра на ПСВ за Гакпо, но таквата понуда веројатно нема да биде доволна, и се очекуваат тешки преговори помеѓу клубот и играчот.


Јувентус му нуди нов договор на Бразилецот Данило

Torino 07/08/2020 – Champions League / Juventus-Lione / foto Image Sport nella foto: Danilo Luiz da Silva

Тутомеркато објавува дека Јувентус ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Данило.
Бразилецот бил многу ценет од управата на „бјанконерите“ поради неговата професионалност и посветеност.
Во Италија пред неколку недели беше објавено дека неговото продолжување на договорот ќе биде само за една сезона, но тоа се промени. Сега Јуве планира да му понуди договор за уште две
сезони. Очекувањата се дека Данило ќе ја прифати понудата и ќе прифати да остане во Јувентус до 2026 година.


Роналдо ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија или Катар

Шпанскиот весник Ас, пренесува дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, својата
кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија или во Катар.
Роналдо пред почетокот на Светското првенство во Катар, го раскина договорот со Манчестер
Јунајтед, и после елиминацијата на Португалија тренира во кампот на Реал Мадрид.
Иако Роналдо сака уште да настапува на врвно ниво, шпанскиот весник наведува дека ниту еден
клуб кој настапува во Лигата на шампиони не бил заинтересиран за негово доведување. Засега
најверојатни се две можности каде би заиграл Роналдо. Тоа се клубот Ал Наср од Саудиска
Арабија, и катарскиот Ал Сад.