ракомет

Познат составот на дуелот во Брегенц во рамките на ЕХФ неделата

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари за претстојниот натпревар против Австрија, при што во составот има неколку промени во однос на претходните собири.

Лазаров се одлучи за состав со неколку нови имиња. Македонската селекција ќе се подготвува за дуелот со Австрија, кој се очекува да биде важен тест за формата на тимот и можност за проверка на новите ракометари во составот.

Селекторот Кирил Лазаров ја предводи репрезентацијата од 2021 година и продолжува да гради нова генерација на националниот тим.


Вардар го освои Мелсунген и ќе игра четвртфинале на ЕЛ

Вардар 1961 одигра уште еден одличен европски меч, овој пат за директен пласман во четвртфиналето во Европската лига. Македонскиот тим на гостувањето кај Мелсунген славеше со 25-34 и заврши на првото место во својата група 3 во главната рунда.

За место на завршницата „црвено-црните“ ќе играат со подобриот од мечот меѓу Монеплје и Елверум.

Да Силва постигна шест гола, исто колку и Воркапиќ, додека стрелец на пет гола беше Боно.

Во првите десет минути Вардарци отворија со 1-6, но потоа застанаа, пад во играта беше доволен знак за да домашниот тим врати со серија од 5-1 и израмни на 7-7 на средината на првото полувреме.

Иван Чупиќ повика тајм-аут, а неговите момци одговорија на ист начин, со серија од 5-1 поведоа со 8-12 во 23 минута. На одморот резултатот беше 12-17.

Со головите на Лазаревски и Тузолана, и една одбрана на Валах, Вардар за само три минути игра поведе со 12-20.

Од овој момент, неколку судиски одлуки и исклучувања, Мелсунген со 7-3 дојде на 19-23.

На стартот на 50. минута, Вардар со головите на Гоце Георгиевски и Воркапиќ зголеми на 20-28. Оваа позитива се покажа како повеќе од доволна за победа за „црвено-црните“.


Партизан го претстави Раул Гонзалез

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез седнува на клупата на РК Партизан од Белград.

Шпанецот моментално е селектор на Србите, а од од јуни седнува и на клупата на Партизан.

Веќе претходно клубот соопшти дека сегашниот тренер Ѓорѓе Чирковиќ ќе замине по крајот на тековната сезона, а за нов тренер беше официјално промовиран Раул Гонзалез.


Охрид последен учесник на Ф4 од Купот на Македонија

Екипите на Вардар, Еурофарм пелистер, Алкалоид и Охрид ќе бидат учесници на завршниот турнир од Купот на Македонија во ракомет. Денеска со одигрувањето на последниот финален меч од групната фаза, екипата на Охрид го комплетираше составот на завршниот турнир. Охриѓани денеска беа подобри од МРК Куманово со 35-18.

Вчера во преостанатите три финални дуели во четирите групи победи обезбедија и Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Останува да го очекуваме финалниот турнир на кој ќе се појават четирите најдобри состави и од домашниот шампионат.


Македонските ракометарки им се реваншираа на Белгија на квалификациониот дуел во Куманово

Женската ракометната репрезентација на Македонија успеа да ја победи Белгија со 33-28 во последниот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2026 кој се одигра во Куманово. Ракометарките така им се реваншираа на Белгијките за поразот во првиот меѓусебен дуел во Хаселт и квалификациите ги завршуваат на третото место на табелата.

Натпреварот започна ефикасно исто како и во Белгија а на полувреме Македонија замина со предност од 17-14. На стартот на вториот дел повторно Макеоднија и дозволи на Белгија да се закани, но овој пат одличната голманка Андреа Илиќ беше на голот на нашата репрезентација. Во 45. минута дојде до бројката од 11 одбрани, нападот тоа го награди и Македонија ја врати највисоката предност од четири гола, 26-22.

Марија Јанкуловска имаше одличен меч со осум гола, додека Сара Стефаноска, Ива Младеновска и Јована Кипријановска постигнаа по шест гола. Учинокот на голманката Андреа Илиќ со 12 одбрани беше многу важен на овој натпревар. Кај Белгија, Неле Антонисен беше најдобра со 13 гола.

Македонија сега го чека расплетот во другите групи, за да види дали на крајот ќе биде меѓу најдобрите третопласирани селекции за место на ЕП 2026. Четири најдобри од шесте трети селекции одат на ЕП.


Алкалоид се чекира за Ф4 на Купот на Македонија

Екипата на Алкалоид забележа две победи во ист ден. По Радовиш во полуфиналето, тимот на Лазаров го совлада и Пролет 62 (34-18) и обезбеди место на Ф4-турнирот од Купот на Македонија.

Покрај Алкалоид, на завршницата од Купот на Македонија ќе играат уште Вардар 1961 и РК Е.Пелистер се чека на уште еден учесник по крајот на турнирот во Охрид.


Стефановска на место повредената Арсениевска во тимот на Грчевски

Ivana DJATEVSKA, North Macedonia vs Türkiye, Women’s EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 30.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Женската македонска ракометна репрезентација денес ја очекува дуелот од квалификациите за Европското првенство 2026 против Белгија.

Селекторот Кристијан Грчевски беше принуден да повика нова ракометарка.На националниот тим се приклучи Сара Стефановска, членка на романскиот тим Залау. Таа доаѓа на местото на Ивана Арсениевска, која се повреди. На првиот натпревар одигран во саботата македонските ракометарки загубија со 26-25.

Денешниот дуел се игра во Куманово, а почетокот е во 17;00 часот


Пелагониското дерби за шампионот, Еурофарм Пелистер прв се пласира на Ф4

Ракометарите на Еуроафрм Пелистер се пласираа на „фајнл-фор“ турнирот во Купот на Македонија, откако го совладаа составот на Прилеп со 30-28 (14-14) и се изборија за место меѓу најдобрите четири во завршницата на Купот, која ќе се игра во април. Прилепчани одлично парираа, дури во неколку наврати и водеа, но на крајот искусните пелистерци успеаја да се пласираат на завршниот турнир. Иако настапи без Кузмановски, Хаидарирад, Манасков, Граховац и Павле Атанасијевиќ, тимот на Стевче Алушовски дојде до победата.

Во првиот дел гостите играа рамо до рамо со шампионот и се изборија за егал резултат на пауза. Сепак, на стартот од вториот дел влегоа во мини-криза, која пелистерци ја искористија со серија од 4-0 и резултатски побегнаа на 25-21. Еурофарм Пелистер искусно го сочува водството и покрај тоа што повторно настапи со комбиниран состав и на крај славеше со минимални 30-28. Во 48. минута заради три исклучувања црвен картон доби Ник Хенигман.

Кај победникот се истакнаа Анџеј Видомски со седум и Петар Атанасијевиќ со шест гола. Кај поразениот тим најпрецизен беше Денис Шабановиќ со седум погодоци.


Рекорд за историја: Младиот Поповски постигна 37 гола на еден натпревар!

Неверојатен натпревар денеска одиграа младинците на РК Мулти Есенс, кои со 86-17 (42-8) славеа во мечот со РК Вардар Неготино во рамки на шампионатот на Македонија.

Покрај неверојатно убедливата победа за домашните, мечот ќе остане во историјата како натпревар на кој еден ракометар постигна рекордни 37 гола.

Станува збор за кадетскиот репрезентативец на Македонија, Бобан Поповски, кој имаше рекордна вечер за паметење.


Македонија ја доби организацијата на младинскиот Мундијал

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на младинското Светско првенство, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни до 4 јули 2027 година.

На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена.

„Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.

Воедно, изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување“, стои во објавата на Ракометната федерација на Македонија.