останато

Алкалоид ремизираше со фаворитот Туркиш Ерлајнс

Шахистите на Алкалоид одиграа нерешено 3-3 со Туркиш Ерлајнс во дерби мечот на петтото коло од Европскиот клупски Куп кој се одигрува во Врњачка Бања, Србија. По вчерашното изненадување, кое го приреди турскиот тим совладувајќи го прворангираниот тим СуперЧес, денес „фармацевтите“ имаа сериозна шанса за славје бидејќи поведоа со 3-1, но во финишот противниците успеаја да извлечат бод.

Мечот започна со брза победа на Ју Јангји на третата табла. Тој со бели фигури, искористувајќи ја непрецизната игра на својот противник, се стекна со јасна предност во отварањето, која ја претвори во решавачки матен напад. На четвртата табла Аравинд Читамбарам го надигра својот противник и се здоби со решавачка предност, но во „цајтнот“ сосема ја испушти, за на крајот да биде задоволен со поделба на поенот. На првата табла, Ајрун Еригаиси повторно одигра одлична партија, надигрувајќи го во еднаква позиција, со бели фигури Дмитриј Андрејкин, Со овој резултат, Еригаиси стана петнаесетти шахист кој во шаховската историја ја поминал рејтинг границата од 2.800 поени!

Следуваше реми на Велимир Ивиќ на шестата табла, и со тоа Алкалоид имаше веќе минимум нерешен резултат во мечот. По долга борба Веи Ји беше поразен од Иранскиот репрезентативец Магхсудлу. На петтата табла се случуваше вистинска драма. Наруанан во партијата против Володар Мурзин се стекна со одлична предност по отварањето, но по една позициона грешка дојде до комплетен пресврт. По тешка борба, Индискиот велемајстор успеа да влезе во еднаква завршница, со пешак помалку, сепак поради неколку непрецизни потези ја загуби партијата.

Со 9 поени од можни 10, ШК Алкалоид го дели второто место на табелата, додека први се шахистите на двократниот европски првак Нови Бор од Чешка, кои во ова коло ги надиграа претставниците на Нагиканижаи од Унгарија со 4,5-1,5. Во дуелот зад нив, францускиот клуб Шартре со 3,5-2,5 победи против израелскиот Ришон Ле Цион и им се приклучи на Алкалоид и Туркиш Ерлајнс во делбата на второто место.

Во шестото коло Нови Бор и Алкалоид ќе играат меѓусебен меч кој ќе го обликува врвот на табелата, додека Шартре ќе игра со Туркиш Ерлајнс. Во обид да фатат чекор со водечките, осум екипи со по 8 бода ќе играат меѓусебни дуели бидејќи во моментов се наоѓаат на делба на петтото место.


Петар Јовановски реизбран за прв човек на македонската одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија одржа редовно изборно собрание, на кое Петар Јовановски е реизбран за нов претседател на Одбојкарската федерација на Македонија.

Претседателот Петар Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор. составен од членовите: Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.

Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува Сања Никчевиќ.

На собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во нивната работа во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на Европското првенство во 2026 година, со кое ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим.


Омот Килде го повреди рамото и ќе паузира цела сезона

FILE PHOTO: Alpine Skiing – FIS Alpine Ski World Cup – Men’s Giant Slalom – Courchevel, France – February 17, 2023 Norway’s Aleksander Aamodt Kilde in action during the first run REUTERS/Denis Balibouse

Норвешкиот скијач Александар Омот Килде ќе ја пропушти целата скијачка сезона. Тој има големи проблеми со повредата на рамото и тоа е причината поради што нема да настапи оваа сезона.

„Нема да се натпреварувам, но целосно сум посветен на целосно опоравување од претстојната операција“, напиша Килдe.

Норвежанецот во 2020 година беше освојувач на „Златниот глобус“ во севкупниот пласман. На Олимписките игри во Пекинг во 2022 година освои сребро во комбинација и бронза во Супер-Џи.


Кулета од Косово победник на третиот „Паљо класик“

Третиот натпревар во боди-билдинг „Паљо Класик“ се одржа овој викенд во Битола и привлече големо внимание. Наградниот фонд беше најголем досега, со вкупно 7.000 евра парични награди.

На годинашниот натпревар се натпреваруваа вкупно 22 натпреварувачи во категориите јуниори, лесна категорија, средна, полутешка и тешка категорија, како и во класик физик, мен физик и бодибилдинг класик. Пријавени беа учесници од Македонија, Црна Гора и Косово.

Апсолутниот победник беше боди-билдерот Гранит Кулета од Косово, кој освои парична награда и суплементи во вкупна вредност од 1.900 евра. Во категоријата велнес за жени, се истакна Мери Акиевска, која веќе двапати беше светски првак.


„Четири од четири“ за Алкалоид во Врњачка бања

Македонскиот првак, ШК Алкалоид, со четврта победа во низа на Европскиот клупски Куп, кој се одржува во Врњачка Бања, Србија, со учество на 84 најдобри екипи од Стариот Континент, уште еднаш го покажа својот потенцијал за успех на меѓународната сцена.

Овој пат совладан беше словенечкиот тим ШК Тајфун од Љубљана. Иако победата од 3,5-2,5 важи за минимална, двата бода што шахистите на Алкалоид ги освоија со триумф во четвртото коло ги вбројува во европската елита каде што се наоѓаат само четири екипи со максимален учинок, односно осум бода за четири победи.

Прв својата партија ја заврши Велемајсторот Аравинд Читамбарам, искористувајќи ја невнимателноста на поранешниот Европски првак Иван Шариќ, и Алкалоид поведе со 1-0 во мечот. На третата табла Ју Јангји, со бели фигури одигра креативна партија со жртва на централен пешак за иницијатива, но сепак по долги маневри црниот успеа да ја одржи позицијата со реми завршеток. Очекувано, на првата табла, Ајрун Еригаиси со бели фигури, во комплицирана позициона партија, долго се обидуваше да дојде до позначајна предност, но противникот успеа да одржи реми. Многи значајна победа извојува С.Л. Нарајан на петтата табла, против хрватскиот репрезентативец, велемајсторот Анте Бркиќ. При водство на ШК Алкалоид од 3-1, следеше неочекуван пораз на Ји Веи со црни фигури на втората табла – уште од отварањето западна во тешкотии против Нодирбек Јакубоев, кој со репрезентацијата на Узбекистан освоија Олимписко злато 2022 година. Конечниот резултат беше поставен откако Александар Инѓиќ во тешка позиција по долга борба против Самвел Тер Сахакјан успеа да донесе половина поен за конечни 3,5-2,5 победа на Алкалоид.

Дека рангирањето согласно просечниот рејтинг е само индикација за потенцијалот на еден тим, беше докажано во останатите три дуели од четвртото коло, каде што најдобрите осум екипи играа меѓу себе. Прворангираните СуперЧес од Романија доживеаја непријатно изненадување од петторангираниот тим Туркиш Ерлајнс кој прокнижи победа од 4-2, при што уште еден поранешен „алкалоидовец“ блескаше на првата табла: Дмитри Андрејкин му нанесе пораз на индискиот велемајстор Гукеш, кој веќе следниот месец ќе биде предизвикувач за титулата светски шампион. Слично беше и во дуелот на вториот турски клуб Бајеган Пендик (четврти носител), кој беше поразен од Нагиканижаи од Унгарија (осми носител), исто така со 4-2. Последниот дуел на водечките осум заврши со минимална победа од 3,5:2,5 на „Нови Бор“ од Чешка, откако благодарение на победата на ВМ Винсент Кејмер го скршија отпортот на Ајка Сентименто од Унгарија.

Играчите на ШК Алкалоид ќе преноќат на првата позиција на табелата, а веќе утре во рамки на петтото коло ги очекува дуел со Туркиш Ерлајнс, додека Нови Бор ќе игра со Нагиканижаи.


Ардијан Рустемовски со победа го почна СП за млади

Ардијан Рустемовски се пласира во наредното коло на Светското првенство за млади во Будва, Црна Гора. Рустемовски забележа победа без борба, односно неговиот противник Мутала Цимбобо од ДР Конго не се појави во рингот.

Утре Ардијан ќе боксира со Русинот Ибрагимов.

Светско првенство за млади:

51 кг Бајарам Мамутовски – М. Каземи (Иран)
54 кг Меридиан Алими – И. Пени (Моладавија)
57 кг Ардијан Рустемовски – Мутала Цимбобо (ДР Конго) 5-0 б.б.
63,5 кг Луан Сулејмани – А. Рахал (Израел)
67 кг Лука Трифуновиќ – Д. Гуранда (Молдавија)
71 кг Наум Стојановски – М. Аломонасид (Чиле)
80 кг Баки Ајети – Ј. Карбонел Бандомо (Шпанија)
86 кг Лиси Коџаџику – С. Румијанцау (Бугарија)/ Б.Аијтмуханов (Казахстан)

На Светското првенство учествувуваат на 73 земји, 592 боксери и боксерки (413 мажи, 180 жеми) и ќе трае до 4 ноември.


Скопје и Македонија домаќини на конвенцијата на Европската атлетика

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со претседателот на Европската Атлетска Асоцијација, Добромир Карамаринов и со претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова, денеска присуствуваше на прес конференцијата по повод Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација која за прв пат ќе се одржи во Скопје, од 24 до 27 октомври. Во склоп на овој голем атлетски настан ќе биде и престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024” – избор на најдобарите во атлетскиот спорт во Европа.

„Организацијата на оваа манифестација претставува големо признание за Македонија и значи голема промоција на македонската атлетика. Спортската дипломатија игра клучна улога во зајакнувањето на меѓународните врски и соработката, не само во спортот, туку и пошироко. Оваа Конвенција и присуството на почитуваните гости од Светската и од Европска Атлетска Асоцијација ни овозможува долгогодишна соработка и презентирање на нашата земја во овој спорт за што сум особено горд“, истакна министерот Ристовски.

На Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација во Скопје ќе присуствуваат повеќе од 300 истакнати личности, претставници на 51 федерација од цела Европа, вклучувајќи претседатели на национални атлетски федерации во чии редови се наоѓаат многу познати имиња во атлетскиот спорт.

Специјален гостин на Конвенцијата во Скопје ќе биде Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската Атлетска Асоцијација и поранешен член на британскиот парламент, носител на олимписки, светски и европски златни медали, член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), а од пред една недела и официјално еден од кандидатите за нов претседател на ИОК на претстојните избори во март наредната година.


Фаворитите сигурни во второто коло од пинг-понгарскиот шампионат на Македонија

Викендов во СЦ „Јане Сандански“ се одиграа натпреварите од второто и третото коло од Суперлигата и Првата лига во пинг-понг.

Резултатите не донесоа изнедувања, иако имаше најави за тоа.

Суперлига
Второ коло:

Крива Паланка – Шампион ФА 2-4
Телеком Нец 2 – Младост 96 1-4
Берово – Астраион 1-4
Вардар – Радовиш 4-2
Младост – Пелагонија 1-4

Суперлига
Трето коло:

Радовиш – Телеком Нец 2 1-4
Шампион ФА – Вардар 4-1
Астраион – Младост 4-0
Младост 96 – Берово 4-0
Пелагонија – Крива Паланка 2-4

Прва лига
Второ коло:

Рисови – Дебар Маало 1-4
Куманово – Крива Паланка 2007 1-4
Кочани – Берово 2 3-4
Работнички – 10 60 Ас 4-2
Студент – Борец ТИМ 4-1

Прва лига
Трето коло:

Крива Паланка 2007 – Работнички 0-4
Дебар Маало – Студент 2-4
10 60 АС Ѓорче Петров – Рисови 4-0
Борец ТИМ – Кочани 4-0
Берово 2 – Куманово 2-4


Наоми Осака објави дека на терените се враќа дури следната сезона

Четирикратната грен слем шампионка, јапонската тенисерка Наоми Осака, нема да се натпреварува до крајот на оваа година поради повреда на грбот.

Осака требаше да биде дел од јапонската репрезентација во финалето на Купот Били Џин Кинг што ќе се одржи од 13 до 20 ноември во Малага, но донесе одлука да се одмори и подобро да се подготви за новата сезона.

Осака се повреди за време на турнирот во Пекинг, по што го пропушти минатонеделниот турнир во Осака, а нема да настапи ниту на турнирот во Токио оваа недела. Сезоната во која Осака се врати на ВТА турнирите по породувањето не помина според планот, а поранешната најдобра светска тенисерка во моментов е на 56-то место на ранг-листата.


Алкалоид убедлив во второто коло на Европскиот клупски Куп во шах

ШК Алкалоид продолжи на Европскиот шаховски клупски куп со максимална победа од 6-0 против шампионот на Словачка, екипата Серо Инвест Нитра.

Во второто коло сите фаворити продолжија со високи победи, и во третото коло 18 екипи влегуваат со максимални 4 бода.

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата Бер Шева од Израел, која e долгогодишен редовен учесник на Европскиот клупски куп, и двете екипи веќе имале меѓусебни средби, со позитивен резултат на страната на Алкалоид.