останато

Катинка Хосу ја заврши богатата пливачка кариера

Трикратната олимписка шампионка, пливачката Катинка Хосу од Унгарија, објави дека се повлекува од професионалното пливање.

„Објавувам крај на кариерата. Благодарност до сите што учествуваа во мојата кариера. Триесет години базенот ми беше дом, прибежиште каде наоѓав утеха и сила. Како што напредуваше мојата пливачка кариера, од љубопитно дете станав една од најуспешните пливачки во историјата. Гледајќи наназад, чувствувам огромно задоволство. Медалите и рекордите се бесценети, но најважно е мојата неуморна љубов кон пливањето“, напиша Хосу на социјалните мрежи.

Пливачката исто така додаде дека во наредните години сака да ја сподели оваа страст со другите – да ги научи младите пливачи на магијата што ја пронашла во водата. За неа, пливањето е повеќе од спорт, тоа е доживотно патување исполнето со љубов, раст и стремеж кон извонредност.

Хосу е 26-кратна светска шампионка и 35-кратна европска првенка.


Колапинто нов возач на Алпин

Резервниот возач на Вилијамс, Франко Колапинто, ќе му се приклучи на тимот на Алпин. Во исто време, Аргентинецот нема веднаш да стане главен возач на тимот, со оглед на тоа што Џек Дуан ќе ја започне сезоната 2025 заедно со Пјер Гасли. Договорот меѓу Франко и Алпин треба да биде објавен во наредните денови.

Извршниот директор на Алпин, Флавио Бријаторе не ја отфрлил промената во составот во текот на сезоната 2025 година. Присуството на Колапинто треба да го зголеми притисокот врз Дуан.

„Ако тој настапи на или подобро ниво отколку што бара Алпин, нема да има потреба и веројатно нема начин тимот да го замени со Колапинто“, велат извори од тимот.


Алонсо: Навикнат сум да не бидам во најдобриот болид

Двократниот светски шампион во Ф1, Фернандо Алонсо, најде интересна перспектива за борбите на тимот во сезоната 2024 година, поради која Астон Мартин заостанува зад лидерите и се најде на средината на гридот – големо назадување во перформансите на тимот во однос на 2023 година.

-Не ми е тешко да најдам мотивација. Постојано се натпреварувам. И веќе се навикнав да го немам најдобриот болид. За 25 години во спортот ова ми се случи само еднаш – кога возев за Тојота во Светскиот шампионат во издржливост, така што дефинитивно не ми недостасува мотивација, објасни Алонсо.

Шпанецот додаде дека новиот изглед на календарот во Формула 1 со 24 тркачки викенди практично не дозволува ниту еден пилот да се опушти и ако тоа се случи, тогаш тој најверојатно има некои проблеми.


Легендарниот Леб се откажа од релито Дакар

Легендата на рели-спортот, Французинот Себастиен Леб ги заврши своите настапи на релито Дакар 2025 година. Французинот се преврте во третата етапа и загуби повеќе од еден час од своите ривали.

По финишот се покажа дека е оштетен заштитниот кафез на автомобилот Дачија. Во согласност со правилата на ФИА, екипажот не може да ја продолжи трката.

Леб е деветкратен светски шампион во рели кој се уште не го освоил Дакар. Себастијан ја заврши трката на второто место трипати и двапати беше трет.


Саинц по само две етапи се откажа од релито Дакар

Шпанецот Карлос Саинц влезе на релито како актуелен шампион, но 48-часовната втора етапа се покажа како точка од која рели ветеранот не може да го продолжи настапот со својот копилот Лукас Круз.

Саинц се извртел со својот Форд Рептор по излетување од песочна дина со брзина од 327 км/ч, при што го оштетил заштитниот кафез, а стјуардите по деталната истрага процениле дека тој е сериозно оштетен и поради не постојат услови за продолжување на релито.

Оценката на одговорните е дека Саинц и Круз би биле во голема опасност при повторување на сличен инцидент, па го искористиле правото да ја елиминираат шпанската посада од настапот на Рели Дакар.

Негативното сценарио е удар и за Форд, кој се врати на релито со големи амбиции, а веќе имаше проблеми и со Нани Рома, кој и покрај техничките проблеми ќе може да продолжи со настапот во третата етапа.

Поврзани теми


Два бренда прават коалиција: Адидас влегува во Мерцедес

Германскиот производител на спортска опрема најави почеток на повеќегодишна соработка со „Мерцедес“. Тимовите на „Мерцедес“ ќе бидат облечени од глава до пети во „Адидас“ кој ќе ја произведува нивната облека, обувки и сите додатоци. Опремата ќе ја добијат сите – возачи, механичари, инженери…

Јавноста за прв пат ќе види во февруари како изгледа новата опрема на „Мерцедес“.

„Планиравме и неколку лимитирани производи за оваа сезона“, соопштија од „Мерцедес“.

Ова секако е голема промена за самиот „Мерцедес“, кој досега како спонзори на опремата ги имаше „Пума“ и брендот „Томи Хилфигер“.


Чофениг е победник на драмата во „Четирите скокалници“

Австрискиот ски-скокач Даниел Чофениг е победник на овогодишната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Тој пред домашната публика во Бишофсхофен, победи пред сонародниците Херл и Крафт.

Тројцата ги делеа само 1,4 бода во генералниот пласман пред финалниот натпревар. На крајот последната серија приреди невидена драма на турнејата.

Крафт во првата серија вечерва прескокна 136 метри и имаше најголеми шанси да ја дојде до вкупнља победа. Чофениг имаше 136 метри во првата серија, но со нешто полоши оценки, додека во втората серија прелета над 140,5 метри.

Херл, интересно, леташе најдалеку на 140,5 и 143 метри, но немаше добри оценки, особено во втората серија.

Пред последниот скок на Крафт, имаше долга пауза поради ветерот, па тест скокачот мораше да излезе на пистата, што дополнително влијаеше на драматичноста на исходот.

Но и на самиот Крафт, кој во тој мемомет беше лидер и прв фаворит за „Златниот орел“.

Повеќе од 10 минути, влијаеше на Лрафт, скока „само“ 137 метри и победата на турнејата „Четири скокалници“ му припадна на Даниел Чофениг.


Јохауг победничка на женскиот Тур де ски

Норвежанката Тереза ​​Јохауг е победничка на женското повеќедневно натпреварување Тур де ски 2025 година.

36-одишната атлетичарка го освои турнирот по четврти пат во кариерата.

Јохауг се најде на врвот во генералниот пласман со време од 3 часа, 46 минути и 59 секунди.

Норвежанката Астрид Слинд (+47 секунди) го зазеде второто место, а Американката Џесика Дигинс (+2 минути 41 секунда) го зазеде третото место.

Кај мажите, трофејот го освои сонародникот на Јохауг, Јоханес Клебо.

Јохауг е четирикратна олимписка шампионка, 14-кратен светска првенка и трикратна победничка на Светскиот куп.


Хрватката Љутиќ победи на слаломот во Крањска Гора

Хрватската скијачка Зринка Љутиќ е победничка на слаломот од Светскиот куп што се одржа во словенечка Крањска Гора. Ова беше втора последователна победа на 20-годишната Хрватка откако минатата недела славеше во Семеринг, Австрија.

Љутиќ и Швајцарката Венди Холденер го поделија првото место по првото возење. Следеше драматично второ возење, а иако Холденер извозе и одличен втор круг, Љутиќ беше побрза за 16 стотинки за големо славје на армијата хрватски навивачи кои пристигнаа во Словенија.

Третото место го зазеде Швеѓанката Ана Свен Ларсон.

Љутиќ сега е лидер во слалом со 309 бодови, четири повеќе од Швајцарката Камила Руст.


Фред Карли уапсен, спринтерот смирен со електрошок

Поранешниот светски шампион на 100 метри и освојувач на два олимписки медали, американскиот атлетичар Фред Керли е приведен по расправија со полицајци во Мајами.

Инцидентот се случил додека полицијата работела на случај, а Керли се приближил до областа и се обидел насилно да влезе во своето возило, кое било паркирано во близина.

Полицијата тврди дека Керли „се обидел насилно да помине низ двајцата полицајци“ и покрај нивните барања тој да ја обиколи областа. На снимката од камерите на телото објавена од полицијата на Мајами Бич се гледа како американскиот спринтер со својата девојка се расправа со група полицајци. Неговото однесување станувало сè поагресивно, што доведе до пресметка со полицијата.

Четворица полицајци се обиделе да го приведат Керли, кој пружил отпор, па полицијата употребила тизер за да го смири.

„И покрај напорите на полицајците да ја деескалираат ситуацијата, пријавениот заземал борбен став и продолжил да ги игнорира нивните законски наредби. Кога полицајците се обиделе да го уапсат, тој активно им се спротивставил“, соопштија од полицијата.

Керли е обвинет за злоставување, отпор на полицаец и непристојно однесување, а неговата девојка Клео Рахман, диџеј позната како Dj Sky High Baby, исто така се соочува со обвинение за давање отпор на полицаец. „Ова изгледа како целосно недоразбирање“, изјави неговиот бранител Јеил Санфорд за локалните медиуми.

„Господин Керли е спортист кој соборува рекорди. Тој се натпреваруваше на Олимпијадата, тој е модел на граѓанин во нашата заедница. Ова не е ништо повеќе од преголема реакција на полицијата“, додаде тој.

Керли освои бронза на 100 метри на Олимпијадата во Париз минатата година и сребро на Олимпијадата во Токио. Тој исто така освои шест медали на Светските првенства, вклучувајќи го и светското злато на 100 метри во 2022 година во Јуџин.