Дембеле ја засилува екипата на Челзи

Според информациите од Англија, менаџерот на Усман Дембеле веќе неколку дена води клучни разговори со претставници на Челзи за евентуален трансфер на во тековниот месец.

После неговото враќање во Барселона ќе бидат познати повеќе детали за текот на разговорите и за тоа дали неговиот клиент ќе го прифати „ултиматумот“ на Каталонците за напуштање на клубот.

Доколку тимот од Лондон не успее во намерите да го доведат Дембеле на Стемфорд Бриџ во јануари, тогаш клубот најверојатно ќе потпише договор со него како слободен играч во текот на летото. Обложувалниците на Островот веќе го одредија европскиот шампион како фаворит број 1 за следнa дестинација на Французинот.

Изгледа дека Томас Тухел и Усман Дембеле ги очекува нова заедничка соработка после онаа во тимот на Борусија Дортмунд.