Барселона води во трката за Франк Кеси

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Барселона води интензивни преговори за привлекување на играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска одбива да го продолжи договорот со Милан и веќе од на лето е слободен играч.

25-годишниот Кеси би донел голема стабилност и цврстина во тимот на Чави кој претежно е составен од помлади играчи.

Оваа сезона тој за Милан има одиграно 16 натпревари во серија А и постигнати 5 гола.