Изолацијата во која се сместени спортистите со позитивен тест за коронавирус стана силен психолошки тест за самите спортисти, вели претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах.
„Некои овде во Пекинг мораа да платат многу висока цена. Имаше спортисти кои мораа да бидат изолирани. Ова е најтешкиот тест – да присуствуваш на Игрите, да гледаш како се натпреваруваат твоите противници, како се одвиваат сите игри. А ти си тука, но не си дел од Олимпијадата, иако за овој момент работевте многу долго. Ова е навистина сериозен психолошки тест за спортистите“, изјави Томас Бах.
Организаторите на Олимпијадата преземаат засилени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Натпреварите се одржуваат во таканаречени заштитени балони, на посебна територија, отсечена од контакт со надворешни лица.
Валиева остана без медал во Пекинг
Во изминатата денови од ИОК се планираше како да се избегне доделувањето на медали ако Камила Валиева по позитивниот антидопинг-тест стигна до подиумот. Се најавуваше дека ќе биде суспендирана, но од Спортскиот суд за арбитража ги отфрлија обвинувањата.
Меѓутоа на крајот 15-годишното „чудо од дете“ падна за време на изведбата на првата програма, па не се најде на подиумот.
Златото во оваа дисциплина го освои нејзината сонародничка и актуелна светска шампиона Ана Шчербакова која по краткиот и слободниот дел освои 255.95 поени, среброто заврши кај Александар Трушова со 251.73 поени, а бронзата кај Јапонката Каори Сакамото.
Претставен новиот болид на Ферари
Ферари го претстави болидот кој тимот ќе го користи во новата сезона од Формула 1.
Болидот F1-75, е во црно-црвена комбинација, и на него се видливи новите детали како специјалниот дизајн на страничниот дел од автомобилот, и новиот уред за ладење.
Возачки тандем за новата сезона се Шарл Леклер и Карлос Сајнс, а шеф на тимот е Матија Биното.
Луис Хамилтон останува предводник на Мерцедес и во наредната сезона
Од тимот на Мерцедес го потврдија останувањето на Хамилтон во Формула 1, со што ставија крај на шпекулациите за неговото можно повлекување од „најбрзиот циркус“ на светот.
Мерцедес соТвитер објава на која стои текст „16-та година“ и фотографија од Хамилтон, најави дека поранешниот шампион во Формула 1, ќе вози за тимот и во наредната сезона .
После контроверзниот крај на минатата сезона и загубата на титулата, Хамилтон се повлече од јавноста, после што следуваа шпекулации за негово заминување од Формула 1.
Елведина Музаферија не ја заврши слаломската трка
По првото трчање во дисциплината алпска комбинација Елведина Музаферија го освои 20-то место во конкуренција на 26 скијачки, од кои двајца беа дисквалификувани. Нејзиното време на скијање беше 1:35:89 што беше доволно само за 20-та позиција што ја делеше со Американката Патриша Манган по првото возење. Најдобрите скијачи во Пекинг во дисциплината алпска комбинација први тргнаа надолу. За жал, Елведина Музаферија не ја заврши трката во слалом, а по падот во горниот дел од патеката го заврши настапот на Олимписките игри во Пекинг.
Македонија со четири каратисти на Премиер лигата во ОАЕ
Четири каратисти од клубот Макпетрол заминаа за Фуџаирах, Обединети Арапски Емирати каде од 18 до 20 февруари ќе настапат на Светската Премиер лига. За Фуџаирах заминаа Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг, Симона Заборска -55 кг и Ангела Мојсовска -68 кг, сите тие ќе ги браната боите на Македонија во конкуренција на најдобрите рангирани 342 каратисти од 55 држави, соопштија од КК Макпетрол.
Заборска е најискусна, во досегашната спортска кариера има остварено многу високи пласмани од учествата во светските Премиер лиги.
Ова е почеток на сезоната за оваа година и ќе се обидам да направам добри борби, првенствено за да го поправам бодовното салдо на светската рејтинг листа, и да се наметнам како квалитетна спортистка за да можам да учествува на најелитните натпревари во текот на целата година.
Непосредно пред заминувањето тренерот и натпреварувач на Макпетрол, Петар Заборски изјави:
Ова ќе биде прв турнир во 2022 година од најелитното карате натпреварување во лига системот на натпреварување во организација на WKF (Светската карате федерација). Главен услов за да учествувате на ова натпреварување е да бидете во ТОП 50 каратисти на Светската ранг листа, затоа ние имаме и привилегија да настапиме на овој силен турнир.
Мојсовска е нашата најдобро рангирана каратистка на Светската рејтинг листа изјави дека ќе настапи во полутешка категорија -68 кг кај девојките и ќе направи се за да се престави во најдобро светло на почетокот на натпреварувачката сезона.
Спасеновски кој ќе настапи во полутешка категорија или -84 кг, тој изјави дека е одлично подготвен и дека сака во најмала рака да го постигне или повтори успехот кога во 2020 година на тогашната светска премиер лига која се одржа во Дубаи, се бореше за бронзениот медал, од ОАЕ има одлични спомени.
На првенството ќе има огромна конкуренција, односно ќе учествуваат најдобрите светски сениори-ки во секоја тежинска категорија Тоа што е карактеристично за ова натпреварување е што од оваа година воведени се и нови правила за пријавување и настап на оваа лига. Тоа се ограничен број на спортисти кои настапуваат и од досегашните 64, сега се намалени на 32 каратисти во секоја категорија. Сите тие ќе бидат поделени во 8 (осум), групи по четворица спортисти, и во елиминацискиот дел секој ќе има по три задолжителни борби, и потоа следи четвртфиналето, полуфиналето и финалните борби.
Вметнати три спринтерски трки во Светскиот шампионат во Формула 1
Организаторите на Светскиот шампионат во Формула 1 објавија дека сезоната 2022 година ќе вклучува и три спринтерски трки за време на викендите.
Првично, требаше да има шест, но, со тоа не се согласија екипите поради ограничениот буџет. Постигнато е компромисно решение кое вклучува три трки на 100 километри.
Победникот ќе земе осум поени, вториот – седум и така натаму до еден за осмиот. Патеките кои ќе бидат домаќини на трите спринта ќе бидат Имола, Ред Бул Ринг и Интерлагос.
Ф1 тимот на Вилијамс го претстави болидот за новата сезона
Пред стартот на новата сезона во Формула 1, од Вилијамс го претставија новиот болид со име FW44.
Новиот болид е во доминантно сина боја со црвени детали, и ја претставува силата и софистицираноста на Вилијамс.
Возачите на тимот, Алекс Албон и Николас Латифи, изјавија дека се задоволни од автомобилот и дека се радуваат на тест возењата во Барселона.
Астон Мартин го покажа болидот за новата сезона во Формула 1
Тимот на Астон Мартин го претстави својот нов болид за сезоната 2022 во Формула 1, кој ќе го носи името AMR22.
Автомобилот беше промовиран во фабриката Гејдон каде Астон Мартин ги произведува своите спортски модели.
Новиот болид се одликува со аеродинамичен дизајн во темно зелена боја, но со карактеристични неонски жолти ленти.
Возачи за тимот за претстојната сезона повторно ќе бидат Себастијан Фетел од Германија и Ленс Строл од Канада.
Дејан Георгиевски: Никогаш парите не ми биле мотив, мотивот ми е Македонија
Фала
му на Господ тренирам како никогаш до сега, живеам за моментот кога повторно ќе
ја израдувам Македонија, роднините, пријателите, целиот народ !
Тренерите,
клубските другари сите сме фокусирани на Париз, ние сме одлучни, Господ ќе
реши.
Овој
пат сакам да се обратам токму на мојот народ, на новинарите, на сите оние кои
се радуваа заедно со мене кога стигнавме до историскиот сребрен медал, се
обраќам до сите оние кои конечно по долгиот олимписки мрак видоа светлина за
македонскиот олимписки спорт.
До
сите што се почуствуваа горди и исполнети, до сите оние кои кога го видоа
македонското знаме на олимпискиот трон се почуствуваа македонски !
Очекувано
бев прогласен за најдобар спортист во 2021 година, но ни малку не очекувано
денес дознав дека спортските ваучери кои ги доделува АМС т.е вчерашната одлука
за ваучери се надевам не свесно цели да го понижи мојот НАШИОТ олимписки успех.
Мојот
олимписки сребрен медал, прв во историјата на независна Македонија.
Никогаш
нема да си дозволам да нападнам било чив спортски успех, најпрво затоа што така
ме воспитале моите трнери а потоа затоа што многу добро знам што значи
спортскиот витешки мегдан, без разлика за кој спорт станува збор.
Но
никако не можам да раберам како било кој друг спортист во овој момент може да
има поголема финансиска добивка со спортски ваучер од мојот успех, никој
здраворазумен во нашата држава нема да најде здрава логика во ова што беше
направено вчера од страна на комисијата за доделување ваучери при АМС. Срамно !
Не
сакам ни да помислам дека станува збор за намерно и свесно напаѓање на
сребрениот олимписки медал, уште помалку не сакам да помислам дека во сето ова
е вмешана политика или нешто слично.
Само
сакам уште денеска оваа неправда да биде решена, ова го барам исклучително од
принципиелни причини, барам за да го одбранам со крв донесениот историски
сребрен медал од Токио. Јас Дејан Георгиевски
олимпискиот сребрен медалист, но сакам заедно со мене да побарате и СИТЕ ВИЕ
затоа што овој успех, овој олимписки медал, овој остварен олимписки сон ни
припаѓа на СИТЕ НАС, и никој, апсолутно никој нема право да фрли сенка на
истиот.
Од
принцип сега за сега не сакам да навлезам и да посочам на јавноста низ какви
премрежија од институциите поминував пред да го освојам олимпискиот медал,
веројатно ќе дојде момент и за тоа.
Почитувани,
Никогаш
парите не ми биле мотив, мотивот ми е Македонија !