фудбал

Амрабат прави трансфер во Барселона?

Мароканскиот фудбалер, Софијан Амрабат, е многу блиску до позајмица во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Клубот од „Камп Ноу“, сака да го доведе Амрабат на позајмица од Фиорентина до крајот на сезоната со право на откуп.

Мароканецот го привлече вниманието на фудбалската јавност после одличните настапи за неговата репрезентација на Мундијалот во Катар, кога Мароко стигна до полуфиналето.

Амрабат во кариерата има играно за Утрехт, Фејнорд, Бриж, Хелас Верона и Фиорентина.


После Кансело, Сити останува и без Бернардо Силва?

Португалскиот новинар Педро Алмеида, ја објавува веста дека после Жоао Кансело, екипата на Манчестер Сити би можел да ја напушти и Бернардо Силва.

Португалскиот играч за врска, наводно сака својата кариера да ја продолжи играјќи за Барселона. Силва оваа сезона не е задоволен од минутажата која ја добива од тренерот Гвардиола, посебно после завршувањето на Светското првенство во Катар.

Во последниов период често се споменува можноста, Бернардо да се пресели во Барселона овај преоден рок, каде би настапувал како позајмен играч до крајот на сезоната.


Ериксен поради повреда ќе паузира три месеци

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед соопштува дека данскиот фудбалер Кристијан Ериксен заработи повреда и после првите проценки се очекува да биде надвор од теренот во наредните три месеци.

Тренерот на екипата од Олд Трафорд, Ерик тен Хаг, вели дека постои надеж оти Ериксен ќе се врати на време за битните натпревари кои следуваат во завршницата на сезоната.

Данецот во Јунајтед пристигна минатото лето како слободен играч од Брентфорд, и досега има запишано седум асистенции и еден гол.


Зијеќ изненадувачки ќе потпише за ПСЖ

Еминентниот „Екип“ објави бомбастична информација и потврди дека ПСЖ е во напредни преговори за трансфер на Хаким Зијеч од Челзи.

Зијеч не е во плановите на тренерот Потер и е на излезна врата од Челзи, а најчесто се спомнуваѓе негов трансфер во Серија А.

Меѓутоа, ПСЖ денес изненадувачки се вклучи во трката и постигна договор со Мароканецот, па е на добар пат да го комплетира трансферот. Зијеч има договор со Челзи до 2025 година и „сините“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра, сума која нема да биде проблем за ПСЖ.

Потсетуваме, ПСЖ е на добар пат да го комплетира и трансферот на Милан Скриниар од Интер.


Арсенал се договори со Жоржињо

Италијанскиот фудбалер Жоржињо е нов играч на лондонски Арсенал, пренесува познатиот новинар Фабрицио Романо.

Арсенал за досегашниот играч на Челзи платил обештетување во висина од 12 милиони фунти, а договорот е со важност до летото 2024.година.

Жоржињо во својата кариера настапувал за Верона, Наполи, а во Челзи играше од 2018.година. Тој е репрезентативец на Италија за која има одиграно 17 натпревари.


Челзи се врати со нова понуда за Енцо Фернандез

Челзи не сака да се откаже од намерата за доведување на нови фудбалери, па сега повторно се враќа по Енцо Фернандез од Бенфика.

Пред неколку недели „сините“ на големо се поврзуваа со најдобриот млад играч на Мундијалот во Катар, но на крајот можниот трансфер пропадна. Сепак, сега Челзи наводно е спремен да плати 120 милиони евра колку што бара Бенфика.

Опцијата на Челзи е споменатите 120 милиони евра да ги плати на неколку рати, меѓутоа повторно има проблем затоа што Бенфика ја сака сумата веднаш. Во португалското првенство Енцо има еден гол и пет асистенции на 17 натпревари, но посебно се истакна на Светското првенство каде што Аргентина ја освои титулата.


Шелви на чекор до потпис со Нотингем Форест

Медиумите од Англија пренесуваат дека фудбалерот на Њукасл, Џонџо Шелви, е многу блиску до премин во Нотингем Форест.

Тренерот на Нотингем, Стив Купер, ја потврдил информацијата дека 30-годишниот играч за врска се наоѓа на лекарски прегледи во клубот.

Оваа сезона Шелви одигра само три натпревари во Премиер лигата, и имаше договор со Њукасл до претстојното лето. Англискиот фудбалер го носи дресот на Њукасл од 2016, и за црно-белите има одиграно 202 натпревари и постигнато 18 гола.


Лидс се засили со Мекени од Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Вестон Мекени, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Лидс Јунајтед.

24-годишниот американски фудбалер е трето засилување на Лидс Јунајтед во зимскиот преоден рок, после пристигнувањето на Макс Вобер и Жоржињо Рутер.

Од премиерлигашот соопштуваат дека на крајот од сезоната имаат можност за откуп на договорот на фудбалерот од средината на теренот.

Мекени ги помина младинските категории на Далас, од каде замина за Шалке, а потоа потпиша за Јувентус. Тој би можел да дебитира за новиот клуб на натпреварот од Премиер лигата против Нотингем Форест, кој се игра во недела.


Милик се повреди против Монца, ќе паузира 30-40 дена

Фудбалерот на Јувентус, Аркадиуш Милик, кој се повреди на мечот со Монца во Серија „А“, ќе мора да паузира најмалку месец и половина.

Лекарските прегледи потврдија дека има повреда на мускулот на левата нога, пишуваат денеска италијанските медиуми. Тоа ќе биде проблем за Масимилијамо Алегри кој во континуитет не може да ги користи најдобрите.

Ќе потсетиме дека Душан Влаховиќ по подолг период се врати на теренот додека Пол Погба и натаму е надвор од стројот.


Галагер од Челзи се сели во Евертон

Челниците на фудбалскиот состав Евертон испратиле понуда до Челзи за играчот од средниот ред, Конор Галагер.

„Карамелите“ нудат 40 милиони фунти и уште 5 во вид на разни бонуси. 22-годишниот играч од средниот ред главно ја грее клупата кај „сините“ и нема да биде изненадување доколку го напушти тимот. 

Галагер кој беше позајмуван во Чарлтон, Свонси, ВБА и Кристал Палас, за селекцијата на Англија има одиграно четири средби.