Деко потврди дека Барса доставила понуда за Лаутаро

Барселона во летниот преоден рок имаше сериозен интерес за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, но трансферот не се реализирал поради ставот на италијанскиот клуб.
Спортскиот директор на каталонскиот гигант, Деко, потврди дека Аргентинецот бил меѓу фудбалерите кои Барселона ги разгледувала како засилувања.
Според Деко, Барселона директно разговарала со раководството на Интер, но добила јасен одговор дека Мартинез не е достапен за трансфер.
По таквата одлука, каталонскиот клуб решил да не продолжува со преговорите, ниту пак да контактира со самиот фудбалер или неговиот агент.