ракомет

Лазаров: Нашиот голем број на технички грешки беа причина за високиот пораз

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во изјава после поразот со резултат 39:27 од Норвешка во првиот натпревар од Светското првенство во Полска и Шведска, даде свое видување на мечот.

Лазаров истакна дека големот број на технички грешки од страна на нашите ракометари, биле главна причина за високиот пораз на крајот. Сепак од поразот треба да се извлече поука и дека сега фокусот е на победа со следните противници, а тоа се Холандија и Аргентина.

„Норвешка според мене е една од најдобрите четири репрезентации на светот. Им честитам на победата и им посакувам успех на првенството. Ние направивме голем број на технички грешки за да можеме да се надеваме на добар резултат. Знам дека поразот со 12 гола разлика е болен, но треба да го заборавиме што побргу, и да мислиме напред. Нашите цели за ова првенство сега се победи против Холандија и Аргентина, кои се наши следни противници“, изјави Лазаров.

Македонија следнот натпревар во Краков, го игра во недела против Холандија со почеток во 18 часот.


„Џинот“ Кристопанс потпиша за Мелсунген од следната сезона

Поранешниот вардарец и ракометен „џин“, Даинис Криштопанс по
неколку сезони во ПСЖ ќе се пресели во германската Бундеслига.
Летонецот потпиша договор со тимот на Мелсунген кој гради
амбициозен проект со кој се очекува да има важна улога во
германскиот шампионат.

Поранешниот ракометар на Вардар во Меслунген повторно ќе
биде соиграч со Рожерио Фереира Мораеш и Глеб Каралаш. Исто
така тренер ќе му биде Роберто Гарсија Парондо со кого во
Вардар ја освоија европската круна.


Хенеберг го напушта Еурофарм Пелистер

Данскиот интернационалец во редовите на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Себастијан Хенеберг, на крајот од сезоната заминува од екипата.

Хенеберг својата кариера ќе ја продолжи во данскиот клуб Федериција, од каде потврдуваат дека веќе имаат договор со ракометарот во траење од две години.

Данскиот бек во тимот од Битола пристигна во октомври минатата година, и со своето искуство и одлични игри стана големо засилување за екипата.


Леонардо Дутра Фереира е нов ракометар на Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961, соопшти дека ја засили екипата со доведување
на бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира.
26-годишниот бек Фереира, потпиша договор со Вардар до крајот на сезоната, со можност за
продолжување на истиот и наредната година.
Дутра е ракометар со големо искуство кој претходно има настапувано за Висла Плоцк и Куенка од
Шпанија, а во тимот од Скопје доаѓа од екипата на Ла Риоха.


Лазаров ги собра репрезентативците пред Мундијалот во Полска и Шведска

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска во хотелот „Александар Палас“ ја има прват апрозивка на ракометарите повикани за настап на Светското првенство кое од 11 јануари следната година ќе се одржи во Шведска и Полска.

Македонија е во група со Норвешка (13 јануари), Холандија (15  јануари) и Аргентина (17 јануари), а предводникот на нашиот најдобар национален тим во рамките на подготовките на располагање ќе има 23 имиња.

Според планот нашите момци денес заминуваат во Маврово каде е предвидено да одиграат два пријателски натпревари против Црна Гора.

Пред Нова година ќе се вратат во Скопје, а на трети јануари ќе се одигра мечот на деценијата, по што следниот ден заминуваат во Хрватска каде ќе бидат дел од „Кроација Купот“.


Еурофарм Пелистер 2 ја прекина соработката со Дејан Кукулоски

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2, на спогодбен начин ја прекина соработката со ракометарот Дејан Кукулоски. 

24-годишниот Кукулоски имаше договор со клубот од Битола до јуни 2023 година, но двете страни се одлучија да стават крај на неговиот престој во клубот.

Дејан Кукулоски пристигна во Битола во 2020 година, и настапуваше за Еурофарм Пелистер. Оваа сезона ја мина во дресот на Еурофарм Пелистер 2 со кого обезбеди пласман во плеј-оф разигрувањето. Нов клуб на ракометарот ќе биде екипата на Брно од Чешка.


Полски противник за ракометарките на Ѓорче Петров

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров, во осминафиналето од Европскиот куп ќе игра против полската екипа ЈКС Јарослав 

Денешната ждрепка во Виена се покажа погодна за ѓорчепетровки, ако се суди по досегашните резултати на Јарослав оваа сезона. Тоа е екипа која се наоѓа на претпоследното место во полската лига со ефект од две победи и седум порази.

Во минатото трето коло од европскиот куп убедливо го надигра португалскиот Алвариум (претпоследна во Португалија), а предходно оствари победа и пораз против Венло од Холандија.

Првиот натпревар се игра на 7 или 8 јануари во Полска, а реваншот една недела подоцна во Скопје. Ѓорче Петров досега нема пораз во четирите натпревари од Европскиот куп. Одиграа нерешено и го совлада Тор, на Исланд, а потоа двапати беше убедлив против Румс јагс од Австрија.


Валтер: Освоениот бод може многу да му значи на Пелистер во расплетот од групата

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Пелистер, одигра нерешен натпревар 29:29, на домашен терен во Битола, против шпанската екипа Бидасоа Ирун.

Освоениот бод против Бидасоа во рамките на Европската лига, го приближи Пелистер на чекор до пласман во нокаут фазата од ова натпреварување.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, после натпреварот изјави дека освоениот бод може да биде многу важен во расплетот на групата.

„Благодарност до публиката која што дојде на трибините и ни даде поддршка која што многу ни значеше. Добро го почнавме натпреварот, одлично трчавме без топка и имавме поволен резултат. Но, во вториот дел се почувствува тоа што Хосни не тренираше еден месец, исто така и Дејвис, Хенеберг после болест немаше енергија, а се повреди и Кукоски. Па падот во нашата игра беше очекуван. Но и покрај сите проблеми успеавме да се вратиме и да освоиме бод. Како што рече мојот колега, овој бод може многу да значи во понатамошниот расплет во групата. Мислам дека сме на правиот пат. Ако денес овој бод изгледа како лош резултат, сигурен сум дека за неколку дена ќе изгледа многу подобро“, изјави Валтер.


Валтер: Не сакам да барам изговори, но бевме премногу уморни

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер забележа убедлив пораз на гостувањето во Шпанија кај Бидасоа Ирун со 32:20.

Ракометарите на битолскиот клуб дуелот со Бидасоа во рамките на Лига Европа, го започнаа солидно и играа доста добро во првите петнаесет минути од средбата, но потоа настапи голем пад во нивната игра, што домаќинот од Шпанија одлично го искористи. Бидасоа уште при крајот на првото полувреме оствари одлична разлика која успеа да ја задржи до крајот на средбата.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, после натпреварот истакна дека уморот и повредите на неколку играчи се главна причина за поразот од Бидасоа.

„Бевме премногу уморни, а ракометарите на Бидасоа одиграа моќно. На минатите натпревари се соочивме со многу повреди и тоа ни донесе многу проблеми. Ова не треба да биде изговор за поразот, но овај натпревар ни дојде премногу. Моите играчи го направија тоа што можеа на теренот. Сега ни останува добро да се одмориме и да бидеме целосно подготвени за следниот натпревар“, изјави Валтер.

Следен натпревар за Еурофарм Пелистер во Лига Европа ќе биде реванш дуелот со Бидасоа Ирун кој ќе се игра следниот вторник во Битола од 20:45 часот.


Хосни после повредата повторно во тимот на Еурофарм Пелистер

Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Усама Хосни, повторно се врати во ростерот на екипата, и отпатува во Дизелдорф за мечот со Мотор Запорожје во Лига Европа.

Хосни се повреди на дуелот со Агуаш Санташ во Португалија, и пропушти четири натпревари во првенството и Лигата на Европа. 

Тој сигурно нема да добие голема минутажа од тренерот Валтер, меѓутоа радува неговото опоравување и поддршката која ќе ја даде на пелистерци на гостувањето во Германија.