останато

Јапонците не сакаат кинески вакцини на Олимписките игри

Јапонските власти не се согласуваат со одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја прифати понудата Кина да обезбеди вакцини против Ковид-19 за учесниците на Летните и Зимските олимписки игри во Токио и во Пекинг, јавија денеска светските агенции.
Министерката во Владата на Јапонија задолжена за организација на Игрите, Тамајо Марукава, посочи дека МОК не ја консултирал Јапонија за кинеските вакцини. Таа порача дека јапонските спортисти нема да се вакцинираат со кинеските вакцини, бидејќи истите не се одобрени за користење во земјата.
Преземаме сеопфатни мерки против заразни болести во подготовките за Игрите во Токио со цел да овозможиме учество на спортистите без вакцинирање. Нема промени во нашиот став дека вакцинацијата нема да биде услов, изјави Марукава.
Реакцијата на властите во Токио доаѓа ден откако претседателот на МОК, Томас Бах, обелодени дека е постигнат договор со Олимпискиот комитет на Кина за обезбедување дополнителни дози вакцини против коронавирус за учесниците на претстојните Летни олимписки игри во Токио, како и за спортистите, кои ќе настапат на Зимските олимписки игри во Пекинг идната година.


Германецот Томас Бах реизбран за прв човек на ИОК

Томас Бах е реизбран на позицијата прв човек на Интернационалниот олимписки комитет. Тој победи на изборите со убедлив резултат 93-1 и ќе продолжи да раководи на кормилото на ИОК до 2025 година. Германецот го наследи Жак Рог на претседател на ИОК во 2013 година. Минатата година ИОК реши да ги одложи Олимпските игри во Токио и да ги презакаже за оваа година, но прашање е дали ќе може да се одржат со публика.


Мерцедес му изрече ултиматум на Луис Хамилтон

Екипата на Мерцедес му даде рок од два месеца на Луис Хамилтон да одговори дали ќе остане во тимот и по крајот на годинашнава сезона.
Германците кон крајот на мај сакаат да знае дали освојувачот на 7 титули во формула 1 ќе биде на нивниот список и за шампионатот во 2022 година. Тоа го потврди и шефот Тото Волф кој е воедно и акционер во Мерцедес.
Доколку Хамилтон не се согласи да ја продолжи соработката, тогаш како негов наследник се наметнува Џорџ Расел.


Трката во Хунгароринг во календарот и во 2023 година

Трката за Големата награда на Унгарија ќе се најде во календарот на Мото ГП шампионатот во 2023 година. Ова го потврди промоторот Дорна во четвртокот, откако и официјално беше потпишан договор со локалната самоуправа. Изградбата на патеката во близина на Дебрецин се очекува да започне во последниот квартал на 2021 година. Проектот ќе го води Габор Талмачи, кој ја освои титулата во класта до 125 кубни сантиметри во 2007 година.
„Возев за мојата земја десет години во Мото ГП, и сега ја презентирам и на друго ниво – како експерт. Се надевам дека моето знаење и искуство ќе бидат корисни за овој проект. Самата локација во близина на Дебрецин е многу важна за регионот. Но, не само за него, туку и за соседните земји Словачка, Украина и Романија. Во иднина, навивачите ќе можат лесно да го посетуваатт Дебрецин, што е добро и за градот“, заклучи Талмачи.


Стојовски последен на трката на 400 метри на ЕП во Торун

Утрово на Европското атлетско првенство во сала кое се одржува во полскиот град Торун, свој настап на трката на 400 метри имаше нашиот единствен преставник, Јован Стојоски.
Тој настапи денес на првиот ден од првенството во утринската сесија во втората од вкупно деветте квалификациски групи и оствари резултат 48.60 секунди, освојувајќи го последното, шесто место во својата група.


Погледнете го настапот на Ибра и Михајловиќ на Санремо! (видео)

Она што денови се најавуваше во Италија, синоќа и се случи. Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ се појавија и запеаја на еден од најстарите музички фестивали на светот – Санремо. Тие двајца, заедно со помош на двајца пејачи, го отпеаја познатиот хит „Ло Вагабондо“. Ибрахимовиќ и Михајловиќ не се првите луѓе од светот на фудбалот кои настапиле на Санремо. Пред нив, таа чест ја имаа Роберто Бацо, Франческо Тоти, Антонио Касано и други. Поради гостувањето на Санремо, Ибра ќе пропушти неколку тренинзи на Милан, кој е по долго време повторно е во трка за титулата во Серија А.


Легендарниот УФЦ борец Чимаев шокантно замина во пензија

Една од sвездите во подем на УФЦ – Хамзат Чимаев, преку социјалната мрежа Инстаграм шокантно објави дека става крај на кариерата. „Сакам да искажам голема благодарност на сите што ме поддржаа на моето патување. Мислам дека тоа беше сè. Многумина можат да бидат вознемирени, но, моето срце и моето тело велат така“, напиша шведскиот борец со чеченско потекло. 26-годишниот Чимаев кој има сериозни здравствени компликации откако го прележа корона-вирусот, последен пат беше во „кафезот“ во септември 2020 година кога го победи Џералд Мершарт.


Најдобриот македонски атлетичар позитивен на ковид-19, нема да настапи на ЕП во сала

Дарио Ивановски нема да настапи на престојното Европско првенство во сала поради тоа што е позитивен на Ковид-19. Нашиот најдобар атлетичар со нетрпение го очекуваше и овој настап, но инфекцијата со ковид-19 го спречи во намерите.
Ивановски пред извесно време ја освои балканската титула на 3000 метри на шампионатот во Истанбул и требаше оваа недела да настапи на европскиот шампионат во Торун, Полска.


Семенија ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права

Двократната олимписка шампионка на 800 метри, Кастер Семенија, ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права откако ИААФ донесе одлука за ограничувањето на присуството на тестостерон во телото на атлетичарите. По промената на правилата во 2019 година, Семениа не може да учествува во сите дисциплини од 400 метри до една милја без да зема лекови кои го намалуваат нивото на тестостерон. Јужно-африканката претходно ја изгуби битката и со Врховниот суд во Швајцарија. Специјализираниот спортски арбитражен суд исто така ја одби жалбата на Кастер по усвојувањето на правилото во 2019 година.


Македонскиот одбојкарски селектор именуван за тренер на ПАОК

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ, од денеска е нов тренер на грчкиот клуб ПАОК каде настапува репрезентативен техничар, Филип Деспотовски.
Од клубот ја потврдија соработката со 67-годишниот српски стратег кој поголемиот дел од својата тренерска кариера ја мина водејќи екипи од Франција, а работеше и во Тунис и Летонија.
Матијашевиќ е на клупата на Македонија од 2018 година и под негово водство обезбедивме историско прво учество на Европскиот шампионат во 2019 година, а меѓу најдобрите на стариот континент ќе бидеме и на претстојното Европско првенство.