Репрезентативецот на Црна Гора, Божо Анџелиќ е новото засилување во екипата на Вардар за следната сезона.
30-годишниот Црногорец игра на позицијата среден бек, а во Вардар пристига од тимот на Ференцварош од Унгарија.
Договорот со Анџелиќ е потпишан на една сезона, со можност за продолжување на уште една. Тој е второ засилување на тимот за следната сезона, после Словенецот Цехте.
Манасков со демант за неговиот премин во Динамо Букурешт
Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, ги демантираше информациите дека заминува во Романија и од следната сезона ќе го облече дресот на Динамо Букурешт.
Манасков во моментот е на опоравување од тешката повреда, и јасно е дека по завршувањето на сезонава, тој ќе си замине од тимот на Веспрем, каде беше член изминативе пет години.
Не е познато каде Манасков ќе ја продолжи својата ракометна кариера, но самиот тој истакнува дека тоа нема да биде Романија и Динамо Букурешт.
Кузмановски повторно во тимот на колото на ракометната Бундеслига
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, игра во одлична форма за својот тим Хановер, па така тој по втор пат се најде во идеалниот тим на колото во германската Бундеслига.
Кузмановски, своето место во идеалниот тим и местото најдобар среден бек го заслужи со извонредната партија во победата на гостински терен против Мелсунген. Нашиот репрезентативец постигна шест гола и запиша неколку одлични асистенции.
Познати саатниците на македонските ракометарки за ЕП во ноември
Македонската женска ракометна репрезентација по подолга пауза повторно ќе биде дел од едно големо натпреварување.
Нашата селекција на Европскиот шампионат што ќе се одржи кон крајот на годината и како еден од домаќините мечевите ќе ги игра во Скопје, а сите три натпревари почнуваат во ист термин во 18:00 часот.
Во првиот дуел на петти ноември се среќаваме со Франција, два дена подоцна противник ни е Холандија додека на во последното коло од првата фаза на деветти ќе се соочиме со Романија.
Почетокот на натпреварите во вечерниот термин во Скопје е закажан за 20:30 часот.
Сите три натпревари македонската репрезентација ќе ги игра во А1 арената Борис Трајковски.
Скопје ќе биде домаќин и на една од двете групи во Главната рунда, а овие мечеви се играат во периодот од 11 до 15 ноември додека завршницата и дуелите за медали ќе се игра во Љубљана.
Јагуриновски се врати од Исланд и потпиша за Пролет
Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски е првото засилување на тимот на Пролет 62 за наредната сезона. За одличниот десен бек беа заинтересирани уште неколку екипи, но раководството на Пролет успеа да го убеди Јагуриновски во квалитетот на проектот планиран за наредната сезона, по што на обострано задоволство беше потпишан договор за соработка.
Јагуриновски доаѓа во Пролет од редовите на исландскиот клуб Тор, каде настапуваше во одлична форма под водство на тренерот Стевче Алушовски. Репрезентативецот, кој претходно во кариерата ги бранеше и боите на Металург и на Вардар, а сега се одлучи да настапува за Пролет.
„Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера“, изјави директорот на РК Пролет, Сашо Огњеновски.
Томислав Јагуриновски беше дел од македонската репрезентација што оствари голем успех со пласманот на СП 2022.
Извлечени паровите од полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа извлекување на полуфиналните парови од Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.
14.05.2022 17:00 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЖРК ЧАИР
15.05.2022 17:00 часот ФИНАЛЕ
Натпреварите ќе се одиграат во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
Филип Миркуловски доби признание од Агенцијата за млади и спорт
Сега веќе поранешниот македонски ракометен репрезентативец Филип Миркуловски, беше гостин на Агенцијата за млади и спорт , каде беше примен од страна на директорот Наумче Мојсовски кој му врачи признание за особен придонес во афирмација на ракометот.
На средбата помеѓу двата некогашни клупски и репрезентативни колеги беше потенцирано значењето на пласманот на Светското првенство кое пред неколку дена го обезбеди нашиот национален тим.
Лазаров: Чешка ќе биде подобра во Скопје отколку во Злин
Македонската ракометна репрезентација во Скопје ги прави и последните подготовки за одлучувачкиот меч со Чешка на патот до СП на стартот на следната година. Селекторот Лазаров, по ремито во Злин вели дека ги чека тежок меч.
„Ние сме задоволни како одигравме, иако можеше многу подобро резултатски. Меѓутоа, по две ноќи, можам слободно да кажам дека Чешка малку нè потцени, без да ги оспорам нашите играчи, напротив сакам да ги пофалам, затоа што дадовме еден екстра квалитетн натпревар, можеби еден од подобрите во изминативе неколку години. Затоа очекувам уште поквалитетна, уште поцврста Чешка и уште поподготвена тактички и стратегиски. Не ме плаши воопшто, меѓутоа треба да бидеме внимателни и сме внимателни засега“, изјави Лазаров.
Дуелот со Чешка се игра денес шред полна арена „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.
Миркуловски: Сакам победа над Чешка за крај на мојата репрезентативна кариера
Ракометната репрезентација на Македонија, на домашен терен го игра реваншот против Чешка за пласман на Светското првенство во 2023 кое ќе се одржува во Шведска и Полска.
Првиот натпревар во Чешка заврши со нерешен резултат 24:24. Ова ќе биде последен натпревар за Филип Миркуловски во репрезентативниот дрес.
„Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата, и очекувам доста емоции. Ќе се обидеме да завршиме со среќен крај. Да победиме и да се пласираме на Светското првенство“, изјави Миркуловски.
Сабате: Мора да бидеме задоволни со реми против Македонија
Хавиер Сабате мораше да биде задоволен од конечниот исход на мечот со Македонија. Посебно ако се знае дека неговата селекција имаше негатива од 7 гола разлика.
По нерешениот резултат (24-24) во првиот бараж натпревар за Светското првенство (СП) во 2023 година, шпанскиот стратег го анализираше мечот.
„Македонија и Лазаров не не изненадија со играта. Во денешниот ракомет се се знае, едносавно немаме многу време да бидеме заедно и да тренираме, но сега се се следи. Мислам дека на крајот мора да бидеме задоволни со нерешеното. Во еден момент Македонија имаше седум разлика и ремито за нас е добро. Имавме многу едноставни и технички грешки. Нашата игра во нападот не функционираше и затоа резултатот е добар. Сега мора да се рекуперираме и да одиме во Македонија на победа ако сакаме да играме на СП“, изјави Сабате по натпреварот.