Андреј Јакимовски се повреди, го чека пауза од кошаркарските терени

Андреј Јакимовски заработи повреда поради која извесен период ќе биде надвор од теренот.

Андреј Јакимовски заработил незгодна повреда, медицинските прегледи потврдија целосно кинење на десниот внатрешен кос стомачен мускул.

Информациите од Наполи Баскет се дека мускулот се одвоил од местото на припој на единаесеттото ребро. Тоа беше причината што Македонецот не играше против Канту.

Јакимовски ја почнал рехабилитацијата, а засега нема информации колку долго ќе биде надвор од теренот.

Следниот меч на кошаркарската репрезентација на Македонија е во доцните денови на ноември. Засега е нејасно дали ќе биде фит дотогаш или рехабилитацијата ќе трае повеќе.