Баерн Минхен плати 300 илјади евра за 13-годишен талент
Екипата на Баерн Минхен го доведе 13-годишниот напаѓач Мајк Виздом од Борусија Менхенгладбах. Тој ќе игра за тимот во категоријата до 15 години.
Тимот од Минхен за трансферот плати 300.000 евра.Напаѓачот важи за огромен талент, а Баерн го скаутирал веќе година и пол.
Спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах ги критикуваше постапките на Баварците. „Ваквите постапки не се корисни за германскиот фудбал. Тоа е одвратно. “
Трајковски: Оваа победа е за моето семејство и за цела Македонија
Македонските фудбалери го направија она што најмногу го посакуваа, а тоа е да го напуштат Палермо како победници и буквално ја расплакаа Италија во срцето на Сицилија.
Голот на Александар Трајковски во судиското надополнување ги разочара фановите
на репреезентацијата на Италија, а од друга страна и донесе многу радост на Македонија.
Поранешниот фудбалер на Палермо имаше кратка посвета на голот на кариерата.
„Ова е за моето семејство и за цела Македонија!“, порача Трајковски на социјалните
мрежи.
Капело: Наместо да се угледаме на Клоп, ние неуспешно го копираме Гвардиола
Меѓу бројните анализи за колапсот на италијанската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, се издвои онаа што ја направи Фабио Капело, еден од најдобрите тренери на сите времиња.
Италија синоќа во Палермо беше поразена од Македонија со
1-0 и вторпат по ред нема да биде на Мундијалот.
Според Капело, причината е – Пеп Гвардиола.
„Веќе 15 години италијанскиот фудбал го имитира фудбалот
на Гвардиола. Нема вертикални додавања, нема физички фудбал, нема навика да се оди
напорно во дуелите. Мора да го следиме стилот на Јирген Клоп. Аталанта го прави
само тоа и има одлични резултати. Слично нешто прави и Винченцо Италијано (тренер
на Фиорентина), на Александар Блесин уште подобро му оди во Џенова, но тој е Германец.
Германскиот модел секогаш треба да биде еден вид пример за нас, немаме технички
талентирани играчи како Шпанците“, изјави Капело.
Тој продолжи со конкретни примери.
„Немаме многу таленти за игра, тоа е реалноста. Немаме
многу класа во нападот. Осимен, Лукаку и Абрахам се сосема обични напаѓачи, а ние
имаме првокласни голгетери. Тоа покренува голем број прашања… Понатаму, често читам
имал 45 точни додавања. Но, какви се тие дополнувања, колку од нив се клучни…“,
изјави Капело.
Милевски: Ни следи уште многу работи, уште ништо не сме направиле
Боби Милевски е нормален. Секој ден е добро да се биде Боби Милевски. Притисок ко притисок секогаш ќе постои, но мислата е тука и присутна, изјави селекторот Боби Милевски по пристигнувањето на скопскиот аеродром, одговарајќи на новинарски прашања.
Според него, фер и коректно е да се надевате на победа против секој.
„Ова е мотив плус и да продолжиме на вистинскиот пат. Не направивме ништо
специјално, не чека уште работа. Клучни се сите 11 играчи и плус тие 4 што влегоа.
Секоја чест на сите. Искрено не обрнувам многу внимание на нивните изјави“, вели
Милевски за големата победа над Италија.
Тој потенцира дека добро е за тимот што се враќаат Тихо Костадинов и Елиф
Елмас.
„Тие се дел од тимот и позитивно е за нас што ќе бидат со нас против Португалија.
Момците се тие кои се главни на терен. Созреани се и уживам во секој момент со нив.
Да не бидеме арогантни, ние сме мала држава и мала репрезетанција. Имаме цели да
се приближиме и сме на вистинскиот пат“, додаде селекторот Милевски.
Конте го засилува Тотенхем со Стефан де Фрај
„Фудбал Италија“ објавува дека Тотенхем сака да го ангажира дефанзивецот на Интер, Стефан де Фрај.
Доведувањето на Холанѓанецот е приоритет на тренерот Антонио Конте.
Договорот на дефанзивецот со Интер истекува во јуни 2023, и клубот од Милано нема намера да го продолжи истиот.
Антонио Конте во периодот кога беше тренер на Интер, изгради добри односи со 30-годишниот дефанзивец.
Сезонава, Де Фрај за Нероаѕурите запиша 31 натпревар и постигна 1 гол.
Чави посакува средба со Килијан Мбапе
Францускиот весник „Л`Екип“, открива дека Барселона ќе направи обид да го убеди Килијан Мбапе да се пресели на Камп Ноу.
Најголемиот ривал на Барса, Реал Мадрид важи за фаворит во трката за потписот со голгетерот на ПСЖ. Според најновите информации челниците на каталонскиот клуб сакаат да ги засилат активностите за можен ангажман на Французинот, и најавија средба меѓу Мбапе и тренерот Чави Ернандез со цел да му се претстави новиот клупски проект.
Барса неодамна договори заем од 595 милиони евра и обезбеди 70 милиони евра годишно од рекламен договор со Spotify, па може да обезбеди доволно средства за платата на Мбапе.
Пол Погба нема против да заигра за Париз Сен Жермен
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, навести дека е подготвен да направи трансфер во екипата на Париз Сен Жермен.
Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната и долго време се шпекулира дека тој може да го засили лидерот во француската Лига 1.
„Зошто да не одам во ПСЖ? Секогаш е добро да се игра со своите соиграчи од репрезентацијата и во својот тим“, изјави Погба за медиумите во Франција.
29-годишниот играч за врска ја завршува шестата сезона на „Олд Трафорд“, а во кариерата играше уште само за тимот на Јувентус.
Милевски доби најубава честитка за 51-от роденден!
Историската победа над Италија се славеше цела ноќ.
Покрај славењето на трибините и во соблекувалната на фудбалерите, се славеше и на улиците во Скопје.
Фудбалерите му ја подарија најубавата роденденска честитка на селекторот Благоја Милевски кој денес го слави својот 51-ви роденден.
Роналдо: Мораме да останеме фокусирани против Македонија
Ѕвездата на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, после победата против Турција и пласманот во финалниот бараж за настап на СП во Катар против селекцијата на Македонија, изјави дека тимот мора да остане фокусиран до крај.
„Го направивме само првиот чекор кон нашата цел за пласман на СП во Катар. Ништо не е освоено, ништо не е постигнато. Мораме да продолжиме со работа и да останеме фокусирани за натпреварот со Македонија. Верувам во наша победа. Напред Португалија! Одиме во Катар!“, порача Роналдо преку пост на Инстаграм.
Кјелини: Се чувствуваме уништено
Легендарниот дефанзивец на италијанската репрезентација, Џорџо Кјелини беше целосно потиштен после шок поразот со 1:0 од Македонија во полуфиналнипт бараж во Палермо.
Голот на Александар Трајковски постигнат во судиското надополнување ја остави Италија втор пат по ред без настап на Светско првенство.
„За нас ова е огромно разочарување. Пропуштивме многу шанси но одигравме солиден натпревар. Горд сум на моите соиграчи. Сега се чувствуваме уништено. Се надевам дека Манчини ќе остане да ја води репрезентацијата“, изјави Кјелини.