ФФМ го помести 17. коло во Првата лига за три дена
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија попладнево донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Според распоредот натпревари требаше да се одиграат утре, 1 декември (недела) со почеток во 13:00 часот.
-Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари, соопшти ФФМ.
Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари за 3 декември (вторник) со почеток во 13:00 часот.