фудбал

Рудигер одби нов договор со Челзи, заминува од Лондон следното лето

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, одби да го продолжи договорот што му го понуди лондонскиот тим.

Договорот за германскиот репрезентативец истекува следното лето, а актуелниот европски шампион сака што поскоро да го обезбеди неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, очигледно е дека понудата не ги задоволи

Реал од Мадрид и Баерн Минхен се заинтересирани за услугите на 28-годишниот дефанзивен играч, кои со свои понуди ќе излезат во јануари следната година.


Бенитез објасни зошто Хамес си замина од Евертон

Хамес Родригез си замина од Евертон и потпиша за катарскиот клуб Ал Рајан. 30-годишниот фудбалер не ни заигра откако Бенитез дојде во клубот.

Бенитез вели дека Хамес бил продаден затоа што тоа е добро за баланс на финансиите на Евертон, тие не можат да си дозволат да имаат фудбалер кој не може да одигра половина од мечевите, а да му даваат голема плата.

„Хамес е и многу лесен и комплициран случај. Ова е Премиерлига, и ова е Евертон и имате фудбалер кој може да одигра само околу 50% од натпреварите во Премиерлигата. Тоа не е нешто што може лесно да се менаџира. Ние треба да ги максимизираме ресурсите кои ги имаме, таква е ситуацијата“, рече Шпанецот. 


Кјелини: Можеби ќе играм на СП во Катар

Џорџо Кјелини беше еден од поважните фудбалери на Италија во освојувањето на Европското првенство оваа година.

Сепак, Кјелини годините го стигнуваат, па не е јасно дали ќе може да настапи на Мундијалот во Катар наредната година. Иако наполни 37 години, тој не ја отфрла можност за настап на овој Мундијал.

„Ако бидам во форма и имам континуитет, можеби ќе настапам на Светското првенство. Но, треба да се размислува на сегашноста, ќе видиме што ќе се случува“, изјави Кјелини.


Европската комисија не сака Светско првенство на секои две години

Европската комисија изрази загриженост поради планот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за одржување на Светските првенства на секои две години, објави порталот „Политико“.

Истиот извор посочи дека потпретседателот на Комисијата задолжен за поттикнување на европскиот начин на живот Маргаритис Шинас застанал во одбрана на претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин во спорот со ФИФА.

Во целост се согласувам со сомнежите на националните европски фудбалски асоцијации околу можноста за одржување Светско првенство на секои две години. Европа е глобален епицентар на фудбалот и наша должност е да го одржуваме моделот, кој ги почитува интересите на навивачите, играчите и општата логика на светскиот спортски календар, а не само на комерцијалните интереси, изјави Шинас.

Планот на ФИФА, кој првично го предложи Саудиска Арабија, а зад кој стои француската тренерска легенда Арсен Венгер, има поддршка од националните федерации во Азија и Африка, меѓутоа УЕФА и Јужноамериканскиот фудбалски сојуз жестоко се противат и најавуваат бојкот.


Сити во јануари ќе достави понуда за Мбапе

Манчестер Сити ќе се обиде да го купи Килијан Мбапе уште во јануари, велат новинарите Јан Мекгари и Данкан Кастелс. На овој начин „граѓаните“ ќе се обидат да го претекнат Реал Мадрид, кој досега важеше за главен фаворит за потписот на францускиот напаѓач.

Договорот на 22-годишниот фудбалер истекува во јуни 2022 година и во оваа фаза се чини дека тој нема да потпише вов договор. Сопственикот на „граѓаните“ Шеикот Мансур е амбициозен по секоја цена да го доведе Мбапе на „Етихад“, а неговата идеја е да го „киднапира“ во јануари, под носот на Реал Мадрид.


Големо бесплатно засилување за Бордо, потпиша со напаѓачот Нианг

М’Баје Нијанг потпиша за Бордо како слободен играч.

Со екипата на Бордо Нијанг се обврза на соработка до 2023 година, а има можност договорот да биде продолжен и на уште една сезона. Во францускиот тим ќе настапува со дресо со број 23.

Во минатото Нијанг на големата сцена се појави во дресот на Милан, се најавуваше како голема надеж на овој тим, но не ги оправда очекувањата. Покрај Милан настапуваше за Каен, Монпелје, Џенова, Вотфорд, Торино, Рен и Ал-Ахли.


Ласме од Арминија е најбрз фудбалер во Бундеслигата

Eрлинг Халанд и оваа сезона игра одлично во Бундеслигата, а на листите најдобри стрелци и асистенти не се единствените каде што е помеѓу најдобрите.

Халанд го има третиот најдобрз спринт во првенството. Најголема брзина во Бундеслигата оваа сезона оствариле Брајан Ласме од Арминија Биефилд и Алфонсо Дејвис од Баерн. Тие истрчале спринт со 36.08 километри на час.

Веднаш зад нив е Халанд кој истрчал 35.94 километри на час. Исклучителната брзина на Халанд му помогна да постигне седум голови и да подели четири асистенции.


Ансу Фати подготвен за кам-бек, Куман ќе му даде шанса против Леванте

Барселона објави враќање на играчот од средниот ред Ансу Фати во тимот.

На социјалните мрежи на каталонскиот клуб се појави видео со 18-годишен играч кој, поради повреда, не бил на теренот од 7 ноември 2020 година. Во видеото, Фати вели: „Подготвен сум“.

Да потсетиме, од оваа сезона Фати ќе игра за Барселона под десеттиот број, кој долги години му припаѓаше на Лионел Меси.


Шеикот даде зелено светло – Сити тргнува по Мбапе!

Манчестер Сити веќе подготвува голем трансфер идното лето, а мета е Килијан Мбапе, тврдат англиските медиуми.

Сити по заминувањето на Серхио Агуеро бараше нов напаѓач, а прва желба на Гвардиола беше Хари Кејн. Но, Тотенхем ги одби сите понуди, по што клубот од Манчестер се поврзуваше со Кристијано Роналдо, кој на крајот се пресели на Олд Трафорд.

Реал Мадрид ова лето се обидуваше да го доведе Мбапе, а наводно за него нудеше и околу 200 милиони евра, но ПСЖ одби иако договорот на францускиот напаѓач истекува наредното лето.

Знаејќи го тоа, веќе се предвидува дека Мбапе ќе заврши во Реал, клубот за кој навива од мали нозе. Но, сега во приказната се приклучи и Манчестер Сити, кој се уште бара нов напаѓач.

Според информациите, сопственикот на Сити даде зелено светло неговиот клуб да тргне по Мбапе, со кој ќе може да преговара веќе во јануари, доколку во меѓувреме не го продолжи договорот со ПСЖ.


Милан и Тотенхем преговараат за трампа Кеси – Ндомбеле

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем е спремен да му понуди трампа на Милан во зимскиот преоден рок. Франк Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Последната понуда од Милан изнесува 6,5 милиони евра по сезона, но Кеси одбива да стави потпис бидејќи бара најмалку 8 милиони евра.

„Росонерите“ не сакаат да го загубат Кеси без обештетување и се спремни да го продадат во јануари, а најсилен интерес покажуваат ПСЖ и Тотенхем. Имено, „Спарси“ се спремни да понудат трампа помеѓу Кеси и Ндомбеле, а „росонерите“ се заинтересирани за таква размена.