Артем Довбик се сели во Серија А?

Единствениот играч кој во последните 15 години успеа да го освои „Трофејот Пичичи“, трофеј наменет за најдобриот стрелец во Ла Лига, без да биде играч на Реал или Барселона, е Артем Довбик кој тоа го направи во изминатата сезона.

Напаѓачот на Жирона ја прекина таа серија со 24 постигнати гола во најсилното шпанско првенство. Во таква ситуација очекувано е за него да има интерес. Од Шпанија интерес за Довбик покажал Атлетико Мадрид, меѓутоа како најсериозни изгледа се италијанските клубови.

Украинецот има договор до 2028 година, па така Жирона не брза и не сака да го продаде за сума под 35 милиони евра. Дека може да го гледаме во Италија потврдува и неговата изјава дадена за шпански „АС“.

„Да, точно е, мојот агент води преговори со италијански клубови“, изјави Довбик.

Секако, Довбик ќе биде дел од репрезентацијата на Украина на Европското првенство и неговата иднина сигурно ќе се решава настапот на собирот на најдобрите континентални репрезентации.