тенис

Алкараз го освои турнирот во Токио

Првиот светски рекет, Карлос Алкараз, го победи петтиот играч во светот, Американецот Тејлор Фриц, со 6-4, 6-4 во финалето на АТП 500 турнирот во Токио и со тоа ја освои својата осма титула оваа година, а вкупно 24-та во кариерата. Ова беше нивниот петти дуел и четврта победа за Шпанецот.

За време на паузата помеѓу првиот и вториот сет, Фриц побара помош од физиотерапевт поради болка во бутниот мускул и се чинеше дека ќе претрпи поубедлив пораз кога Алкараз водеше со 5-1. Американецот се закани со пресврт со серија од три гема. Сепак, Алкараз ја искористи втората можност да го заврши мечот на својот почетен удар.

Алкараз е неоспорен лидер на листата на освојувачи на трофеи на АТП турнејата оваа година со осум титули, како и по бројот на индивидуални победи (66-6). Оваа година, 22-годишниот Шпанец загуби само две од десет финалиња, против Холгер Руне во Барселона и Јаник Синер во Вимблдон.

Покрај 500 поени за титулата во Токио, Карлос Алкараз освои и награден фонд од 416.365 американски долари (354 илјади евра). Тејлор Фриц, кој го претрпе својот прв пораз во третото финале годинава, доби 330 поени и награда од 224.035 долари (190.000 евра).


Коко Гоф прва се квалификуваше за завршниот Мастерс

Американската тенисерка Коко Гоф се квалификуваше за Завршниот турнир, објави ВТА на својата официјалната веб-страница.

21-годишната Американка учеството го избор откако стигна до четвртфиналето на турнирот во Пекинг.

Претходно, Арина Сабаленка и Ига Швјонтек го обезбедија своето учество на Завршниот турнир. Гоф ќе се натпреварува по четврти пат по ред во последниот турнир сезоната.

Завршницата на ВТА ќе се одржи од 1 до 8 ноември во Ријад, Саудиска Арабија.


Синер прв финалист на турнирот во Пекинг

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го денес го победи Австралиецот Алекс Де Минаур со 6-3, 4-6 и 6-2 во полуфиналето на турнирот во Пекинг.

Натпреварот траеше 122 минути.

Дваесет и четиригодишниот Италијанец постигна седум аса и реализираше три од седум брејк топки.

Во финалето, Синер ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Данил Медведев (Русија) и Тинг Лернер (САД).

Наградниот фонд на турнирот во кинескиот главен град изнесува четири милиони долари.


Фриц прв финалист на турнирот во Токио

Тејлор Фриц денес го победи Џенсон Бруксби во полуфиналето во Токио. Мечот заврши во два сета, 6:4 и 6:3.

Фриц се пласираше во своето 19-то финале во кариерата и трето во тековната сезона.Воедно Фриц ќе го игра своето второ финале на АТП 500 во Токио.

Во 2022 година, Тејлор го освои турнирот, победувајќи го Франсес Тиафо со 7-6(3) и 7-6(2).

Петтиот тенисер во светот во финалето во јапонската престолнина ќе се соочи со Карлос Алкараз или Каспер Руд.


Синер лесно во четвртфиналето во Пекинг

Италијанецот Јаник Синер обезбеди пласман во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата 500 на тврда подлога во кинеската престолнина Пекинг, откако денеска во второто коло го совлада Французинот Теренс Атма со 6:4, 5:7, 6:0 за два часа и 22 минути игра.

Синер, кој е прв носител, ја освои титулата во Пекинг во 2023 година.

Негов противник во четвртфиналето ќе биде унгарскиот тенисер Фабијан Марожан, кој го елиминираше Александар Милер од Франција со 6:3, 7:6(5).

Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од над четири милиони евра.


Познати двојките за највредниот кошаркарски турнир

Денес и официјално станаа познати двојките за првата рунда од натпреварите на еден од највредните тениски егзибициски турнири – „Сикс Кингс Слем“ кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

Во четвртфиналето, Јаник Синер ќе се соочи со Стефанос Циципас, а Александар Зверев ќе игра против Тејлор Фриц. Победникот од првиот меч во рамките на првото полуфинале ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ, додека победникот од вториот ќе се соочи со Карлос Алкараз.

Турнирот на кој настапуваат шесте најдобри тенисери на денешницата ќе се одржи од 15 до 18 октомври.


Кипар противник на македонската репрезентација во Дејвис купот

По успешниот настап оваа година и промоцијата во Втората Светска група од Дејвис купот, Македонија денеска го доби првиот ривал во ова натпреварување во 2026 година. Тоа е репрезентацијата на Кипар, која ќе биде домаќин.

Термин за одигрување на мечевите е 6 и 7 февруари или 7 и 8 февруари 2026 година.

Македонскиот тим беше рангиран во групата на неносители, додека нашиот противник беше рангиран како 13. носител од исто толку тимови. Ова воедно ќе биде единствениот дуел на европски селекции.

Досега нашата репрезентација и Кипар имаат одиграно три мечеви и билансот е 2:1 во победи за Кипар. Сите мечеви досега беа одиграни како дел од Третата Евро-африканска зона.


Федерер и Надал спремни за враќање на терените

Роџер Федерер наговести можност за сензационално враќање на тениските терени, а во целата идеја би можел да му се придружи и неговиот долгогодишен ривал и пријател Рафаел Надал.

Двајцата великани на спортот размислуваат за учество во нова „сениорска“ турнеја, посветена на пензионирани тенисери, пренесува британскиот Mirror.

Федерер, кој официјално се повлече од тенисот пред речиси три години, остана активен преку тренинзи и појави на социјалните мрежи, што во последно време ја поттикна јавноста да се прашува дали можеби планира враќање.

Оваа недела, 44-годишниот Швајцарец јавно ја поддржа идејата за турнеја со поранешни професионалци, со можност повторно да заигра заедно со Надал – освојувач на 22 Гренд слем титули.


Сабаленка се откажа од турнирот во Пекинг поради повреда

Најдобрата светска тенисерка, победничката на УС Опен, Арина Сабаленка, се откажа од турнирот во Пекинг, објави прес-службата на турнирот.

27-годишната Белорусинка се пожали на полесна повреда.

Во 2024 година, на турнирот во кинеската престолнина, Сабаленка стигна до четвртфиналето, каде што загуби од Каролина Мучова (Чешка) со 6:7 (5:7), 6:2, 4:6.


Ѓорческа со победа го отвори турнирот во Куршумлиска бања

Лина Ѓорческа ја продолжи успешната серија откако попладнево во мечот од првото коло на W75 во Куршумлијска Бања забележа нова победа.

Таа ја совлада Ели Шоп од САД со 2-0 во сетови (6-4, 7-6/2) во меч што траеше два часа и 15 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против Анастасија Золотарева.

Денешниот меч со квалификантката Шоп беше изедначен во двата сета. По шест одиграни гема резултатот беше 3-3, а единствениот брејк Ѓорческа го направи во седмиот гем и поведе со 4-3 за сетот да го заврши со 6-4 искористувајќи ја четвртата сет топка.

Во вториот сет Американката направи брејк за водство од 2-0, но македонската тенисерка веднаш го врати загубениот гем на сервис и изедначи на 2-2. Нерешено беше до крајот на сетот, па победничката беше одлучена во тај брејкот. Ѓорческа имаше целосна контрола над гемот и поведе со 6-1 што ѝ донесе нова победа.