Араухо ја одби понудата на Барса за нов договор

Роналд Араухо има валиден договор со Барселона до летото следната година, а шпанските гиганти имаат намера да го задржат и да одолеат на интересот на клубовите кои би го земале кај себе. Затоа му било понудено продолжување на соработката, но 22-годишниот стопер ја одбил понудата.

Разговорите меѓу Барселона и агентот на уругвајскиот дефанзивец се одржаа минатата недела и завршија со понуда на клубот. Араухо категорично го отфрлил, наведува „Марка“, додавајќи дека преговорите се одвивале во пријателски тон и дека нема сомнеж дека тие ќе продолжат.

Сепак, потегот на Араухо ги алармираше Манчестер Јунајтед и Челси, кои би можеле да се обидат да го убедат да истрае во сегашната одлука да не потпише. Се додава дека Араухо нема намера да го напушти „Камп Ноу“, туку само да го добие договорот што мисли дека го заслужува.