Белоруската тенисерка Арина Сабаленка попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во полуфиналето на турнирот во Вухан со 6-2, 4-6 и 6-7.
Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Ова беше прв пораз на Белорусинката на турнирот во Вухан. Претходно таа имаше освоено 20 од 20 натпревари.
Американката ќе се соочи со својата сонародничка Коко Гоф во финалето.Наградниот фонд на турнирoт изнесува 3,7 милиони долари.
Медведев последен полуфиналист во Шангај
Данил Медведев успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот што се игра во Шангај. Тој во последниот четвртфинален меч го победи Алекс Де Минаур од Австралија со 2-0 во сетови (6-4 и 6-4).
Негов противник во полуфиналето ќе му биде Французинот Артур Риндернех, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3), беше поуспешен од Феликс Оже-Алисиме од Канада.
Во второто полуфинале ќе играат Србинот Новак Ѓоковиќ и Валентин Вахерот од Полска, кои вчера обезбедија полуфинале.
Ѓоковиќ се избори за десетто полуфинале во Пекинг
Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. На задоволство на кинеската публика, Ѓоковиќ во четвртфиналето, за еден час и 50 минути, го победи Белгиецот Зизу Бергс со 6-3, 7-5.
Ѓоковиќ го подобри рекордот поставен во вторникот, стана највозрасниот полуфиналист во историјата на тутнирите од Мастерс серијата. Десетти пат во кариерата ќе игра полуфинале во Шангај, вкупно на турнирите од Мастерс серијата во сабота 80-ти пат ќе игра во полуфиналето.
Освојувачот на 24 Грен слем титули, се до финишот на мечот немаше проблеми со талентираниот Берг. Лесно го доби првиот сет, откако направи брејк во петтиот гем. Можеше во првиот сет да одигра и гем помалку, но во осмиот гем не искористи пет сет топки на сервис на противникот.
Во вториот сет, тенисерите беа сигурни кога сервираа се до деветтиот брејк, кога Ѓоковиќ го брејкна Бергс, но во наредниот гем, кога Србинот сервираше за победа, Белгиецот возврати.
Нов брејк напраби Ѓоковиќ во 11-от гем, потоа кога сервираше не искористи две меч топки, Берг дојде до брејк шанса, но со три неизнудени грешки му го подари гемот, а со тоа и победата на Ѓоковиќ.
Интересно, Ѓоковиќ со само 11 директни поени дојде до победата, му помогнаа 40-те неизнудени грешки на Бергс.
Противник на Жоковиќ во полуфиналето ќе му биде најголемото изненадување на турнирот, 211- от на АТП листата, Валентин Вашеро.
Калин Ивановски заради повреда ја заврши оваа тениска сезона
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно се соочува со проблем, затоа што предвреме ја заврши сезоната заради повреда.
21-годишниот ас нема да може да продолжи и ќе мора да мирува во следните месеци, за на терените во 2026 година да се врати подготвен.
„Ќе го пропуштам остатокот од сезоната поради повреда. Фокусиран сум на заздравување и да се вратам посилен. Благодарност до сите за поддршката“, изјави Калин Ивановски.
Македонецот во моментов се наоѓа на 799 место на АТП-листата, а најдобриот ранкинг му е 305 место во 2023 година.
Синер се повреди и го предаде мечот со Грикспор
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Синер на Талон Грикспор му го предаде осминафиналниот меч.
Синер се предаде при резултат 1-1 во сетови и 3-2 за Холанѓанецот во одлучувачкиот сет. Проблемот беше неговата десна нога, колено или мускул, засега останува нејасно.
Валентин Вашеро од Монте Карло, 204-от тенисер на планетата, го чека Грикспор во осминафиналето.
Новак Ѓоковиќ би можел да се повлече по Австралија Опен 2026
Легендарниот тенисер Новак Ѓоковиќ би можел да стави крај на својата блескава кариера по Австралија Опен 2026 година, според поранешната број еден во двојки Рене Стабс.
Српскиот ас, кој држи рекорд со 24 гренд слем титули, веќе подолго време се соочува со повреди и физички проблеми, а следната година ќе наполни 39 години.
Ѓоковиќ не освоил гренд слем титула од УС Опен 2023, иако годинава стигна до полуфиналето на сите четири големи турнири. Во Австралија се повлече поради повреда во мечот со Александар Зверев, а потоа загуби во два сета од Јаник Синер на Ролан Гарос и Вимблдон, како и од Карлос Алкарас на УС Опен.
„Мислам дека Австралија Опен ќе биде неговиот последен голем турнир,“ изјави Стабс за GB News. „Не го гледам како продолжува по тоа. Ѓоковиќ е неверојатен на сите подлоги, но тешко дека ќе може да ги победи младите играчи како Алкарас и Синер во натпревари од пет сета.“
Иако времето неумоливо го стигнува, најтрофејниот тенисер во историјата остава отворена можност дека неговата приказна сè уште нема последна страница — но ако Австралија Опен 2026 навистина биде последниот, ќе биде тоа симболичен крај таму каде што сè започна.
Ѓоковиќ со победа над Чилиќ го почнса Мастерсот во Шангај
Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7-6, 6-4. Мечот траеше еден час и 54 минути.
Првиот сет Ѓоковиќ го реши во тај-брејк, откако ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка, додека Чилиќ пропушти две во 11-от гем.
Чилиќ, кој играше можне добро во тај-брекот се распадна. Го освои првиот поен, на крајот 13-от гем му припадна на Ѓоковиќ со 7-2.
Добрата игра од финишот на првиот сет, Ѓоковиќ ја пренесе во вториот, во третиот гем направи брејк, а потоа беше мошне сигурен во своите сервис гемови и го доби Чилиќ 20-ти пат во нивниот 22-ри меч
Големата Каролина Плишкова падна пред нашата Лина Ѓорческа
Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 .
Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (6-4 и 6-3) за 75 минути игра.
Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен).
Македонската тенисерка со сигурна игра во текот на целиот меч заслужено ја запиша највредната победата во кариерата.
Синер го освои турнирот во Пекинг
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Пекинг. Во финалето го победи Американецот Лернер Тиен во два сета со 6-2, 6-2.
Кога не игра финале против Карлос Алкараз, за Јаник Синер нема проблем. За само 74 минути, Италијанецот ја освои својата трета титула оваа година, вкупно 21-ва неговата кариера.
Италијанецот покажа дека сака да игра во Пекинг. Тој стигна до финалето трета година по ред и ја освои својата втора титула во кинеската престолнина. Лани, во финалето загуби од Алкараз.
Младиот 19-годишен Тиен, за кого ова беше прво АТП финале, немаше шанси против Италијанецот. Во првиот гем доживеа брејк и тој сет заврши за 35 минути. Вториот сет траеше четири минути подолго, а Тиен се држеше до петтиот гем. Во него, Синер направи брејк за 3:2, а потоа нанижа уште четири гема за новата титула.
Гаел Монфис најави пензија на крајот од сезоната
Поранешниот тенисер број 6 во светот, Гаел Монфис, го објави своето пензионирање од професионалниот тенис на крајот од следната сезона.
Последниот турнир на Французинот ќе биде Мастерс турнирот во Париз.
„Првпат зедов рекет во рака на две и пол години, а почнав да играм професионално на 18 години. Сега, еден месец по мојот 39-ти роденден, сакам да објавам дека следната година ќе биде мојата последна како професионален тенисер. Можноста да ја претворам мојата страст во професија е привилегија што ја негував во секој натпревар и во секој момент од мојата 21-годишна кариера. И покрај фактот дека оваа игра ми значи толку многу, јас сум целосно во мир со мојата одлука да се повлечам од тенисот на крајот од сезоната 2026 година“, напиша тенисерот на социјалните мрежи.
Триесет и деветгодишниот Монфис има освоено 13 АТП титули во својата кариера. Неговиот најдобар резултат на Гренд слем турнирите е полуфиналето на Ролан Гарос во 2008 година и на Отвореното првенство на САД во 2016 година.