Дани Олмо голема желба на Баерн Минхен

Баерн Минхен сериозно размислува да го доведе Дани Олмо и е подготвен да ѝ понуди на Барселона огромна сума за шпанскиот репрезентативец, пишува шпанскиот „Ел Национал“. Иако Олмо се бори за место во стартната постава на Ханси Флик оваа сезона, интересот на баварскиот гигант повторно го стави во центарот на вниманието на медиумите.
Баварскиот клуб наводно не е сигурен за иднината на своите клучни напаѓачи Џамал Мусијала и Михаел Олисе во клубот, поради што бара докажано засилување кое веднаш може да преземе креативна одговорност.
Во тој контекст, Олмо изгледа како идеална цел. Тој совршено го познава германскиот фудбал откако се докажа како еден од најдобрите играчи во Бундеслигата во РБ Лајпциг.
Неговата техничка вештина, разноврсност и искуство го прават привлечна опција. Олмо може да покрива повеќе позиции во нападот, што дополнително ја зголемува неговата вредност и објаснува зошто Баерн е подготвен да издвои значителна сума.
Ситуацијата на Олмо во Барселона не е едноставна. 28-годишникот се бори за место во почетниот состав со Фермин Лопез, додека Педри е практично недопирлив. Сепак, тренерот Ханси Флик високо го цени Олмо и го смета за клучен за неговата визија за играта.
Неговата способност да игра меѓу линиите и да соработува со Ламин Јамал и Педри го прави играч од кој Флик не сака да се откаже. Од спортска гледна точка, неговата продажба за Барселона не би имала смисла.
Сепак, финансиската ситуација сè менува. Според шпанските медиуми, Баерн е подготвен да понуди помеѓу 70 и 80 милиони евра, а токму финасиската понуда би можела да го принуди раководството на Барселона сериозно да размисли за продажба.
Таква сума би му овозможила на каталонскиот клуб да ги стабилизира своите финансии и да ги зајакне другите позиции во тимот, пред се во дефанзивата, без потреба да продава други важни играчи.