Српскиот тенисер, Новак Џоковиќ, кој деновиве настапува за својата земја во Дејвис купот против селекцијата на Австрија, после мечот против Денис Новак кој Србинот го доби со 2:0 во сетови, доби изненадувачки подарок.
Домаќините од Австрија и градот Инсбрук каде се одржуваат натпреварите, на најдобриот светски тенисер му подарија скии кои беа специјално изработени за него.
Џоковиќ со голема радост и изненадување го прими подарокот и веднаш изрази желба да ги проба добиените скии.
Бекер: Не може да замислам Ѓоковиќ да не настапи на Австралија Опен
Шесткратниот Грен слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ја коментираше можноста Србинот да не оди на Австралија опен поради неговиот став за вакцинацијата против коронавирус.
„Не можам да замислам да го пропушти турнирот во Австралија. Премногу го сака спортот, премногу ја сака тениската историја. Тој сака да го освои својот 21. Грен слем, а Австралија опен е неговиот најдобар турнир од четири најголеми во светот. Го има освоено веќе девет пати, зошто да не го освои и 10-тиот? Тој вели дека вакцините се лична работа. И јас го поддржувам. Но, ако сака да игра на турнејата, мора да ги следи правилата“, изјави Бекер.
Настапот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на претстојниот грен-слем турнир Австралија опен сè уште е неизвесен.
Ѓоковиќ речиси деценија ипол е владетел во Мелбурн, на кој за прв пат триумфираше во 2008 година, а вкупно го има освоено девет пати.
Организаторите на турнирот, закажан од 17 до 30 јануари следната година, снимија два промотивни видеоматеријали во кои српскиот тенисер го нема.
Сите тенисери, кои ќе настапат во Мелбурн, мораат да бидат вакцинирани против коронавирус, а Ѓоковиќ за цело време на пандемијата беше еден од најжестоките критичари околу вакцинирањето на тенисерите.
Украден па вратен вредниот часовник на Данил Медведев
Данил Медведев го одигра финалето на завршниот Мастерс турнир во Торино, но не успеа да го совлада Германецот Александар Зверев. Сепак, неговиот престој во северна Италија бил речиси дополнително уништен од кражба.
За време на дуелот со Зверев, од соблекувалната на Медведев му е украден часовник вреден дури 200 илјади евра. Меѓутоа, непријатностите набрзо биле отстранети и скапоцениот часовник „Бове Отанасеи“ бил лоциран и по неколку часа вратен на Московјанинот.
Полицијата го пронашла часовникот на раката на еден од службениците на АТП додека се обидувал да се качи во авион.
Полицијата соопшти дека се уште го истражува целиот случај бидејќи лицето кај кое е пронајден часовникот кажа дека го добил од друго лице.
Новак Џоковиќ со најголема заработка во 2021
Светскиот рекет број еден, Новак Џоковиќ, 2021 година ќе ја заврши на првото место од АТП ранг листата но и како тенисер со најголема парична заработувачка од учество на турнирите.
Според податоците кои ги објави Асоцијацијата на тениски професионалци, Џоковиќ во 2021 инкасирал вкупно 9.100.547 долари. По него следуваат Русинот Медвевед со 7.481.271 и Александар Зверев кој заработил 6.420.344 долари.
Во годинава што завршува, од АТП објавуваат дека 37 тенисери освоиле повеќе од 1 милион долари од учество на турнири.
Историски подвиг: Двајца Руси меѓу петмината најдобри на АТП листата
Данил Медведев и Андреј Рубљев ја завршија тениската сезона 2021 во Топ 5 на рангирањето АТП. Медведев годината ја заврши како втор рекет во светот, а Рублев – петти.
По вторпат во историјата двајца играчи од Русија завршија во Топ 5. Првпат такво нешто се случи на крајот на 2000 година, кога Марат Сафин беше втор, а Евгениј Кафелников петти.
Австралија даде „зелено светло“: Првиот Грен слем ќе се игра пред полни трибини
Премиерот на државата Викторија потврди дека Австралија Опен ќе може да се одржи пред полни трибини во Мелбурн од 17 до 30 јануари следната година.
Со оваа најава, првиот Грен Слем за новата година полека ќе се врати во нормала.
„Благодарение на вакцинацијата на 90% од жителите на Викторија, повеќето ограничувања, речиси сите, ќе можат да исчезнат“, потврди Даниел Ендрјус.
Според најавата, Мелбурн Парк на почетокот на годината ќе може да прими околу 60.000 гледачи.
Шпанецот Алкараз го освои турнирот на идните генерации
Карлос Алкараз го почна турнирот така што камерата го сними како спие на теренот наместо да тренира, но сепак на крајот го освои трофејот.
Еден од најталентираните шпански тенисери, кој го споредуваат со Новак Ѓоковиќ по стилот на игра, го освои турнирот на новата генерација во Милано. Алкараз во финалето беше подобар од американскиот претставник Себастијан Корде по еден ипол час битка со 4-3, 4-2 и 4-2, па така докажа дека ќе има одлична кариера.
Шпанецот е роден на 5 мај 2003 година, а тренира на академијата „Рафаел Надал“ на Мајорка, додека тренер му е легендарниот тенисер Хуан Карлос Фереро.
Роџер Федерер го пропушта Австралија опен
Поранешниот светски рекет број еден, Роџер Федерер, нема да учествува на Австралија опен, бидејќи се уште се опоравува од повредата, открива неговиот тренер Иван Љубичиќ. Според него, Федерер е решен да се врати на тениските терени следната година.
Швајцарецот е надвор од тенисот од неговиот пораз во четвртфиналето на Вимблдон оваа година, после што имаше операција на коленото.
„Мислам дека Австралија не е остварлива цел во моментов. Шансите се многу мали, тој се уште се опоравува но добро го познавам и знам дека ќе сака да биде 100 проценти подготвен пред да се врати на теренот“, изјави Хрватот Љубичиќ.
Roger Federer likely to miss Australian Open but retirement not imminent, says coach https://t.co/TGMGCEkYDw
Луда прослава на Новак Џоковиќ по победата на Србија над Португалија (Видео)
Фудбалската репрезентација на Србија обезбеди директно учество на Светското првенство во Катар 2022. Популарните „орли“ направија изненадување и ја победијата фаворизираната Португалија на сред Лисабон со резултат 1:2. Голот за победа на Србија го постигна Александар Митровиќ во 90.минута.
Натпреварот во својата хотелска соба го следеше и најдобриот светски тенисер, Новак Џоковиќ, кој на крајот од средбата „полуде“ од среќа. Неговото славење Новак го објави на социјалните мрежи.
Teniste dünya 1 numarası Novak Djokovic, ülkesi Sırbistan'ın Portekiz'i 2-1 yenerek Dünya Kupası'na doğrudan katılma hakkı kazanmasını böyle kutladı. pic.twitter.com/zyulzreuct
Најдобриот тенисер на светот, Новак Џоковиќ, истакна дека во некои свои карактерни особини наликува на Златан Ибрахимовиќ кој според него е симбол на балканскиот менталитет.
Џоковиќ оваа изјава ја даде за италијанската Газета дело Спорт пред неговото заминување во Торино на завршниот мастерс турнир за оваа година.
„Ми се допаѓа неговата филозофија – колку сум постар, толку помлад се чувствувам. Златан е симбол на балканскиот менталитет. Тој никогаш не се предава и има голема самодоверба. Двајцата имаме шампионски менталитет“, се вели во изјавата на Џоковиќ.
Турнирот во Торино започнува на 14. ноември и е завршен мастерс на годината.