Њукасл ја засилува одбраната со Хрватот, Дуе Чалета Цар
Дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Дуе Чалета Цар е меѓу трансфер целите на Њукасл за јануарскиот период.
„Црно-белите“ имаат потреба за засилување на одбраната, а 25-годишниот централен деганзивец од Олимпик Марсеј е издвоен како еден од кандидате.
Њукасл ја има најлошата одбрана од почетокот на сезоната во англиското првенство, бидејќи тимот има примено 41 гол и се наоѓа на претпоследното место од табелата.
Токму поради оваа причина менаџерот Еди Хау инсистира на засилување на одбраната, а покрај Чалета-Цар посакувани трансфер цели се и Киран Трипие од Атлетико Мадрид, Џејмс Тарковски од Барнли и други.