останато

Србија и Унгарија ќе играат за европската круна цво ватерполо

Ватерполо селекцијата на Србија извојува убедлив триумф над Италија со 17-13 и се пласира во финалето на Европското првенство во Белград.

Србите ќе играат против Унгарија во мечот за златото во недела во 20:30 часот, додека Италија и Грција, играат за бронзата во 17:00 часот истиот ден.

Србија до триумфот ја предводеа Душан Мандиќ и Страхиња Рашовиќ со по четири гола, додека голманот Милан Глушац повторно се истакна со 14 одбрани.

За Италија, Франческо Кондеми, Филипо Фереро и Матео Јоки Грата постигнаа по три гола.

Србија вечерва стигна до своето седмо финале на ЕП, а досега има пет победи и еден пораз.


Никола Ѓорѓиев потпиша за Карловарско во Чешка

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев од Романија замина за Чешка. Тој од денес е нов член на најдобриот тим во чешката Екстралига, Карловарско.

Клубот денеска и официјално го потврди трансферот на нашиот капитен, кој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на романски Рапид.

37-годишниот Ѓоргиев во 21-вата своја сезона како интернационалец за првпат ќе настапува во првенството на Чешка.

„Ова ми е 21-ва сезона како играм во странство и ќе ми биде првпат во Чешка. Многу сум среќен што се приклучувам на успешниот клуб ВК ЧЕЗ Карловарско, кој досега имаше одлична сезона. Се надевам дека сите ќе останеме здрави и дека ќе ја продолжиме добро започнатата сезона и ќе ги оствариме сите наши цели. Со нетрпение очекувам да ве сретнам сите во Салата за балски спортови и се надевам дека ќе освоиме уште многу натпревари и трофеи“, изјави Ѓоргиев.


Македонија ќе настапи со четири олимпијци во Кортина

Македонија ќе има четири претставници на Зимските Олимписки игри во Милано-Кортина во Италија, потврди МОК преку социјалните мрежи и официјалниот веб-портал.

Во Нордиско трчање боите на нашава земја ќе ги бранат Ана Цветановска – спринт и интервал старт 10 км и Ставре Јада – спринт и интервал старт 10 км. Во Алпско скијање очекувано ќе не претставуваат: Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом и Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом.

Зимската Олимпијада ќе биде реализирана годинава во термин од шести до 22 февруари.


Голем скандал го тресе светот на ски-скоковите

*** World Rights Except France and Poland *** 2026.01.11 Zakopane Skoki narciarskie, Puchar Swiata w skokach narciarskich , sezon 2025/26 Indywidualny konkurs Pucharu Swiata w Zakopanem N/z Anze Lanisek Foto Kacper Kirklewski / PressFocus 2026.01.11 Zakopane Skijumping, Ski Jumping World Cup, 2025/26 season World Cup individual competition in Zakopane Anze Lanisek Credit: Kacper Kirklewski / PressFocus

Само неколку недели пред почетокот на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026, скијачките скокови се најдоа во центарот на еден од најнеобичните скандали во историјата на зимските спортови.

Според пишувањето на британскиот „Дејли мејл“, дел од елитните ски-скокачи наводно прибегнале кон естетски интервенции на гениталиите, со цел да добијат предност при официјалните мерења на опремата.

Случајот веќе го доби прекарот „Пенисгејт“ и предизвика шок, но и сериозна загриженост во спортската јавност.

Наводно, спортистите користеле инјекции со хијалуронска киселина за вештачко зголемување на одредени телесни димензии кои се земаат предвид при 3Д-скенирањето.

Во ски-скоковите, секој милиметар може да биде пресуден – поголемата телесна мерка овозможува носење поголемо одело, кое во лет создава посилен подигнувачки ефект и потенцијално подолг скок.

Според сомнежите, одредени натпреварувачи се обиделе да искористат „дупка“ во правилникот, менувајќи ја формата на мекото ткиво за да добијат поповолни параметри при мерењето, без директно да ги прекршат постојните прописи.

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) веќе реагираше и најави ревизија на мерните протоколи. Во игра се нови мерки, меѓу кои користење скелетни референтни точки, дополнителни рачни проверки и построги медицински контроли, со цел да се спречи каква било форма на манипулација.

„Работиме на заострување на правилата. Станува збор за комплексен проблем кој мора да се реши пред Олимписките игри“, соопштија од ФИС.

Дел од спортистите остро ги отфрлија обвинувањата. Норвешката ѕвезда Халвор Егнер Гранеруд изјави дека тврдењата се апсурдни и дека сите негови медицински прегледи се извршени под строг стручен надзор.

Се очекува ФИС во наредните недели да донесе дополнителни измени на правилата, со цел да се зачува интегритетот на натпреварувањето пред почетокот на Олимписките игри во Италија.


Трката за ГН на Португалија се враќа во календарот

Враќањето на Големата награда на Португалија во календарот за сезоните 2027 и 2028 е резултат на долготрајни преговори.

Организаторите на патеката во Портимао месециве интензивно работеле на исполнување на условите за повторно враќање на Ф1 во Португалија.

Сепак, Портимао не е единствената патека што е во преговори со Ф1.

Меѓу потенцијалните кандидати сериозно се разгледува и Турција, односно Истанбул Парк.


Мек Грат победник на слаломот во Венген

Победник на денешната слаломска трка во Венген е Атле Лие Мек Грат од Норвешка, кој имаше резултат од 1:45.99 минута.

Тој за 47 стотинки беше подобар од Лукас Пинеиро Братен од Бразил, додека место на подиумот избори и Хенрик Кристоферсен со 81 стотинка заостанување зад победникот.

Сепак највредниот резултат го оствари Матијас Итен од Швајцарија, кој стартуваше со бројот 44 во првата трка, а на крајот заврши како шестопласиран, притоа во второто возење имаше подобрување на својот пласман за 17 позиции.

Денешниот победник Мек Грат е лидер во конкуренцијата во слалом со 372 бода, пред Пинеиро Братен со 351. Во генерален пласман Швајцарецот Марко Одермат е лидер со 1105 бодови.

Следниот викенд ќе се одржуваат натпреварите во Кицбил.


Насер Ал-Атијах по шести пат победник на Релито Дакар

Насер Ал Атијах ја обезбеди својата 6 титула на легендарното рели Дакар, кое повторно се возеше низ пустините на Саудиска Арабија.

Искусниот Катарец со својата Дачиа без поголеми проблеми ја одбрани предноста во последната етапа и избегна кикс, откако во петокот стигна до својот јубилеен 50. етапен триумф во кариерата на Дакар.

Ал Атијах ја заврши завршната етапа на деветтото место, но тоа беше доволно за одбрана на врвот во генералниот пласман со предност од десет минути пред второпласираниот Нани Рома од Форд.

Третото место во вкупниот поредок му припадна на Матијас Екстром, исто така возач на Форд, кој беше најбрз во последната етапа на релито.

Со оваа победа, 53 годишниот Ал Атијах по шести пат се искачи на врвот на најтешкото рели на светот.

Претходно Катарецот славеше во 2011, 2015, 2019, 2022 и 2023 година, а зад себе има и олимписка бронза од Лондон 2012 во стрелаштво.


Никол Делаго е победи на спустот во Тарвизио

Италијанската скијачка Никол Делаго оствари голем успех на трката во спуст која се возеше во Тарвизио, во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

На домашен терен таа беше најбрза и стигна до победата со најдобро време од 1:46,28 минути.

Делаго ја извозе трката со сигурен и агресивен настап, оставајќи ги зад себе главните ривалки,

Кира Вајдле-Винкелман и легендарната Американка Линдзи Вон.

Овој триумф претставува најзначаен резултат во нејзината кариера и потврда за одличната форма во која се наоѓа сезонава.

Со оваа победа, Делаго направи голем чекор напред во генералниот пласман во спуст и најави дека ќе биде сериозен фактор и на следните натпревари од Светскиот куп.


Сомнежи за наместен меч на Европското првенство во ватерполо

Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.

Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.

Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21-12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22-13), Унгарија (21-6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:-15.


Џек Дуан не е повеќе член на Алпин

Тимот на Алпин направи радикален потег и го отпушти возачот Џек Дуан, кој се натпреваруваше за него оваа година во Формула 1.

Со ова завршува повеќегодишната соработка што го одведе Дуан од јуниорските категории до самиот врв на мотоспортот.

Тој ја доби својата шанса во Формула 1 на крајот од сезоната 2024. Го имаше своето деби на Големата награда на Абу Даби, каде што влезе како замена за Естебан Окон.

Тоа беше историски момент, бидејќи тој стана првиот член на академијата „Алпин“ што добил место во тркачкиот болид на тимот.

Довербата продолжи на почетокот од следната сезона. Тој се натпреваруваше на уште шест гран-при трки во првата половина од годината. Сепак, резултатите и целокупниот впечаток не беа доволни за да си обезбеди постојано место во тимот.

Алпин одлучи да го замени со резервниот возач, Франко Колапинто.

Францускиот тим сега одлучи целосно да ја прекине соработката со Австралиецот.