тенис

Синер го освои турнирот во Хале

Италијанецот Јаник Синер го победи Полјакот Хуберт Хуркач во денешното финале на турнирот од серијата АТП 500 во Хале (Германија).

Натпреварот траеше 101 минута и заврши со 2-0, по сетови 7-6 (10-8) и 7-6 (7-2).

Синер забележа 10 аса во текот на играта, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од трите брејк топки. Хуркач имаше 13 аса и не ја реализира единствената брејк-топка.

Дваесет и двегодишниот Синер го освои 14. АТП турнир во кариерата.


Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на олимпискиот турнир во Париз

Ова лето не очекуваат и Летните олимписки игри кои ќе се одржат во Париз. Натпреварите во тенисот ќе се одржуваат на истите терени како и Ролан Гарос.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на Олимпијадата. Ова денес го потврди Олимпискиот комитет на Србија. Релевантните информации се рефлектираат во соопштението за печатот на организацијата.

Да потсетиме, на претходните Олимписки игри во Токио, Новак Ѓоковиќ не успеа да освои медал. Интересно е тоа што своето учество веќе го најавија Карлос Алкараз и Рафаел Надал кои треба да настапат во двојки.


Руските тенисери го откажаа настапот на ЛОИ во Париз

Руските тенисери Андреј Рублев, Карен Хачанов и Људмила Самсонова нема да учествуваат на Олимписките игри ова лето во Париз, соопшти денеска претседателот на руската Тениска федерација Шамил Тарпишчев.

„Рубљов, Хачанов, Самсонова нема да играат на Олимпијадата. На Андреј му треба закрепнување, се наталожил замор. Неговото тело не е од железо“, изјави Тарпишчев.

Рублев (26), кој е шесторангиран на АТП листата, на Олимписките игри во Токио во 2021 година, во тандем со Анастасија Пављученкова стана олимписки шампион во мешани двојки, а го освои Дејвис купот и АТП купот како дел од рускиот тим.

Хачанов (28) е на 22-то место на светската ранг-листа, додека 25-годишната Самсонова е рангирана на 15. место во светот и има освоено четири ВТА титули. Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.


Алкараз: Сакам да играм финале на Вимблдон против Синер

Карлос Алкараз за прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Сепак, одличниот Шпанец нема многу време за одмор.

За две недели ќе почне да ја брани титулата на „Вимблдон“ до која стигна по одличниот меч против Новак Ѓоковиќ.

Вториот светски рекет веќе ја изрази својата желба со кого би сакал да игра во евентуалното финале на терените на Ол Ингланд клубот.

„Ако сакате да освоите Гренд слем, треба да ги победите најдобрите. Би сакал повторно да играм против Синер, но овој пат во големото финале“, изјави Алкараз.

Карлос конкретно ја спомена улогата на својот тренер Хуан Карлос Ферер.

„Понекогаш не знам што да правам на теренот. Во тие ситуации секогаш го слушам Феро. Би сакал тој да биде со мене до крајот на кариерата“, изјави Алкараз


Лина Ѓорческа по седум години пак ќе игра на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов
настап на еден од четирите Грен глем турнири. Таа од 20.мај ќе биде
дел од квалификациите на Ролан Гарос. Ова за најуспешната
македонска тенисерка ќе биде второ учество на Грен слем турнирот
во Париз. Првпат настапи во 2017 година.
Ѓорческа која се наоѓа во одлична форма покажа и со добрите игри
изминативе недели и настапите на Челинџер турнирот во Леида
(Шпанија) и на ИТФ турнирите во Копер (Словеија) и Трнава
(Словачка). Победите и добрите игри воедно се дел од еден успешен
циклус, во која македонската тенисерка имаше и одлични настапи
како дел од репрезентацијата на натпреварувањето во Били Џин Кинг
Купот во Литванија.
За Ѓорческа ова ќе биде осмо учество во квалификациите на Грен
Слем турнир, а оваа година второ по настапот на Австралија Опен во
Мелбурн. Најмногу настапи има на УС Опен во Њујорк.


Надал несигурен дали ќе игра на Ролан Гарос

Турнирот во Рим е последен тест за сите пред вториот Гренд слем
ѕурнир во сезоната, „Ролан Гарос“.

„Одлуката дали ќе играм во Париз уште не сум ја донел, но ако морам
да кажам нешто во моментов, поблиску сум да одам и да дадам се од
себе. Имам физички проблем, ама ако се чувствувам добро, би
настапил. Има уште две недели, се може да се промени во нив“, рече
Надал.
Тој има рекордни 14 титули на „Ролан Гарос“, последната од нив
освоена пред две години кога во финалето го растури Каспер Руд со 3-
0.


Синер нема да настапи на Мастерсот во Рим

Јаник Синер, најдобриот италијански тенисер нема да учествува на најголемото тениско натпреварување кое се игра во неговата татковина.

Шампионот на Австралија опен поради повреда го пропушти крајот на турнирот во Мадрид, а во саботата на социјалните мрежи објави дека нема да биде подготвен ниту за Мастерсот во Рим.

-Не е лесно да се напише оваа порака, но по новите разговори со лекарите и специјалистите за моите проблеми со колкот, морам да објавам дека за жал нема да можам да настапам во Рим, напиша Јаник Синер.

На турнирот во Рим нема да настапи ниту Карлос Алкараз, а под голем знак прашалник е и бранителот на титулата Данил Медведев.


Ѓоковиќ не е прв фаворит пред Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, а обложувалниците објавија коефициенти за Грен слемот во Париз, а таму Новак не е фаворит.

За разлика од Србинот, сите негови конкуренти играа во Мадрид. Алкараз мака мачи со подлактицата по шпанската престолнина, а Андреј Рубљов го победи во четвртфиналето, додека Јаник Синер се повлече поради повреда на колкот.

И двајцата сега имаат неизвесност пред продолжението на сезоната и Ролан Гарос, а прашање е дали ќе можат да ги санираат повредите до Рим кој започнува за неколку дена.

Сепак, обложувалниците се уште сметаат дека Алкараз е главен фаворит за титулата во Париз, Новак е втор, Синер трет, а Надал четврти, откако во Мадрид покажа дека се уште може да игра добро и покрај проблемите што ги има со телото и повредите, кога се здрави.


Синер заради повреда го откажа настапот на Мастерсот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се откажа од полуфиналето на мастерсот во Мадрид, кое требаше да го игра против Феликс Оже-Алиасим.

Синер имаше повреда на колкот и реши да не ризикува дополнително за да не си го загрози здравјето.

„Многу сум тажен што морам да се повлечам од следниот меч во Мадрид. Колкот ме мачи цела недела и болката станува сè посилна“, кажа Синер.


Ѓоковиќ: Се надевам дека барем уште еднаш ќе играм против Надал

Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

„Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа“, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера.