Агире пред промоција во Валенсија

Столе Димитриевски наскоро би можел да добие нов тренер во Валенсија, бидејќи шпанскиот клуб е во напредни преговори со искусниот Мексиканец Хавиер Агире.
Според информациите од Шпанија, 67-годишниот Агире е меѓу главните кандидати, а веќе дал согласност за враќање во Ла Лига.
Валенсија минатата седмица се раздели со Карлос Корберан по лошиот старт на сезоната, а тимот моментално го води Оскар Санчез како привремено решение.
Агире има богато искуство во шпанскиот фудбал, каде што претходно ги водеше Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол, Леганес и Мајорка.