ракомет

Македонија против Луксембург без Манасков

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија Кире Лазаров нема да може да смета на Дејан Манасков на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2024.година.

Левото крило на Вардар се здоби со повреда на првенствен натпревар со својот тим, и ќе мора да паузира одреден период, па така тој нема да настапи на натпреварот против Луксембург кој се игра на 12.октомври во Скопје.

Од таборот на репрезентацијата се надеваат дека Манасков ќе се опорави од повредата и ќе биде подготвен за дуелот од второто коло со селекцијата на Турција кој е закажан за 15.октомври на гостински терен.


Зорман со многу проблеми ќе ги чека евро-квалификациите

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Словенија, Урош Зорман пред неколку дена го објави списокот на играчи за подготвителниот период пред квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2024 година.

Зорман одлучи да го прошири списокот пред двата квалификациски натпревари и да повика дополнително уште тројца играчи. На местото на повредените Гашпер Маргуч, Борут Мачковшек и Тадеј Мазеј, словенечкиот стратег реши да ги повика Домен Новак, Алекс Кавчич и Дарко Цингесар.

Зорман и неговите избраници на 9 октомври ќе го имаат првиот собир, додека на 13 и 16 октомври ќе ги одиграат првите квалификациски натпревари против БиХ, односно Косово. Ракометарите на Словенија и на двете средби важат за големи фаворити.


Гребој го продолжи договорот со ПСЖ

ПСЖ објави дека ја продолжува соработката со Матје Гребиј. Искусниот репрезентативец на Франција во тимот на „светците“ ќе остане уште две сезони, односно до јуни, 2025 година.

Гребиј во ПСЖ пристигна во текот на 2020 година од поранешниот европски првак Монпелје, клуб со кој во сезона 2017/18 ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци за својот тим во најквалитетното европско натпреварување и сезоната ја заврши со 32 постигнати погодоци во мрежата на противниците.


Познати противниците на Еурофарм Пелистер во Лига Европа

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ги доби противниците за новата сезона во Лига Европа.

Битолчани се наоѓаат во Д-групата каде ќе ги одмерат силите против екипите на Фуксе Берлин од Германија, Мотор Запорожје од Украина, Бидасоа од Шпанија, Скандерборг од Данска и Агуаш Санташ од Португалија.

Еурофарм Пелистер првиот натпревар ќе го одигра на 25.октомври во Битола против данскиот Скандерборг.


Раде Стојановиќ ќе биде тренер на ракометен клуб од Катар

Македонскиот тренер Раде Стојановиќ својата кариера ја продолжува надвор од Македонија и ќе го води ракометниот Спорт Клуб од Катар.

Стојановиќ неодамна со кадетската ракометна репрезентација на Македонија постигна голем успех освојувајќи го ЕХФ шампионатот во Рига, што сигурно му ги отвори вратите за пронаоѓање на неговиот прв интернационален ангажман.


Бутел не се пласира во ракометната Лига на Европа

Ракометниот клуб Бутел не успеа да избори учество во групната фаза од Лигата на Европа, откако екипата загуби и на реваншот со тимот на Алпла Хард од Австрија кој се одигра во Скопје. Конечниот резултат на реванш дуелот беше 25:21 за гостите од Австрија.

Иако играчите и стручниот штаб на македонскиот претставник најавуваа бркање на негативата од првиот дуел одигран во Австрија, сепак тимот се прикажа во слабо издание и на овај натпревар пред домашната публика и заслужено беше елиминиран од европските натпреварувања.


ЕХФ ја проширува Лига Европа на 32 тима

Бројот на тимови кои ќе настапуваат во ракометната Лига Европа од следната сезоната ќе се зголеми од 24 на 32 екипи, а ќе има измени и во форматот на квалификации.     

Таква одлука денеска  донесе Извршниот одбор на Европската ракометна федерација (ЕХФ) на редовниот конгрес во Луксембург. Групната фаза во Европската лига од сезоната 2022/23 ќе брои 32 екипи, а ќе се игра само едно квалификациско коло. Во новиот состав фиксно место во групите ќе имаат 16 екипи, а уште 16 екипи ќе им се приклучат преку квалификациското коло. 

Извршниот одбор на ЕХФ, исто така, ги одобри регионалните лиги – СЕХА, Балтичката лига, Лига БЕНЕ и МОЛ лигата.


Крај на сезоната за Ѓукиќ

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 се соочува со дополнителни проблеми откако десното крило Дарко Ѓукиќ заработи повреда која ќе го оддалечи од теренот подолг период.

Ѓукиќ повредата ја заработи на првенствен натпревар против тимот на Прилеп. После извршените детални прегледи беше констатирано дека тој ги скинал вкрстените лигаменти на коленото и ќе мора да паузира најмалку осум месеци.

Тешката повреда значи крај на сезоната во Вардар, но и неиграње за репрезентацијата на Србија на Светското ракометно првенство кое е закажано за јануари во Полска и Шведска.


Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите со Костески и Кузманоски

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ја продолжи соработката со репрезентативните крила Ненад Костески и Цветан Кузманоски.

Двајцата играчи кои се со потекло од Струга веќе трета сезона се во Битола. Костески е стандарден член на тимот, додека Кузманоски оваа сезона од Еурофарм Пелистер 2 беше повикан во Еурофарм Пелистер каде се приклучи на останатите ракометари предводени од тренерот Ларс Валтер.

Битолскиот клуб преку потписот со двајцата млади ракометари кои ќе останат во тимот најмалку до 2025 година, обезбеди одлично покривање на крилните позиции за во иднина.


Проблеми за Вардар 1961: Ѓукиќ заработи сериозна повреда

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Вардар 1961, во наредниот период ќе има дополнителни проблеми во екипата, откако крилниот ракометар Дарко Ѓукиќ заработи повреда која најверојатно е од посериозен карактер.

Ѓукиќ со повредата се здоби во натпревар од домашната Супер лига против екипата на Прилеп. Тој при незгоден доскок го повреди коленото и стравувањата се дека станува збор за оштетување на предните вкрстени лигаменти за што следува долга пауза за опоравување.