Драконска казна за казахстански тенисер заради корупција
Казахстанскиот тенисер Роман Хасанов е суспендиран денеска на десет години поради корупција. Како што соопшти Меѓународниот одбор за интегритет во тенисот (ITA), Хасанов во истрагата се изјаснил за виновен по обвинението за местење или обид за местење тениски натпревари. Одборот не обелодени за колку наместени натпревари од страна на Хасанов и за кои турнири станува збор, наведувајќи само дека тие биле одиграни во периодот од 2014 до 2018 година, кога Казахстанецот го имаше најдобриот пласман на АТП листата како 671 светски тенисер.
Тенисерка падна на допинг тест поради – сексуален однос?!
Дајана Јастремска е една од најголемите надежи на украинскиот тенис, но нејзината кариера во моментот не напредува, бидејќи на почетокот од годинава беше суспендирана поради позитивен тест на допинг. Тенисерката која наскоро ќе наполни 21 година во досегашната кариера освои три турнири, а годинава требаше да биде година во која ќе се пробие во самиот тениски врв. На почетокот од минатата година го оствари највисокиот ранкинг во кариерата, беше 21. тенисерка на светот, но почетокот од годинава и донесе големи неволји, откако беше позитивна на местеролон. Откако беше суспендирана, изјави дека ќе се бори да ја спаси својата чест, бидејќи знае дека не користела ништо недозволено. „Кај мене е пронајдено ниско ниво на месторолон. Со оглед на ниската концентрација и негативниот примерок две недели претходно, добив потврда дека позитивниот резултат е опција да биде како резултат на некоја врста на контаминација. Со тоа, известена сум дека оваа супстанција ја користат мажите како лек, односно не се препорачува кај жените поради штетни влијанија.“ – изјави пред пет месеци, а сега тврди дека знае и како недозволената супстанца стигнала до нејзиното тело. Јастремска е уверена дека е позитивна поради нејзиниот поранешен партнер, кој супстанцата и ја пренел за време на полов однос. Тој тврди дека тоа не е вистина, а напиша и изјава за комисијата која е задолжена за овој случај. Таткото на украинската тенисерка замоли да се предаде примерок од косата за анализа, но тоа беше одбиено и веќе не се соработува со одбраната на тенисерката. Расплетот на случајот треба да биде познат до крајот на месецот.
Поранешна победничка на Вимблдон се повлекува од тенисот
Чешката тенисерка, 35-годишната Барбора Стрицова, најави дека си заминува во спортска пензија, додавајќи дека се надева последниот натпревар да го одигра пред публика, но по нејзиното породување во 2022. година. „Би сакала тоа да биде на Вимблдон, но доколку тоа не е можно, тогаш тоа ќе биде во мојата татковина Чешка.“ – вели Стрицова, која во 2019. година на Вимблдон ја освои титулата во женски парови, а во сингл стигна до полуфинале. Во кариерата има две титули во сингл конкуренција и 31 титула во парови, додека во 2016. година ја освои бронзата во парови на Олимписките игри во Рио. Во моментот се наоѓа на 52. место на ВТА листата, а најдобар ранкинг имаше во 2017. година, кога беше 16.
Жена со 75 години заигра на професионален тениски турнир
Американката Гејл Фалкенберг испиша историја на ИТФ Фјучрс турнирот во Наполи на Флорида, каде со 75 години заигра професионален тенис. Фалкенберг се врати на професионалниот тенис по три години пауза, а во првото коло беше поразена од 20-годишната французинка Тифани Пике. Резултатот беше очекуван, два пати по 6:0. „Играњето тенис ме држи здрава. Играм пет до шест пати неделно и немам тренер. Младите играчи денес се доста подобри од порано, нивото на тенисот страшно напредуваше. Порано, со тенис не се занимаваа толку рано, а сега децата влегуваат во тој свет со пет години.“ – вели Фалкенберг. Таа на Фјучрс турнири играше и во 2018. години, кога како 71-годишна, успеа да и земе два гејма на 52 години помладата Софи Кернет. Во ветеранските години настапува само на турнири во САД, а најдобриот ранкинг во кариерата го оствари во 1987. година, кога беше на 360. место на ВТА листата.
Публика и на Роланд Гарос годинава!
Организаторите на тенискиот гренд-слем турнир Роланд Гарос излегоа со одлични вести, односно со одлука овогодинешното издание на турнирот да се игра со публика. „Донесовме одлука капацитетот на трибините да биде исполнет до 35 отсто, или најмногу 1.000 луѓе“, соопшти францускиот министер за спорт Жан Мишел Бланке. Постои можност Бројката да се зголеми до пет илјади гледачи во четвртфиналните натпревари, но сето тоа зависи од ситуацијата со КОВИД-19 и дали истата ќе биде поволна. Овогодинешниогт Роланд Гарос треба да стартува на 30. мај, една недела подоцна од првично утврдениот термин.
Колку публика ќе биде дозволена на Вимблдон годинава?
Организаторите на тенискиот турнир Вимблдон излегоа со неколку информации во врска со организацијата на Грен Слем турнирот оваа година. Најпрво, Вимблдон е планиран да се одржи од 28. јуни до 11. јули. Капацитетот за седење на трибините ќе биде најмалку 25% и ќе зависи од препораките на Владата, како и од можното олеснување на ограничувањата по 21 јуни. „Се надеваме дека 25 отсто е минималниот процент што можеме да си го дозволиме. Што повеќе љубители на тенисот треба да присуствуваат на нашите натпревари. Финансиската страна на турнирот е исто така важна“, вели Сали Болтон, извршен директор на турнирот. Минатата година натпреварот не се одржа за првпат од 1945. година, а титулите последен пат во 2019-тата ги освоија Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп.
Ѓорческа на чекор до финалето во двојки во Калви
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува да бележи одлични настапи во игра на двојки на турнирот во Калви кој се реалзира на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари. Таа и домашната претставничка Французинката, Амандин Ес, како први носителки, ги совладаа Флави Бруњон и Обан Дрог во два сета со идентичен резултат 6-2. Лина и Амандин во последниот филтер пред финалето ќе се сретнат со Жад Сувреј и Луси Нгујен Тан откако нивните противнички, Марго Јеролимо и Анџелика Моратели го предадоа мечот.
Ѓорческа поразена на фјучрсот во Калви
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во сингл на ИТФ фјучерсот во Калви кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари. Таа денеска загуби од Италијанката, Лукреција Стефанини со 2-0 по сетови 6-1 и 6-3. Ѓорческа ќе остане и натаму на собирот во Франција бидејќи ја очекува нов меч во игра на двојки. Нашата тенисерка заедно со домашната претставничка, Амандин Хес, во улога на први фаворитки ќе излезат на мегдан со Флави Бруњон и Обан Дроге.
Ролан Гарос пак ќе биде поместен за вториот дел на сезоната
Жил Моретон, претседател на тениската федерација на Франција, најави дека Грен Слем турнирот на терените на Ролан Гарос може да биде одложен втора година по ред поради пандемијата со ковид-19. „Ако мора да останеме во карантин најмалку два месеца, сосема е реално да се откаже турнирот. Единствено што не можам да замислам е дека ќе имаме полни трибини. Може да се случи да има одреден број навивачи “ потенцира првиот човек на франскускиот тенис. Минатата година турнирот беше префрлен во терминиот од 27 септември – 11 октомври а титулата ја освои Рафаел Надал.
Агаси откри зошто се раздели со Ѓоковиќ
Андре Агаси, еден од најдобрите тенисери во историјата и осумкратен освојувач на гренд слем титула, откри во разговор за американските медиуми зошто дојде до прекин на соработката со Новак Ѓоковиќ. За потсетување, најдобриот тенисер на денешницата и Агаси соработуваа во 2017. година, но таа соработка не траеше долго. „Имав желба да помогнам. Ја прифатив работата бидејќи верував дека за тенисот е најдобро Новак да биде најдобрата верзија од себеси. Целта беше да помогнам, но треба да се биде искрен кон себе. Кога почувствував дека му стојам на патот и дека го кочам, тогаш најдобрата одлука беше да се повлечам.“ – рече Агаси па заклучи: „Премногу пати се сложивме дека не се сложуваме. Тоа е во ред. Новак искористи доста од тоа што работевме заедно. Се надевам дека сето тоа му помогна.“