Повредата на Салиба е сериозна, ќе отсуствува дури до ноември
Вилијам Салиба, ќе мора да паузира подолг период поради проблемите со грбот.
Францускиот дефанзивец на Арсенал се повреди во полуфиналниот дуел против Шпанија и мораше да го напушти теренот уште во 30. минута.
Според информациите на францускиот весник „Л’Екип“, Салиба ќе биде подложен на операција на грбот, по што го очекува пауза од четири до пет месеци.
Тоа значи дека неговото враќање на терените најрано се очекува во втората половина на ноември.
Шкендија и вторпат ја совлада Европа и закажа двомеч со Браво од Словенија
Победа и на вториот меч оствари тетовска Шкендија против Европа од Гибралтар, и се пласираше во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции.
За разлика од првиот меч, кој Шкендија го доби со убедливи 5-0, вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ славеше само минимална победа од 1-0.
Стрелец на единствениот гол беше Ване Крстевски во 86. минута од средбата. Крстевски, кој влезе во игра нешто порано, се проби сам и си создаде шанса после која погоди прецизно во долниот десен агол од голот на гостинот, и така ја донесе победата.
Претходно шанса имаше и Зејнулаи кој ја погоди пречката од голот на Европа. Гостите од Гибралтар немаа ниту една посериозна закана по голот на Амзаи.
Во следното коло Шкендија ќе игра со словенечкиот тим Браво.
Силекс на пенали испадна по трилерот со Динамо Минск
Македонскиот тим ја испушти предноста од првиот меч, Динамо Минск победи во Скопје со 1-0, а потоа фудбалерите на белорускиот тим беа подобри на пенали и се израдуваа на пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига.
Силекс лошо го почна натпреварот, прими гол уште во 16. минута, Малашевич даде гол за водство на Динамо Минск од 1-0. Вкупниот резултат беше израмнет.
Немаше голови во остатокот од регуларниот тек, двете екипи имаа свои шанси, но не ги искористија, мечот беше рамноправен.
Се играа две продолженија од по 15 минути, но ниту во тие не се случи нешто посериозно, па пеналите решаваа.
Во петте серии двете екипи беа максимално прецизни, но во шестата Тимовски не реализираше, фудбалерот на Силекс ја погоди пречката и тоа се покажа како клучно.
Динамо Минск продолжува понатаму, а Силекс ќе се подготвува за предизвиците од домашното првенство.
ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на мечот со Брегалница
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одби барањето на Вардар за одложување на мечот од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:
„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК ВАРДАР за одложување на натпреварот од 1. коло на Прва МФЛ за сезоната 2026/2027 не е прифатено.
Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување.
Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем од 36. кола, што бара прецизно планирање и почитување на однапред утврдениот календар.
Истовремено, при неговата подготовка беше земен предвид и спортскиот аспект, односно принципот на одигрување натпревари во ритам четврток / недела / четврток за клубовите кои настапуваат во европските клупски натпреварувања, практика што се применува и во најголем дел од европските национални првенства.
ФФМ потсетува дека и во претходната сезона, поради истите причини и почитување на принципот на еднаков третман, не беа прифатени барањата за одложување на натпревари од клуб кој настапуваше во натпреварувањата на УЕФА.
Скалони: Моите фудбалери се неверојатни
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не ги криеше емоциите по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето.
„Пресреќен сум. Чувството не може да се опише. Воодушевен сум за играчите и за сите Аргентинци. Веројатно дури и не сме свесни за сè што направивме досега. Одиме понатаму“, рече селекторот на „гаучосите“.
Аргентина в недела во финалето против Шпанија ќе се обиде да ја одбрани титулата и по четврти пат да стане светски првак.
Меси: Оваа награда е за аргнтинскиот народ
Првата ѕвезда на Аргентина, Лео Меси, по трумфот против Англија и пласманот во финалето не ги криеше емоциите.
„Овој тим заедно може да постигне сè. Овие играчи заедно… ова е нешто навистина посебно. Иако беше фудбалски натпревар, од моментот кога се свиреше националната химна, доживеавме нешто посебно.
Светсково првенство беше апсолутно лудо – неверојатно е што повторно стигнавме до финалет. Во последните четири години бевме најдобриот тим на светот, без разлика дали им се допаѓа на луѓето или не“ – изјави Меси.
Кејн: Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина со 2-1 и неуспехот да се пласираат во финалето на Светското првенство, кое Англичаните го чекаат од 1966 година.
„Чувството е ужасно, не бевме доволно добри за ова ниво“, изјави Кејн по натпреварот што синоќа се одигра во Атланта.
Англија водеше до 85. минута, но Аргентинците го свртеа резултатот во своја корист во последните минути и во неделното финале против Шпанија ќе имаат можност да ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар.
„Ужасно е да се загуби вака. Поради моите соиграчи, луѓето во стручниот штаб и навивачите. Мислам дека натпреварот од наша страна во голем дел беше добар. Меѓутоа, застанавме откако поведовме. Се обидовме да издржиме, но не успеавме. Во тие моменти тешко се справувавме со Аргентинците. Очигледно не бевме доволно добри за ова ниво. Дефинитивно се мачевме по нашето водство“, истакна Кејн.
Англија втор пат на последните три светски претрпе елиминација во полуфиналето и остана со една шампионска титула во историјата, освоена во 1966 година на домашен терен.
Тухел: Денес сите знаат повеќе од мене за фудбал
Селекторот на Англија, Томас Тухел, вели дека не жали за ништо и дека мечот против Аргентина бил еден од најдобрите на неговата репрезентација.
По елиминацијата од Светското првенство сите „пукаат“ кон Томас Тухел за неговата тактика да се повелече по водството иако имаше уште 40 минути игра.
Англија играше низок блок кој не знаеше да го игра бидејќи и покрај тоа што се бранеа со сите, Аргентина создавеше многу шанси за гол, на крај топката двапати влезе во мрежата на Пикфорд и Аргентинците победија.
„Сега после поразот има милион „селектори“ кои знаат подобро. Не е проблем структурата. Мечот комплетно се промени. Јас ги носев одлуките“, вели Тухел.
„Ова беше еден од нашите најдобри натпревари, можеби најдобриот. Не жалиме за ништо. Сега, после пораз лесно е да кажете дека моите одлуки биле погрешни“.
Аргентина со епски пресврт пораз претвори во победа за мундијалско финале
Аргентина со фантастичен пресврт ја победи Англија со 2-1 и се пласираше во големото финале на Светското првенство каде ќе го бранат трофејот против Шпанија.
Аргентинците ја казнија кукавичката игра на Англичаните кои комплетно се повлекоа по водечкиот погодок и беа казнети.
Првото полувреме изобилуваше со многу физички дуели, фаули, но ниту еден удар во рамките од двата гола.
Второто полувреме беше многу поразлично, три голови, многу шанси и возбудлива завршница.
Англија поведе во 55. минута по една одлична акција, центаршут на Роџерс, Гордон погоди за предност од 1-0.
Откако го дадоа голот, Англичните почнаа да се бранат со низок блок, се редеа шанси пред мрежата на Пикфорд кој имаше неколку одлични интервенции.
Одбраната на Англија изгледаше катастрофално, Аргентина ги доби сите воздушни дуели.
Резултатот беше израмнет во 85. минута кога по додавање од Меси, Енцо Фернандез распука по топката од далечина за 1-1.
Аргентина продолжи да напаѓа, Англија беше во бунило. Во 92. минута центаршут на Меси до Лаутаро кој погоди со глава за комплетен пресврт и победа за Аргентина од 2-1.
Во неделното финале Аргентина ќе игра против Шпанија која претходно ја победи Франција.
Каишу Сано од Маинц пред рекорден трансфер во Ливерпул
Медиумите од Германија пренесуваат дека Ливерпул е подготвен да плати околу 60 милиони евра за ангажман на Каишу Сано од Маинц.
„Црвените“ слично како и останатите свои ривали од Премиерлигата, ова лето сакаат да донесат засилување за средниот ред.
Ккао што пренесува Билд, Ливерпул сериозно загризал за ангажман на Каишу Сано од Маинц.
Јапонецот можеби е малку познат фудбалер, но клубот од Енфилд е подготвен да плати дури 60 милиони евра за да стигне до неговиот потпис.
Каишу Сано е дефанзивец од средниот ред, стандарден во Маинц, а и летово се прикажа во одлично светло на Светското првенство, постигна и еден погодок на пресметката со Бразил.