Винициус ќе го прескокне „Ел Класико“?

Во Реал Мадрид се нервозни, големи се шансите да останат без Винисиус Жуниор за првиот Ел Класико дуел против Барселона оваа сезона.

Вчера Винисиус беше во центарот на вниманието, влезе во игра, даде гол, но погодокот беше поништен откако повлече фудбалер на Виљареал за коса во зачетокот од акцијата. Бразилецот доби директен црвен картон и мораше да го напушти теренот.

Дополнително ќе биде соопштено колку ќе биде суспендиран, но прогнозите се дека за ваков старт ќе добие два натпревари суспензија.

Ако тоа се случи, тој нема да игра на Ел Класико на 25. октомври.

Следниот меч на Реал Мадрид е на Бернабеу против Севиља, а потоа одат на Камп Ноу кај Барселона.