Ведрана Туневска освои сребро за Македонија на силен турнир во Франција

Македонското таеквондо доби нов повод за задоволство, откако Ведрана Туневска од ТК Бутел освои сребрен медал на Европското Гранд При (Е6) во кадетска конкуренција до 51 килограм.
Младата македонска натпреварувачка имаше одличен настап, забележувајќи три победи против ривалки од Франција, Турција и Кипар. Со тоа Туневска обезбеди пласман во големото финале со што го обезбеди сребрениот медал во исклучително силна европска конкуренција.
Овој резултат претставува значаен успех за македонското таеквондо, особено ако се има предвид дека станува збор за олимписки спорт и натпреварување на високо европско ниво.
Покрај медалот, Туневска од настапот ќе се врати и со нови 32 бодови, со кои обезбеди директен пласман на Финалното Гранд При