Скалони останува селектор на Аргентина до 2026.година
Фудбалскиот сојуз
на Аргентина соопшти дека селекторот на репрезентацијата Лионел Скалони го
продолжи договорот до 2026.година.
44-годишниот аргентински тренер, на селекторското место е назначен во 2018.година, а со Аргентина го има освоено Копа Америка 2021.година и Светското првенство во Катар минатата година.
Скалони е прогласен за најдобар тренер за 2022.година според ФИФА.
Премиерлигашите нудат богатство за Еквадорецот Каиседо
Челзи, Арсенал и Ливерпул го сакаат репрезентативецот на Еквадор, Мојсес Каиседо и на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис.
Брајтон веќе одби во јануари понуда за која се тврди дека била тешка 70 милиони фунти. Клубот не сака да се раздели со 21-годишниот фудбалер за сума помала од 100 милиони евра.
Англиските медиуми пренесуваат дека споменатите клубови се спремни да понудат 90 милиони евра за неговиот потпис.
Европските гиганти се распрашуваат за Ноа Окафор од Салцбург
Милан и Арсенал се силно заинтересирани за младиот напаѓач на Салцбург, Ноа Окафор.
Окафор го привлече вниманието на многу европски гиганти, а главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Милан и Арсенал. Малдини сака да доведе млад и перскептивен напаѓач и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Меѓутоа, ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи Арсенал исто така долго го следи напаѓачот.
Швајцарскиот репрезентативец оваа сезона има постигнато 10 гола и 3 асистенции, а Салцбург за неговата слобода бара 35 милиони евра.
Заврши хаваријата на Погба, спремен е да заигра на торинското дерби
Францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, би можел да се врати на терените веќе во вторник на мечот со Торино. Искусниот играч за врска се чини дека конечно ќе се врати на терените откако ја санираше повредата.
Информациите од италијанските медиуми говорат дека францускиот репрезентативец ќе му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри за дербито против Торино.
Челзи одлучи да го откупи договорот со Жоао Феликс
Жоао Феликс се пресели во Челзи, каде ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.
Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната. Челзи сака да го откупи неговиот договор и на лето ќе понуди 80 милиони фунти за 23-годишниот фудбалер.
Атлетико за неговата слобода бара 100 милиони евра, но со оглед на фактот дека самиот фудбалер не сака да се врати во Мадрид, најверојатно оваа сума ќе ги задоволи нивните апетити.
Дел Пјеро: Дибала се препороди во Рома, тоа е вистински клуб за него
Рома игра досега изгледа добро во сезоната, а еден од најважните играчи е Паоло Дибала кој во текот на летото пристигна како слободен играч од Јувентус.
„Волчицата“ е на делба на третото и четвртото место во Серија А и е на добар пат да се избори за место кое води во ЛШ, што е главна цел на тимот. Покрај тоа, се пласираа и во осминафиналето од Лигата на шампионите.
За ситуацијата на Дибала зборуваше легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.
„На Дибала во Торино му недостасуваше самодоверба. Сега е многу позрел, во Јувентус помина важни чекори. Имаше убави и не така убави моменти. Тука во прв план се повредите“, изјави Дел Пиеро.
Дибала беше дел од Светското првенство каде што Аргентина ја освои светската титула.
„Не беше помеѓу главните играчи, но имаше важен момент во пенал серијата во финалето“, истакна Дел Пјеро. Сезонава Дибала постигна 12 голови и подели седум асистенции во сите натпреварувања.
Чачиќ не знае ништо за заминување на Адеми во Кина
Тренерот на фудбалерите на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, изјави, дека не знае ништо за понудата од Кина за капитенот Аријан Адеми.
Тој вели дека за сите информации прочитал во медиумите и дека во клубот нема ништо пристигнато за македонскиот репрезентативец.
„Тоа го прочитав во медиумите. Преодниот рок во Кина е отворен до април. Не знам ништо за понудата за Адеми“, рече Чачиќ кој ја има паралелно и улогата на спортски директор.
Сака добива нов договор, со дебело покачување на платата
Букајо Сака и Арсенал постигнале договор за продолжување на соработаката, пренесуваат медиумите на Островот.
Приоритет на Арсенал беше продолжување на соработката со 21-годишниот Англичанец, кој на лето влегува во последната година од договорот.
Двете страни постигнале начелен договор и Сака ќе потпише петгодишен договор со неделна плата од 200.000 фунти.
Така Сака ќе стане еден од најплатените фудбалери во тимот, но „топџиите“ сметаат дека тој е иднината на кој ќе го градат тимот во следните години.
Анри: Го советував Лукаку да не се враќа во Челзи
Тиери Анри изјави дека го предупредил Ромелу Ликаку пред да направи трансфер во Челзи.
Анри тогаш работеше во белгиската репрезентација и имал разговор со Лукаку. Французинот го советувал напаѓачот да не прави трансфер во Челзи, но Лукаку не го послуша. Се пресели на „Стенфорд Бриџ“ и после една лоша сезона се врати во Интер.
„Тогаш имавме дискусија. Му реков дека не треба да оди во Челзи, бидејќи ќе му биде тешко да игра поради начинот на кој игра Томас Тухел. Ромелу сака да биде таму каде што е. Само „нахрани“ го и тој ќе ви врати повеќекратно“.
„Тој е различен тип на играчи од оние што ги сакаат Тухел. Мислам дека и тој не би сакал да се врати кај Потер. Тој сака да остане во Интер“, изјави Анри.
Тен Хаг: Овој трофеј е само почеток на нашите успеси
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е среќен што го освои првиот трофеј со англискиот клуб и верува дека ова е само почеток на едно враќање на тимот таму каде што припаѓа. Манчестер јунајтед го прекина постот без трофеј, момците предводени од Ерик тен Хаг ги израдуваа навивачите освојувајќи го англискиот Лига Куп откако го совладаа Њукасл со 2-0.
„Натпреварот го одигравме со голем дух, момците делуваа како тим и се бореа, дадоа се од себе. Не секогаш игравме убаво за око, но беше ефективно. Најважно е што го освоивме првиот трофеј. Овој трофеј ќе ни донесе многу инспирација, но и самодоверба. Ова се уште е почеток на враќањето на Манчестер јунајтед таму каде што припаѓа, што е освојување на трофеи и овој е првиот.
Кажав и пред натпреварот, Рафа Варан, Касемиро, Давид де Хеа, тие знаат како да освојуваат трофеи. Потребни ви се такви момци на теренот, не само од тактичка гледна точка, туку од психолошка. Тие внесуваат победнички менталитет во соблекувалната, и тоа ја прави разлика“, рече Тен Хаг.