тенис

Заврши соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј по само шест месеци ја прекинаа соработката. Српскиот тенисер тоа го потврди и преку социјалните мрежи.

„Ти благодарам, тренеру Енди, за сета напорна работа, за забавата и поддршката во изминатите шест месеци, на теренот и надвор од него.

Му благодарам на Новак на неверојатната можност да работиме заедно. Му посакувам се најдобро во продолжението на сезоната“, напиша Мареј.


Ивановски поразен во квалификациите во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот М75 челенџер во Загреб, откако беше поразен во последното квалификациско коло од Босанецот Мирза Башиќ со конечни 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 7-6/1.

Мечот траеше два часа и 23 минути, а победата на крајот сепак замина кај 33-годишниот Башиќ, кој ќе го продолжи настапот на турнирот во Хрватска.


Ѓоковиќ доби „вајлд-карта“ за учество во Женева

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби посебна покана за учество на АТП турнирот во Женева и ја прифати. Ова значи дека тој ќе се бори за својата 100-та титула во кариерата во швајцарскиот град.

Настанот е закажан за неделата пред Ролан Гарос, од 17 до 24 мај.

За потсетување, Ѓоковиќ претходно се повлече од Мастерсот во Рим, без многу објаснувања, по неколку неочекувани порази во првите кола на големите турнири.

Минатата година, Новак стигна до полуфиналето во Женева кога беше елиминиран од Томас Махач. Оваа година, Ѓоковиќ ќе се соочи со Тејлор Фриц, Каспер Руд, Григор Димитров, како и со Махач и други како негови конкуренти за титулата.

Србија ќе има уште еден претставник, бидејќи Миомир Кецмановиќ, исто така, ќе биде во главниот состав.


Руд: Ми олесна по триумфот во Мадрид, претходно загубив шест финалиња

По освојувањето на својата прва Мастерс титула во кариерата, Норвежанецот Каспер Руд откри што чувствувал по триумфот во Мадрид.

Во финалето тој го победи Џек Дрејпер со 7-5, 3-6, 6-4. Пред ова, Норвежанецот загуби шест претходни големи финалиња.

„Тоа беше мешавина од олеснување, радост и чиста среќа. Последните неколку години на турнеја покажаа колку е тешко да се настапи добро на најголемите турнири. Никогаш не сум успеал да стигнам до самиот крај и да ја освојам титулата, но овој пат го направив тоа. Многу сум горд на оваа недела во Мадрид бидејќи ја задржав концентрацијата во текот на целиот турнир и во финалето. Го загубив вториот сет, Џек ја презеде контролата, но на крајот се вратив во мечот. Особено сум задоволен од последниот натпревар и горд на начинот на кој го завршив натпреварот“, изјавил Руд.


Заврши казната на Синер, Италијанецот се враќа на Мастерсот во Рим

Италијанскиот тенисер Јаник Синер официјално повеќе не е под суспензија. Денес му истече тримесечната суспензија, претходно изречена поради кршење на антидопинг правилата.

Иако беше суспендиран, Италијанецот не загуби многу, сè уште е прв во светот, со речиси 2.000 поени повеќе од второпласираниот Саша Зверев.

Првиот турнир на Синер по неговото враќање ќе биде Мастерсот во Рим, кој започнува оваа среда, а потоа ќе игра и во Хамбург, со цел да собере што е можно повеќе натпревари пред Ролан Гарос.

Според најавите, денес, тој ќе тренира на еден од терените на комплексот во Рим, а спаринг сесијата ќе биде отворена за јавноста, додека првиот натпревар по суспензијата ќе се игра во втората рунда, бидејќи е слободен во првата, во петок или сабота.


Каспер Руд по голема борба го освои Мадрид

Норвешкиот тенисер Каспер Руд ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид.

Во финалето во Мадрид, тој го победи британски тенисер Џек Дрејпер со 2-1 во сетови, резултатот беше 7-5, 3-6, 6-4 за два часа и 29 минути игра.

Тој му го одзеде сервисот на Дрејпер во третиот гем од првиот сет, ја зачува предноста до крајот и поведе во мечот.

Дрејпер играше подобро во вториот сет, направи два брејка во седмиот и деветтиот гем и се избори за решаачки сет.

Во решавачкиот сет, Руд направи брејк во петтиот гем, го задржа водството до крајот и стана првиот Норвежанец кој освоил титула на турнирите од Мастерс серијата.

Тој моментално има 13 АТП титули.


Ѓорческа и Горгодзе ќе играат полуфинале во Грузија

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа заедно со домашната претставничка Екатерине Горгодзе влегоа во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Лопота, Грузија кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Тие ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Зозија Кардава (Грузија) и Улаџислава Зверава (Русија) и триумфираа за нешто повеќе од еден час со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3.

Лина и Горгодзе во наредната рунда ќе играат со третите носителки, Рутуја Хосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд).


Гоф и Сабаленка ќе играат за титулата во Мадрид

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на турнирот од серијата 1.000 во Мадрид, Шпанија, победувајќи ја Елина Свитолина.

Сабаленка ја победи Свитолина со 2-0 во сетови 6-3 и 7-5. Белорусинката, тенисерка број еден во светот, се пласираше во своето трето последователно финале на ВТА 1.000, како и во своето трето последователно финале во Мадрид.

Таа ќе ја брка својата 20 титула во сабота против Коко Гоф која ја совлада Ига Швјонтек.

Ова беше петта победа на Сабаленка во шесте досегашни мечеви против Свитолина.Финалето во Мадрид е закажано за в сабота од 18.30 часот. Тоа ќе биде 10 средба меѓу Сабаленка и Гоф, а Американката моментно води со 5:4.


Гоф пресилна за Швјонтек на Мастерсот во Мадрид

Полската тенисерка Ига Швјонтек загуби од Американката Коко Гауф во полуфиналето на турнирот ВТА 1000 во Мадрид со 1-6, 1-6. Мечот траеше 66 минути.

Гауф реализираше 5 од 7 брејк-топки во текот на мечот. Швјонтек имаше 3 двојни грешки и 1 ас.

Ова беше трета победа по ред за Американката против Швјонтек.

Четвртиот рекет во светот се пласираше во финалето и ќе се соочи со победничката од натпреварот Арина Сабаленка (Белорусија) – Елина Свитолина (Украина).

Наградниот фонд на турнирот во Мадрид изнесува 8,9 милиони долари.


Ѓорческа со победа го започна турнирот во Грузија

Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Лопота (Грузија) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа која ја има улогата на четврта носителка во првото коло се соочи со домашната претставничка Зозија Кардава, тенисерка која дојде до главниот ждреб со вајлд карта.

Лина ја оправа фаворитската улога и тоа со победа во два сета и тоа прва „рунда“ во која противничката даде силен отпор кој беше скршен во 12 гејма (7-5) за да потоа биде многу полесно за Македонката која со 6-2 го потврди триумфот и местото во наредната фаза.

За место во четвртфиналето ќе се бори со Анастасија Тихонова која во моментов е на 346 место на ВТА листата.