Арбелоа пред отказ во Фулам

Во Фулам имаа големи очекувања од доаѓањето на Алваро Арбелоа, клубот му даде сериозна поддршка, му донесе засилувања кои тој ги побара, но резултатите се очајни.
По шест одиграни кола Фулам е на последното место на табелата со само два освоени бода, Арбелоа се уште нема победа во Премиер лигата.
Во Англија се шпекулира дека ако Фулам не го победи Хал во следното коло, Арбелоа ќе добие отказ. Но, тој не е загрижен.
„Дали можам да се справам со овој притисок? Можеби тие не ме знаат, но јас играв за најдобриот клуб во светот. Го тренирав најдобриот клуб во светот. Можеби тие не го знаат тоа, притисокот е дел од мојот живот уште од дете. Никогаш не сум бил загрижен за мојата позиција. Не чувствувам страв“, вели Арбелоа.
„Не може да бидете тренер ако го чувствувате тоа. Треба да работите, да носите одлуки и да покажете верба во фудбалерите. Многу сум среќен со многу работи кои тимот ги прави. Знам дека не е лесно“.