ракомет

Пасквал го води со себе Циндриќ во Веспрем

Некогашниот ас на Вардар и Металург, Лука Циндриќ, би можел во новата сезона да го облече дресот на унгарскиот гигант Веспрем.

Според информациите во повеќе романски и унгарски медиуми, хрватскиот репрезентативец ќе му се придружи на шпанскиот стратег во Унгарија.

Тој има клаузула во договорот што му овозможува да си замине и пред истекот, па тоа веројатно ќе биде искористено.


Пасквал ќе го презме Веспрем, Динамо Букурешт ќе добие 200.000 евра

Шпанскиот тракометен тренер Чави Пасквал ќе го преземе унгарскиот ракометен гигант Веспрем.

Искусниот стратег треба да потпише четиригодишен договор со унгарскиот шампион. Според романска „Газета“, понудата од Веспрем не можела да се одбие, а Унгарците се согласиле да ја платат и потребна ослободителна клаузула која шпанскиот тренер ја имаше со Динамо.

Пасквал ќе заработува преку 30.000 евра месечно во Веспрем, а негова цел ќе биде трофејот во Лигата на шампионите. Ослободната клаузула која унгарскиот клуб мора да ја плати на Динамо е 200.000 евра.


Магдебург му го продолжи договорот на Феликс Клар

Шведскиот плејмејкер Феликс Клар, кој во оваа сезона пристигна во Магдебург, веднаш ги задоволи критериумите на стручниот штаб и си доби продолжување на договорот.

Средниот бек иако имаше актуелен договор со ланскиот освојувач на титулата во ЛШ, клубот му понуди нов договор, па така Клар во германскиот првак ќе остане најмалку до 30 јуни, 2028 година.

Репрезентативецот на Шведска на 30 одиграни натпревари во Бундес лигата има постигнато 158 гола и беше меѓу најзаслужните за освоената домашна титула. Во групниот сегмент од ЛШ постигна 64 гола, додаде плус 13 во четвртфиналниот двобој со Келце.


Лазаров ќе води 21 ракометар на гостувањето во Торшавн

Македонската машка ракометна репрезентација ја очекуваат два
натпревари против Фарски Острови во баражот за Светското
првенство кое ќе се одржи во 2025 година во Хрватска, Данска и
Норвешка.
Првата средба ја играме денес од 20:00 часот, а селекторот Кирил
Лазаров одлучи да не го крати списокот, поточно со сите играчи да
отпатува во Торшавн.
Се работи за 21 ракометар кои остануваат да бидат во конкуренција
до последниот ден кога петмина ќе отпаднат за самиот натпревар.
Целта е да постигнеме што подобар резултат кој потоа ќе може да
биде потврден на реваншот во Скопје закажан за в недела од 19 часот
во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.


Миклер ќе го прескокне Европското првенство во јануари

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го скрати списокот за настап на Европското првенство во Германија.

Стратегот на Унгарија на континенталниот собир нема да може да смета на искусниот голман Роланд Миклер.

Членот на ПИК Сегед го информирал селекторот и челниците на унгарската ракометна куќа дека го откажува настапот поради неговата здравствена состојба.


Николов и Начевски ќе судат на Олимписките игри во Париз.

Maкедонските најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов долги години наназад се дел од најголемите ракометни натпреварувања, а таа пракса ќе продолжи и летово на Олимписките игри во Париз.

Денеска официјално беа објавени судиските двојки и на таа листа заслужено се и најдобрите македонски судии.

На последните Олимписки игри кои се играа во Токио Начевски и Николов го судеа финалето во кое играа Данска и Франција.


Барса ги продолжи договорите со двајца клучни ракометари

Барселона потпиша нов договор со тренерот Ортега, успеаја долгорочно да ги „врзат“ и суперталентираните браќа Петар и Ѓорѓе Цикута, а во последните 48 часа паднаа уште два значајни потписа во Барселона.

Тимоти Нгесан во текот на вчерашниот ден потпиша нов договор со каталонскиот гигант, а денеска истото го стори и Јохан Карлсбогард.

Шведскиот репрезентативец имаше договор и за наредната сезона, но каталонците беа задоволни од неговите игри по транферот од Лемго, па тој денеска ја продолжи соработката и ќе остане член на Барса до 2028 година.


Вујовиќ доби отказ од клупата на Нексе

Веселин Вујовиќ нема повеќе да го води хрватскиот прволигаш Нексе, тим кој го преземе пред два месеци од Бранко Тамше.

Поранешниот тренер на Вардар и екс македонски селектор не успеа да ја разбуди екипата, да ги донесе посакуваните резултати, па по ремито со Пореч во домашниот шампионат било одлучено да се заврши соработката со искусниот стратег.

Во овој период додека Вујо го водеше клубот од Нашице истиот беше елиминиран од РНЛ во Лига Европа, во првенството е на делба на второто место, а не треба да се заборави дека во овој период се случи и инциндетот со Загреб поради кој се очекува Вујовиќ да биде санкциониран.

Поради сите овие причини тој си заминува, неговото место ќе го заземе асистентот Крешо Иванковиќ.


Надал се пријави за настап на Лејвер Купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде дел од Тимот Европа на Лејвер купот, кој е закажан за од 20 до 22 септември во Берлин, соопштија денеска организаторите.

„Надал им се придружува на Карлос Алкараз, Данил Медведев и Александар Зверев во Тим Европа, кој ќе се обиде да го врати трофејот во Лејвер купот под водство на Бјорн Борг“, се вели во соопштението на организаторите.

Лејвер купот во 2022 година беше последниот официјален турнир на кој настапи легендарниот Швајцарец Роџер Федерер, а Надал, иако повреден, дојде на турнирот да игра во двојки со еден од најголемите ривали во кариерата.

Надал изјави дека е многу среќен што по четврти пат ќе учествува на ова натпреварување иницирано од Федерер во 2017 година.


Николов и Начевски го добија најтешкото четвртфинале на ЛШ

Најдобрите македонски ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ја добија честа да ја делат правдата на првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите помеѓу екипите на Килеце и Магдебург.

Полскиот гигант ќе го пречека германскиот тим на домашен терен на 24 април и тука се очекува голема битка за пласман на завршниот турнир во Келн.

Киелце без многу проблеми го мина ГОГ Гудме во осминафиналната фаза, додека Магдебург по голема борба успеа да го елиминира унгарскиот претставник, Веспрем.

Ова е уште едно големо признание за Начевски и Николов, кои во минатото судеа многу важни натпревари во Лигата на шампионите, како и на европските и светските првенства.