Два гола на Несторовски на дуелот со Рудеш

Илија Несторовски повторно покажа дека и на 36 години знае како се постигнуваат голови. Македонскиот ветеран имаше фантастичен настап во дресот на Славен Белупо на гостувањето кај Локомотива Рудеш.
Несторовски влезе во игра на стартот од второто полувреме, а само 29 минути подоцна го постигна првиот гол од пенал за 1-1. Но, тука не застана. Само четири минути подоцна македонскиот напаѓач повторно ја затресе мрежата и направи целосен пресврт за 1-2. Домашниот тим сепак успеа да се спаси од пораз и во судиското продолжение, во 92. минута, стигна до конечни 2-2.
Со вечерашните два гола македонскиот ас стигна до бројката од пет погодоци сезонава во хрватската фудбалска елита.