Атрактивен ракомет и победа на Еурофарм Пелистер во „братското“ дерби

Еурофарм Пелистер со убедлив триумф над помладиот „брат“ Еурофарм Пелистер 2 Попладнево во салата „Боро Чурлески“, тимот на Лино Червар со 35-24 го совлада новиот суперлигаш.
Отпорот на тимот на Бранко Ангеловски траеше до 22 минута кога Митревски го реализира седмерецот за 11-10, по што ракометарите предводени од Лино Червар на клупата направија мини серија од 3-0 за 14-11. На одмор се замина до предност за првиот тим на Еурофарм Пелистер од 16-12.
Во вториот дел, Еурофарм Пелистер од минута во минута ја зголемуваше предноста и во 46. минута, за првпат дојде до двоцифрена разлика 29-19 по што последните минути рутински ги одработија за конечни 35-24.
Калајџиовски со шест и Серафимов со пет гола беа најдобри кај Еурофарм Пелистер, додека во редовите на вториот тим на битолчани се истакна Христијан Митревски со осум постигнати голови.
По четири кола, битолчани имаат учинок од три победи и едно реми со Охрид на стартот од сезоната, додека вториот тим на Еурофарм Пелистер остана на една победа и го забележа третиот пораз.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Четврто коло
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 35-24 (16-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Иван Илиевски и Александар Шуковски
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидерирад 2, Белистојановски 4, Басанесе, Ристевски 3, Серафимов 5, Кузманоски, Граховац, Хенигман 1, Кузмановски 4, Калајџиовски 6, Пет. Атанасијевиќ 2, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Хакберт 4, Татар
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Младенов, Лозановски 1, Спировски, Велески, Митревски 8, Шулевски 2, Лазаревски, А. Фехми 1, Дамчевски 2, Георгиев, Василевски, Ј. Симоновски 2, Славков 1, Крстевски 3, Ѓорѓиевски 4
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 2 минути
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел Скопје, а Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Куманово.