Дика Мем ќе го прескокне Светското клупско првенство
Десниот бек имаше проблем со рамото, а деталните прегледи само ги потврдија стравувањата дека повредата е сериозна. Според информациите Дика Мем има мало изместување на десното рамо и ќе мора да пропушти неколку натпревари на Барса.
Конкретна прогноза околу паузата не беше наведена, но каталонските медиуми објавија дека Мем нема да може да настапи на претстојното светско клупско првенство, што од 27 септември до 3 октомври ќе се одржува во Каиро, Египет.
Флензбург го купува најдобриот светски ракометар?
Како што пренесува германскиот весник „Билд“, најдобриот светски ракометар за 2023 година Матијас Гидсел, би можел да ги засили редовите на Фленсбург од 2026 година.
Ракометарот од Данска има валиден договор со актуелниот вицешампион во Бундеслигата, Фиксе Берлин до летото 2028 година.
Заминувањето на одличниот десен бек секако би било голема загуба за „лисиците“, но и Фленсбург би требало да понуди голема сума на пари, што веројатно би претставувало рекорден трансфер во светот на ракометот.
Ристевски: Го исполнив мојот детски сон да заиграм во ЛШ
Само пред две седмици екипата на Еурофарм Пелистер од Битола го промовираше новиот дрес со новиот млад ракометар, Самоил Ристевски, пред официјалниот старт на сезоната и натпревар од Суперкупот, а таа вест не наиде на некое големо внимание, туку како нормално продолжување на кариерата на еден млад ракометар.
Во средата младиот Самоил го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампиони во Битола, против големиот Фуксе Берлин, каде постигна три гола, а таа вест се најде на сите насловни страници. Како дебитант од страна на клубот беше одреден да биде дел од официјалната прес-конференција по завршувањето на напреварот од Лигата на шампиони. Скромниот Самоил си го кажа исполнувањето на својот детски сон.
„Да играш во Лигата на шампионите е сон за секое дете кое игра ракомет. Секако денес Фуксе беше подобар и мислам дека собравме искуство од овој меч. Се надеваме на подобри игри во следните натпревари“, изјави кратко Ристевски.
Тинејџерот од Битола, пивотот Самоил Ристевски е младински репрезентативец на Македонија.
Писонеро промовиран во нов селектор на Израел
Некогашниот тренер на ракометниот клуб Вардар Давид Писонеро и официјално е селектор на машката репрезентација на Израел и ќе ја води во квалификациите за Европското првенство во 2026 година.
Израел ќе биде во група со Полска, Португалија и Романија на патот до пласман на континенталниот собир 2026 година во Шведска, Норвешка и Данска.
Веспрем преговара со Дика Мем
Францскиот ракометен репрезентативец Дика Мем од следната сезона би можел да го облече дресот на унгарскиот шампион Веспрем.
Од таборот на Веспрем се подготвени да платат оштета за да го донесат десниот бек во своите редови.
Мем од сезона 2016/17 е член на Барселона и со каталонскиот гигант трипати ја освојуваше титулата во ракометната Лига на шампиони.
Скубе сериозно се повреди и го чека долга пауза
Словенечкиот ракометар Сташ Скубе заработи потешка повреда поради која го очекува подолга пауза од ракометните терени.
На тренинг на екипата на Монпелје словенечкиот среден бек ги скина предните вкрстени лигаменти повреда која ќе го одалечи од терените најмалку шест месеци.
Да подсетиме Сташ Скубе беше дел од Вардар од 2018 до 2020 година. Словенецот беше еден од хероите во освојувањето на втората шампионска титула и еден од носителите на играта на македонскиот тим во тоа време.
Пер Јохансон не е повеќе селектор на Холандија
Шведскиот ракометен стратег Пер Јохансон не е повеќе селектор на женската репрезентација на Холандија.
Договорот на Јохансон истекуваше во 2026 година, но според Швеѓанецот тешко е да со комбинира репрезентативната работа со обврските во унгарскиот гигант Ѓер каде самиот ја наведе причината за раскивање на соработката.
Холандската федерација сега бара негов заменик пред стартот на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Готфридсон од следната сезона се сели во ПИК Сегед
Шведскиот ракометар Џим Готфридсон реши да замине од Флензбург и кариерата ќе ја продолжи во Унгарија.
Готфридсон потпиша тригодишна соработка со ПИК Сегед. Искусниот бек стана икона на Флензбург, меѓутоа по вкупно 12 сезони во германскиот клуб реши да ја смени средината и да потпише за унгарскиот тим.
Готфридсон потпиша со ПИК Сегед од следното лето, до кога има договор со Флензбург.
Виран Морос замина во ракометна пензија
Легендарниот шпански ракометар Виран Морос заминува во играчка пензија. Шпанецот последните две сезони ги мина во швајцарскиот Фади Винтертур пред и официјално каже збогум на ракометот.
Морос има три титули во Лигата на шампионите со Сиудад Реал и Барселона, а со националниот тим освои осум медали од кои три од нив беа златни.
Морос настапуваше од Барселона, Теукро, Адемар Леон и Сиудад Реал во Шпанија, како и за францускиот ПСЖ, германскиот Фуксе Берлин и швајцарскиот Винтертур.
Познати групите за Светското клупско првенство во ракомет
Светската куќа на ракометот ИХФ ги извлече трите групи за Светското клупско првенство кое ќе се одржи во Египет.
Група А: Веспрем (Унгарија), Замалек (Египет), Таубате (Бразил)
Група Б: Барселона (Шпанија), Ал-Ахли (Египет), Сиднеј Универзитет (Австралија)
Група Ц: Магдебург (Германија), Калеј (ОАЕ), Калифорнија Иглс (САД)
Настанот ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври, а бранител на титулата е Магдебург кој е шампион трипати во низа.
Само еднаш во историјата екипа која не е од Европа го освоила турнирот, тоа е во 2002 година кога триумфира Ал-Сад.