фудбал

Јуве ќе го задржи Мората ако Атлетико ги намали побарувањата

Алваро Мората игра на позајмица во Јувнтус од Атлетико Мадрид, а клубот од Торино има можност да го откупи неговиот договор за 35 милиони евра.

Досега информациите од Италија велеа дека Мората ја игра последната сезона во дресот на Јувентус затоа што не сакаат да го задржат. Сепак, сега новинарот Џакомо Јакобелис тврди дека Јувентус го сменил мислењето за Мората.

Наводно, Јувентус сака да го задржи Мората и покрај тоа што во клубот пристигна Душан Влаховиќ. Меѓутоа постои и еден услов, Атлетико мора да прифати оштета од 20-25 милиони евра место претходно договорените 35.

Ако двата клуба не се договорат тогаш Јувентус и дефинитивно нема да го откупи Мората.


Артета: Мислам дека трансферот на Обамејанг ги задоволи сите страни

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се опиша себеси како „решение“ во врската со Пјер-Емерик Обамејанг откако напаѓачот од Габон рече дека го напуштил англискиот клуб бидејќи имал проблем со шпанскиот тренер.

Обамејанг со заедничка согласност го раскина договорот со Арсенал и се пресели во Барселона, со што стави крај на шпекулациите дека Артета во декември му ја одзеде капитенската лента поради „дисциплински проблеми“.

„Мислам дека се заврши на најдобар начин за сите. Сите носиме одлуки и најдоброто нешто беше да продолжиме понатаму“, вели тренерот на „топчиите“.


Паредес поради повреда го пропушта дуелот со Реал Мадрид

Францускиот спортски весник Екипа ја пренесува информацијата дека играчот од средниот ред на Париз Сен Жермен, Леандро Паредес, заработи повреда поради која може да ги пропушти следните натпревари на екипата против Рен и Реал Мадрид.

27-годишниот играч за врска оваа сезона одигра 16 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања и забележа две асистенции.

Во тимот од Париз поради повреда сеуште е отсутен Андер Ерера како и Серхио Рамос кој продолжува со опоравување и индивидуални тренинзи.


Милан и Тео Ернандез постигнаа согласност за нов договор

Дефанзивецот Тео Ернандез се договорил со Милан за обнова на договорот. Според специјалистот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо, неговиот нов договор ќе биде објавен во следните неколку дена и ќе биде со важност од пет години. Платата на Ернандез ќе биде зголемена од 1,5 милиони евра на 4,5 милиони.

Левиот бек пристигна на Сан Сиро од Реал Мадрид во 2019 година. За него беа заинтересирани екипи како Челзи и Париз Сен Жермен, но Французинот одлучи својата идна кариера да ја продолжи со популарните „росонери“.


Канте заминува од Челзи, Рајс ќе биде негова замена

Челзи планира големи промени на тимот во текот на летниот преоден рок, а клубот може да го напушти и миленикот на навивачите, Нголо Канте.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи одлучил на лето да го продаде Канте, бидејќи веќе нашол негова замена.

Голема желба на „сините“ е ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс, кој оваа сезона игра фантастично и е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата. Токму поради тоа Челзи е спремен да го продаде Канте и со тоа да го финансира трансферот на Рајс, бидејќи Вест Хем за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

30-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и „сините“ веруваат дека сега е идеално време за негова продажба.


Повторно прави проблеми: Џек Грилиш снимен пијан

Фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш е снимен под видно дејство на алкохол, како со своите соиграчи Ријад Марез и Кајл Вокер се обидуваат да влезат во ноќен клуб.

Обезбедувањето на клубот не ги пуштило познатите фудбалери да влезат внатре, бидејќи Грилиш бил очигледно пијан и неадекватно облечен. По неуспешниот обид, фудбалерите го напуштиле местото и заминале во друг локал.

https://twitter.com/4footballtv/status/1490986664499773440?s=20&t=60jZnlcjObqtU0EHp-PCZA

Белгиецот Дембеле објави фудбалска пензија

Поранешниот играч за врска на Тотенхем и белгиски репрезентативец, Муса Дембеле се повлече од фудбалот.

Дембеле планира да живее во Антверпен, Белгија и да поминува повеќе време со семејството. Последниот клуб на Дембеле беше кинескиот Гуангжу Сити, во кој се пресели во јануари 2019 година од Тотенхем.


Клоп: Салах ќе настапи против Лестер, а Мане ќе добие денови одмор

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека напаѓачот Мохамед Салах би можел да учествува на натпреварот од англиската Премиер лига против Лестер Сити на 10 февруари.

„Мо се врати, веќе разговарав со него. Тој, секако, е многу разочаран, но со нетрпение ги очекува натпреварите на Ливерпул. Првото нешто што ми рече беше: „Подготвен сум“. Тој е искусен фудбалер, неверојатно физички подготвен. Сега тој ќе има сесија за опоравување и ќе видиме како ќе се чувствува утре. Садио Мане по можност ќе лета за Ливерпул на 9 февруари во вечерните часови. Секако дека ќе ја пропушти средбата со Лестер. Она што го постигна со тимот значи многу за Сенегал. Ние го почитуваме тоа и никогаш не помисливме да го повикаме рано. Нека прави што сака, затоа што тоа го заслужува“, изјави Клоп, за прес-службата на Ливерпул.


Даглас Коста потпиша за ЛА Галакси

Даглас Коста пред почетокот на оваа сезона одлучи да го напушти Јувентус и да се врати во Бразил.

Овој 31-годишен Бразилец ја напушти „старата дама“ и кариерата ја продолжи во Гремио каде што пристигна како позајмен играч до крајот на сезоната, но во овој клуб остана само една сезонма.

Откако Гремио испадна во втора лига Коста се реши да го напушти клубот во кој ја започна кариерата и така го навлече бесот на навивачите. Бразилецот не сакаше да игра во понизок ранг и кариерата ја продолжува во САД.

Нов клуб на Даглас Коста ќе биде Лос Анџелес Галакси.


Аталанта без напаѓачот Запата во наредните 4 месеци

Напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата заработи повреда на натпреварот против Каљари кој екипата од Бергамо го загуби со 1:2.

Колумбиецот се појави на теренот за прв пат по 21 декември,и влезе во игра како резерва во 58. минута, но кратко потоа беше принуден да го напушти теренот. 

По завршувањето на натпреварот беше соопштено дека неговата повреда се покажа посериозна од очекуваното, и фудбалерот може да не игра меѓу три и четири месеци.