ракомет

Веспрем го потврди трансферот на Циндриќ

Лука Циндриќ, во следните две сезони ќе го носи дресот на унгарскиот шампион Веспрем, објави хрватски „Германијак“.

Раководството на Веспрем и Циндриќ се договориле на двегодишна соработка, а активирана е клаузулата во која стоеше дека Хрватот може да си оди од Динамо Букурешт ако си замине и Пасквал.

Искусниот среден бек во изминатата сезона настапуваше за амбициозниот проект, со тимот од Романија играше во второто по ранг европско клупско натпреварување, Европската лига.


Кил го враќа Волф во Бундеслигата

Весникот „Билд“ објави дека Кил испратил и официјална понуда до Киелце. Во неа, германскиот гигант нуди 600.000 евра за потписот на Андреас Волф, плус како дел од трансферот да го испрати својот прв голман Белосен во Киелце.

Французинот имаше низа одлични настапи на голот на „зебрите“ и би ја имал улогата на прв голман и кај Душебајев, па останува да се види одговорот на Полјаците, кои се соочуваа со сериозни финансиски проблеми во минатото и продажбата на Волф може да намали дел од главоболките на челниците на Киелце.


Србинот Ѓукиќ претставен во Букурешт

Искусниот ракометар и раководството на Динамо Букурешт се договорија на соработка, која ќе биде со важност од една сезона.

Србинот со своето големо искуство би требало да биде еден од главните адути на тренерот Давид Дејвис.

Ѓукиќ и Дејвис соработуваа во Вардар, па така десното крило нема да има никаков проблем да се прилагоди во системот на Шпанец.


Еурофарм Пелистер ќе игра на турнирот на шампионите во Добој

Македонскиот машки ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе
учествува на популарниот „Турнир на шампионите“ кој ќе се игра
во Добој, Босна и Херцеговина.
Турнирот ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а на
натпреварувањето ќе учествуваат и Веспрем, Татабања,
Бешикташ, Загреб, Војводина, Слога и Ал-Ахли.
Пелистер во минатото двапати го освојуваше популарниот турнир,
и тоа во 1996 и 1997 година.


Хрватот Брозовиќ пред потпис со Динамо Букурешт

Романскиот  ракометен шампион Динамо Букурешт договори уште едно засилување пред стартот на новата сезона.

По Бранко Вујовиќ, Ханиел Лангаро, Јонут Јанку и тренерот Давид Дејвис, најново име на листата засилувања е хрватскиот кружен напаѓач Илија Брозовиќ.

Брозовиќ е искусен ракометар, доаѓа од Хановер, а претходно беше дел од Загреб и Кил, а со неговото доаѓање станува јасно дека нова средина ќе си бара белорускиот пивот Вјачеслав Бокан.


Миклер добива нов договор во ПИК Сегед

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед ја продолжи соработката со искусниот голман Роланд Миклер и за наредната сезона.

Иако се шпекулираше со негово заминување во Ференцварош или Ѓер, сепак тоа нема да биде случај, барем не ова лето.

За разлика од штотуку завршената сезона, Миклер ќе има друг партнер на голот, откако Емил Инсгард заминува од ПИК Сегед по само една сезона.

Тој ќе настапува за новиот суперлигаш во Данска, ХОЈ, кој меѓу другите засилувања, го донесе и легендарниот Ханс Линдберг. Миклер ќе брани во тандем со шведскиот репрезентативец Тобијас Тулин.


Порто му врачи отказ на Карлос Резенде

Португалскиот тим Порто објави дека се разделува со тренерот на тимот Карлос Резенде, кој дојде минатото лето.

Рекордерот по бројот на натпревари одиграни за Португалија (250), го смени на клупата Магнус Андерсон, но не освои ниту еден трофеј сезоната.

Порто не успеа да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, беше втор во првенството и финалист на Купот на Португалија.


Брајтон именува анонимен Германец за наследник на Де Зерби

Роберто де Зерби на крајот од сезоната го напушти Брајтон и со тоа стави крај на одличниот период во клубот од јужна Англија.

Италијанскиот струaтег е минато, а сегашноста и иднината на Брајтон е 31-годишен тренер кој пристигнува од Германија и за кого никој не ни помислуваше дека ќе добие прилика во Премиер лигата во овој момент.

Станува збор за Фабијан Хирцелер. Германските и британските медиуми пренесуваат дека двете страни веќе имаат вербален договор и преостанува само уште да се договорот клубовите што не би требало да претставува проблем.

Хирцелер привлече внимание откако сезонава успеа Сент Паули да го внесе во Бундеслигата.


Шего означи крај на богатата ракометна кариера

Хрватскиот голман Марин Шего става крај на кариерата. Последниот натпревар Шего го бранаше во поразот на Гепинген од Гуерсбах во последното коло од Бундеслигата.

Низ кариерата Шего бранеше за Меѓугорје кој беше негов прв клуб, потоа беше дел од Мостар, Чаковец, Загреб, Висла, Кјелце со кој ја освои Лигата на шампионите во чудесното финале во 2016 година во Ланксес Арената, ПИК Сегед и Монпелје.

„Траеше долго, скоро 22 години професионална кариера. Петнаесет години настапував во Лигата на шампионите, четири во ЕХФ Лигата на Европа. Започнав да се занимавам со ракомет на девет години, Поминав шест лиги, променив многу држави, тренери, имаше се и се што. Многу фактори влијаела на одлуката да ставам точка. Семејството многу пати патеше поради мене. Сакам и децата да се вратат и да бидеме сите заедно во Меѓугорје. Презадоволен сум со она што го постигнав“, изјави Шего за специјализираниот портал за ракомет „Балкан-хендбол“.


Пасквал го води со себе Циндриќ во Веспрем

Некогашниот ас на Вардар и Металург, Лука Циндриќ, би можел во новата сезона да го облече дресот на унгарскиот гигант Веспрем.

Според информациите во повеќе романски и унгарски медиуми, хрватскиот репрезентативец ќе му се придружи на шпанскиот стратег во Унгарија.

Тој има клаузула во договорот што му овозможува да си замине и пред истекот, па тоа веројатно ќе биде искористено.