останато

Белград ја доби организацијата на ЕП во пливачки спортови

Челниците на Европската пливачка организација (ЛЕН) одлучиja
Европското првенство во пливање следната година да се одржи во
Белград, од 10 до 23 јуни.
Првично, ова првенство требаше да се одржи во Казан, Русија, но
откако започна војната во Украина и сите меѓународни натпревари на кои требаше да биде домаќин Русија автоматски беа одложени,
челниците на ЛЕН доделија нов домаќин.
Освен во пливање, Белград ќе биде домаќин и на натпревари во
синхронизирано пливање и скокови во вода, како и во далечинско
пливање.
Првенството во Белград ќе биде и последна можност за
натпреварувачите во овие спортови да го исполнат олимпискиот
стандард, пред Игрите што ќе се одржат во Париз.


Армстронг: Користев допинг кој не може да е открие

Човекот кој освои седум титули на „Тур Д’Франс“ и стана еден од најуспешните спортисти, Ленс Армстронг ги шокираше навивачите откако призна дека користел дроги.

Поради допинг на Армстронг му беа одземени сите титули од трките во Франција, а неодамна во една емисија зборуваше за тоа.

„Не се обидувам да го оправдам тоа или да кажам дека би го повторил делото, но факт е дека сум тестиран 500 пати, а никогаш не паднав на допинг контрола. Реалноста е во тоа што некои супстанции траат четирии часа. Со дрогата која ја користев би се променил нашиот спорт. Не сакам да охрабрам било кој да го направи тоа. Вистината е тоа што дрогата не можеше да се открие“, вели Армстронг.


Шпански голфер е најплатен светски спортист

Јон Рам, голф играч од Шпанија, е новиот најплатен спортист во светот. Платен повеќе од фудбалерите Лионел Меси и Кристијано Роналдо заедно, стана со потписот на договор вреден 555 милиони евра со ЛИВ голф лигата од Саудиска Арабија, пренесува „Дејли Меил“.

Рам е трет на светската листа и Мастер Шампион и сега испиша историја со трипати поголем договор од оној што Саудијците му го платија и на шесткратниот шампион Фил Микелсон пред година и пол.

ЛИВ голф лигата имаше намера да го направи Тајгер Вудс најплатен спортист во светот, но тој одби понуда од 920 милиони евра, додека Рори Мекилрој го одби нивниот предлог за договор вреден 290 милиони евра.


Ди Џанантонио потпиша договор со Дукати

Фабио Ди Џанантонио во наредната сезона во Мото Гран При шампионатот ќе биде член на Дукати.

„Момци, ајде да се забавуваме“, рече Џанантонио во краткото видео што „VR46 Ducati“ го објави на социјалните мрежи. Возачот утре ќе дебитира за новиот тим.

Тоа ќе се случи на единствениот ден за тестирање по сезоната во Кралската класа за 2023 година. Тестот ќе се одржи на патеката во близина на Валенсија.


Франција ќе ангажира 15.000 војници за Олимписките игри

Околу 15.000 војници ќе бидат мобилизирани за Олимписките игри во Париз што се одржуваат летото 2024 година, од кои 10.000 во поширокото подрачје на главниот град на Франција.

Во оваа фаза, 250 дена пред истекот на рокот, армијата се подготвува да регрутира околу 15.000 војници на национално ниво, од кои околу 10.000 ќе бидат распоредени во Париз и неговата околина, изјави генерал Кристоф Абад.

Во тој број војници не се вклучени лицата од безбедносниот приватен сектор. Организацискиот комитет на Олимпијадата оценува дека од 17.000 до 22.000 безбедносни агенти се неопходни за да се обезбеди едно натпреварувачко место.

За таков вид обезбедување се пријавија повеќе приватни компании. Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година.


Фелер донесе австриска радост во Светскиот Куп по 17 трки

Австрија ја прекина низата од 17 трки без победа во слалом во Светскиот куп во алпско скијање и тоа со тројно славје во домашниот ски-центар Гургл.

Мануел Фелер денеска беше најбрз и тоа со вкупно време по двете трки од 1 минута, 47 секунди и 23 стотинки. Зад него со 23 стотинки послабо време финишираше сонародникот Марко Шварц, а се-австрискиот подиум го комплетираше Михаел Мат.

Ова беше прва сезонска трка во машка конкуренција во Светскиот куп откако претходно беа откажани трките во Зелден и Цермат-Червинија поради лоши временски услови.


Усик и Фјури ќе ги вкрстат ракавиците на 17 февруари

Официјално, како што пренесува „Дејли Меил “, Тајсон Фјури и Александар Усик ќе ги вкрстат ракавиците во Ријад, Саудиска Арабија на 17 февруари.

Тоа го потврди и самиот Фјури, кој претходно требаше да се бори со Усик на 23 декември, исто така во Ријад.

Но, тогаш Британецот побара борбата да се одложи за неколку месеци, со оглед на тоа што неодамна се бореше против поранешната ѕвезда на УФЦ Френсис Нгану, кого го победи дури по судиската одлука.

Да потсетиме, Фјури го има шампионскиот појас на ВБЦ во тешка категорија, додека Украинецот Усик ги има шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.


Поп Ацев примен во Куќата на славните на маратонското пливање

Меѓунардодната организација Куќа на славните на маратонското пливање објави дека Евгениј Поп Ацев ќе стане нејзин член на следниот собир, во мај 2024.

Во 2015 и во 2017 година Поп Ацев беше победник во светскиот гран-при за маратонско пливање, а во 2019 година триумфира на ултра маратонската серија на ФИНА.

„Најголема чест и привилегија е да се биде во ‘Куќата на славните за маратонското пливање’ (IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање. Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, се заблагодари Поп Ацев со објава преку социјалните мрежи.


Неизвесно одржувањето на трката во Абу Даби

Трката за Големата награда на Абу Даби, закажана за 24-26 ноември, е под закана за откажување. Поради ескалацијата на вооружениот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и Палестина, одржувањето на викендот во Обединетите Арапски Емирати може да биде откажан.

Како што пренесуваат неколку медиуми специјализирани за Формула 1, менаџерите на натпреварувањето го следат развојот на настаните, размислуваат за ситуацијата и ги проценуваат безбедносните услови. Можно е да се почека да се види како ќе завршат трките во WEC шампионатот на издржливост кои овој викенд ќе бидат во Бахреин, исто така на Арапскиот Полуостров.

Одлуката на Формула 1 се очекува во следните денови.


Лукас Браатен неочекувано најави крај на скијачката кариера

Еден од најдобрите скијачи во светот, 23-годишниот Норвежанец Лукас Браатен, реши да стави крај на кариерата поради малку неверојатна причина.

Неговиот потег многумина го толкуваат како бунт против Норвешката скијачка асоцијација. Тие им забранија на своите скијачи да потпишуваат поединечни договори со спонзори кои се во конфликт со спонзорите на Федерацијата. Браатен рече дека не ја завршува кариерата поради протест или одмазда, туку затоа што бил „третиран со крајно непочитување“.

Се огласи и преку својот Инстаграм каде објави видео на кое скија, а во описот напиша: „Благодарам!

Реакциите на скијачката јавност се речиси едногласни – сите се тажни што еден од најпопуларните скијачи се пензионира како скијач. Некои колеги како Јохан Клери и Атл Ли Мекграт исто така се огласија во коментарите, но еден особено насмеа и привлече внимание.

Станува збор за пензионираниот германски скијач Феликс Нојројтер, кој му понудил брак на Браатен за да си ја „спаси“ кариерата:

„Не ми се верува… Ако е поради сојузот, ќе се омажам за тебе, а ти можеш да скијаш за Германија. Мојата сопруга нема да протестира“, напиша тој.