останато

Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш.

„Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско пливање. Има учествувано на 107 натпревари од светска класа во кариерата што траеше од 2007 до 2021 година. Неверојатно пливање Евгениј…..и благодарност до целиот екипаж на бродот“, се вели во информацијата на Асоцијацијата на пливање преку каналот Ла Манш.

Пред Поп Ацев од македонските пливачи Ла Манш го препливаа: Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.


Марк Маркез се избори за пол-позиција и во Унгарија?

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше најбрз во квалификациите на патеката Балатон Парк во рамките на трката за Големата награда на Унгарија во Мото ГП шампионатот.

Освојувачот на титулата во „кралската класа“ во шест наврати го направи најбрзиот круг и со тоа го заслужи стартното место на утрешната трка.

Од првиот ред ќе стартуваат и Италијанците Марко Безеки (Априлија, +0.290) и Фабио ди Џанантонио (VR46, +0.354).

Маркез ја освои 74-тата пол позиција во својата кариера, а постави и рекорд на патеката, каде што Мото ГП се вози за првпат.


Малезија ја враќа трката во Формула 1 во календарот

Големата награда на Малезија на патеката во Сепанг се возеше од 1999 до 2017 година и беше една од омилените на многу фанови во караванот.

Сега веќе долго време е отсутна од календарот, но постои иницијатива да се врати.Директорот на патеката, Азан Шафриман Ханиф, рече дека нема да биде лесно, Формула 1 да се врати во Малезија.

„Не сакаме да ги повториме грешките од минатото. Дозволивме Формула 1 да си оди и сега е многу тешко да се вратиме. Има листа на чекање за враќање, а секако трошоците се многу високи.

Ни беше кажано дека компензациите се 70 милиони долари по трка. Тоа не ги вклучува трошоците за подготовка, кои се помеѓу 2,3 и 4,7 милиони долари за секој настан. Вкупно, враќањето на трката би нè чинело повеќе од 73 милиони“, рече Шафриман.


Драконска казна заради допинг за украинска атлетичарка

Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук, вицешампионка на светот во трискок и скок во далечина, е суспендирана на четири години поради допинг, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (АИУ).

„АИУ ја суспендира Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“, се вели во соопштението објавено на мрежата „X“.

29-годишната Бех-Романчук била позитивна на тестостерон, анаболичен стероид, на тест спроведен на 7 декември 2024 година. Привремено била суспендирана во мај оваа година.

Во својата кариера, таа освоила сребрени медали на светските првенства – во трискок во Будимпешта во 2023 година и во скок во далечина во Доха во 2019 година.


Голем подвиг на одбојкарите, ја совладаа Грузија и пак ќе играат на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026.

Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство.

„Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3-0, по сетови 25-13, 25-16 и 25-17.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во Ф-групата и како една од петте најдобро второпласирани селекции во квалификациите одат на ЕП 2026.


Моторот на Ники Хајден ставен на аукција

На престижната аукција на „Сотбис“ во Монтереј овој викенд, ќе биде понуден „Дукати Десмоседичи ГП8“ од 2008 година, во специјална ливреја со мотиви од знамето на Соединетите Американски Држави, управуван од легендарниот Ники Хејден.

Моторот, кој моментално е во „шоу мотор“ состојба би можел да се врати на патеката со соодветните делови.

Тоа е уникатен примерок од инвентарот на моделите ГП7 и ГП8, со компоненти набавени директно од фабричкиот тим на Дукати во 2010 година.

Хејден го тестираше овој мотор веднаш по завршувањето на сезоната во Мото ГП во 2008 година, пред да премине од Хонда на Дукати и да формира силен тандем со Кејси Стонер.

Овој модел носи дополнителна доза на историско значење, нема ознаки на спонзор бидејќи се користел во преодниот период помеѓу заминувањето на Хејден од Хонда и неговото доаѓање во Дукати, што го прави уште попривлечен колекционерски предмет денес.

Рамката на мотоциклот е изработена во јули 2008 година, а има и нов, неискористен блок на моторот и резервоар за гориво користен за трки.

Аукциската куќа очекува голем интерес, особено кај фановите на „Кентаки Кид“ кој трагично загина во 2017 година.


Твојата игра започнува сега! Ваучер од 200 денари за ново извадена Евротип клуб картичка

Евротип започнува нова промотивна кампања наменета за сите нови корисници кои сакаат да станат дел од најпопуларната платформа за спортско обложување во Македонија.

Почнувајќи од сабота, 16 август 2025 година, секој ново-регистриран корисник ќе добие ваучер во вредност од 200 денари, кој може да го искористи веднаш по регистрацијата.

Како да добиеш ваучер?
1.   Посети ја најблиската обложувалница на Евротип
2.   Изврши нова регистрација
3.   Веднаш искористи ја твојата активна клуб картичка

Зошто да ја имате Евротип Клуб картичката:
1.   Максимална исплата до 10.000.000 денари – добивате можност за највисока исплата на пазарот.
2.   777% бонус на одиграни натпревари – добивате зголемен бонус за повеќе одиграни парови.
3.   Најдобрата програма за лојалност на пазарот – собирајте поени и користете ги за ексклузивни поволности. https://ksgroup.mk/loyalty/
4.   Исплата на тикет со еден промашен пар (Cash Back) – ако промашите само еден пар, добивате поврат на средства.
5.   Преглед и историја на одиграни тикети – следете ги сите ваши претходни тикети преку картичката.
6.   Можност за креирање на тикети на картичка за брза уплата – побрзо и поудобно обложување со однапред креирани тикети.                     
За сите детали и дополнителни информации и промоции, посетете го официјалниот блог на Евротип:    https://blog.evrotip.mk/blog2/e-info/


Нов светски рекорд на Дуплантис, летвичката поместена на 6,29

Швеѓанецот Арман Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап со скок од 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта.

На 25-годишна возраст, Дуплантис го собори светскиот рекорд по 13-ти пат, трет пат во 2025 година по Клермон-Феран (6,27 м) во февруари и Стокхолм (6,28 м) во неговата татковина на 15 јуни.

Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку шест местри и повеќе (6,13 м во Острава, Чешка, 6,00 м во Јуџин, Орегон и 6,05 м во Монако).

Дуплантис ја забележа својата 33-та натпреварувачка победа и е непоразен од Монако на 21 јули 2021 година.


Перез и Ботас ќе возат за „Кадилак“

Новиот Формула 1 тим „Кадилак“ сè уште не го потврдил составот на возачи за својата дебитантска сезона. Според најновите информации, во игра се двајца возачи со големо искуство и победничко педигре.

„Џенерал моторс“ ќе влезе во Формула 1 во 2026 година како 11-ти тим под луксузниот бренд „Кадилак“. Дебито ќе се одржи во моментот кога новите технички правила ќе стапат во сила, а проектот е заеднички потфат на „Џенерал моторс“ и „ТВГ“.

Иако составот на возачите сè уште не е потврден, медиумите наведуваат неколку можни кандидати. Меѓу имињата се Серхио Перез, Валтери Ботас, Мик Шумахер, Жу Гуанжу и Фелипе Друговиќ, како и американските возачи Зак Крофорд и Колтон Херта.

Сепак, според некои извори првиот избор на новиот Ф1 тим се искусните Перез и Ботас.


Андреас Трајковски блесна во скок во далечина во Сестриере

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои третото место во скок во далечина на митингот во Сестриере, Италија. Тој во последната серија имаше скок со должина од 7.87 метри, но со недозволен ветар од +3.8 м/с.

Македонскиот атлетичар имаше во сите шест серии успешни скокови.

1 обид – 7.64 метри (-1.9)

2 обид – 7.69 метри (+0.4)

3 обид – 7.61 метри (-1.1)

4 обид – 7.57 метри (+0.5)

5 обид – 7.61 метри (+3.7)

6 обид – 7.87 метри (+3.8)

Првото место му припадна на Кристијан Пули од Финска со скок со должина од 8.06 метри, истата должина ја имаше и второпласираниот Мариус Вадеикис од Литванија, но со послаба серија.