Германскиот весник Билд пренесува дека напаѓачот на РБ Лајпциг Кристијан Нкунку, следното лето ќе се пресели во Челзи.
Според информациите на Билд, Нкунку веќе реализирал тајни медицински прегледи со лекари од Челзи и најверојатно клубот од Лондон ќе ја активира неговата откупна клаузула од 60 милиони евра веќе следното лето
Кристијан Нкунку е најдобар стрелец на германскиот бундеслигаш Лајпциг со кој има договор до 2026 година.
Тјери Анри со критики за ВАР технологијата
Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри излезе со критика за ВАР технологијата тврдејќи дека ја уништува радоста во играта.
Анри изјавил дека не се противи на воведувањето на видео технологија на фудбалските стадиони, меѓутоа тврди дека се губи доста време на прегледување на спорните снимки, и истакнува дека системот мора да се забрза.
Анри во моментот е помошник селектор на белгиската репрезентација, а како фудбалер има настапувано за Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона и Њујорк.
Лукаку речиси сигурно го пропушта дуелот со Рома
Италијанските медиуми информираат дека напаѓачот на Интер Ромелу Лукаку речиси сигурно ќе го пропушти претстојниот првенствен натпревар против Рома, бидејќи уште се опоравува од повредата.
Според Газета дело Спорт, Лукаку има само само пет посто шанса да биде на располагање за саботниот натпревар.
Белгискиот фудбалер веќе еден месец има проблеми со повреда на мускулот па затоа и понатаму тренира надвор од екипата.
Дуелот помеѓу Интер и Рома се игра во сабота.
Рамирез ја заврши кариерата на 35-годишна возраст
Поранешниот играч за врска на Челзи, Рамирез, објави дека се повлекува од професионалниот фудбал. Во моментов бразилскиот фудбалер има 35 години.
„Одвоив малку време за размислување, би сакал да ја објавам одлуката да се повлечам од професионалниот фудбал. Најпрво сакам да му се заблагодарам на Бога што ме поучи и ме доведе до највисоки спортски резултати.
Благодарност до сите клубови за кои играв. Секогаш ќе ги држам овие тимови и нивните навивачи во моето срце. Им благодарам и на бразилската репрезентација за шансата да играм на две светски првенства, тоа ми донесе задоволство. Благодарен сум на сите соиграчи, персонал, тренери и директори со кои имав задоволство да работам. Благодарност до моето семејство, мајка, деца, браќа и вистински пријатели.
Ви благодарам многу што бевте покрај мене сите овие години, радувајќи се на секое мое достигнување како да е ваше. Тоа ми даде сила и ме мотивираше. Сега ќе тргнам по друг пат, но ќе го сторам тоа со истата храброст и среќа што ги имав во моето детство, кога, наспроти сите шанси, ја напуштив мојата населба во Рио за да го освојам светот. Благодарам за се!“ , напиша Рамирез на своите социјални мрежи.
Да потсетиме дека во текот на кариерата Рамирез настапуваше за лондонски Челзи, Лисабон Бенфика, кинески Џиангсу Сунинг, како и за бразилските Палмеирас и Крузеиро.
Нојер и Горецка пак во тренажен процес, повредите се минато
Голманот Мануел Нојер и играчот од средниот ред Леон Горецка се вратија на тренинзите со Баерн Минхен и ќе можат да учествуваат на следниот натпревар од Бундес лигата против Баер Леверкузен на 30 септември, објави „Кикер“.
Двајцата играчи беа на заедно со репрезентацијата на Германија, но утрото во средата, 21 септември, добија позитивни резултати од тестот за коронавирус и беа изолирани од тимот, брзо напуштајќи го хотелот. Репрезентативците кои стапиле во контакт со заразените фудбалери на Баерн биле тестирани секојдневно.
Нојер и Горецка пропуштија два натпревари на Германија во Лигата на нации на УЕФА против Унгарија и Англија. Германците загубија од Унгарците со резултат 0-1, а средбата со Англија заврши нерешено 3-3.
Челзи се вклучи во трката по Џуд Белингем
Челзи е заинтересиран за потписот на фудбалерот на Борусија Дортмунд и играчот од средниот ред на Англија, Џад Белингем, објави „Телеграф“.
Според изданието, лондонскиот клуб е сериозно заинтересиран за ангажманот на младиот талентиран фудбалер. Претходно беше објавено дека за играчот се заинтересирани Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер Сити.
19-годишниот Џад Белингем се приклучи на Борусија Дортмунд во летото 2020 година од Бирмингем за 25 милиони евра. Фудбалерот од средниот ред постигна три гола на 10 настапи во сите натпреварувања оваа сезона.
Договорот меѓу двете страни истекува во 2025 година. Во ноември 2020 година, Белингем го направи своето деби за репрезентацијата на Англија и досега успеа да забележи 16 настапи за националниот тим.
Катар потроши 17 пати повеќе пари од Русија за организација на Мундијалот
Катар потроши околу 208 милијарди евра за организација на Светското првенство во 2022 година. Оваа сума е 17 пати поголема од Мундијалот во Русија во 2018 година.
Пред четири години Русија потроши околу 13 милијарди евра за организација на Светското првенство. Во 2014 година, Бразил потроши околу 17 милијарди евра, а во 2010 година Јужна Африка инвестираше приближно 4 милијарди евра. Директорката за комуникации на турнирот Фатма Ал Нуаими објасни како Катар ги потрошил парите.
„Светското првенство е дел од националниот проект за развој на Катар до 2030 година. Ова е широка владина стратегија насочена кон интензивен развој на градовите, индустријата и различните капацитети низ државата, како и развој на образовниот и здравствениот систем. Сумата од околу 208 милијарди евра која често се поврзува со Светското првенство е всушност дел од оваа амбициозна стратегија за националниот развој и модернизација на Катар. Повеќето од големите инфраструктурни проекти од кои тимовите и навивачите ќе имаат корист во 2022 година, како што се нови патишта, метро, аеродром, хотели и други туристички објекти, беа планирани уште пред да ни биде доделено правото да бидеме домаќини на Светското првенство“, соопшти Ал Нуаими.
Канте ја залечи повредата, се враќа уште викендов во дресот на Челзи
Фудбалерот, Н’Голо Канте, се опорави од повредата и повторно тренира со соиграчите од Челзи, објави клубот.
Играчот од средниот ред заработи повреда на бутот во август во ремито со Тотенхем во второто коло од англиската Премиер лига. Французинот мораше да пропушти 8 натпревари.
Канте (31) му се приклучи на Челзи од Лестер во 2016 година. Неговиот актуелен договор е до крајот на сезоната 2022-23. Н’Голо Канте во сезонава забележа два меча без постигнат гол.
Модриќ надвор од терените осум до десет дена
Фудбалерот на Реал Мадрид Лука Модриќ се повреди настапувајќи за Хрватска во двата натпревари со кои „коцкестите“ изборија пласман на завршниот турнир во Лигата на нации.
Модриќ во Мадрид се враќа повреден поради што ќе мора да направи пауза од осум до десет денови, пренесуваат шпанските медиуми. Наводно се работи за замор на мускул кој е пропратен со болки во колкот.
Во Реал се надеваат дека Лука ќе биди подготвен за Ел Класико кој е закажан за 16 октомври.
Касано: Време е Роналдо да ја заврши играчката кариера
Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано му порача на Кристијано Роналдо дека е време да ја заврши кариерата, пренесуваат медиумите во Италија.
Португалија не успеа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на нации, откако во Брага доживеа пораз од Шпанија со 1:0.
Португалските медиуми и навивачи го окривуваат Роналдо за поразот, и истакнуваат дека тој бил еден од најслабите играчи на теренот, кој по завршетокот на дуелот ја фрли капитенската лента на теренот.
Касано вели дека Роналдо во овој момент треба да си направи услуга и да сфати дека е време да се повлечи од фудбалот бидејќи не може да игра на високо ниво, и веќе освои доволен број на трофеи во кариерата.
37-годишниот Роналдо за Португалија одигра 191 натпревар и има постигнато 117 гола.