Дмитро Хориха ќе игра за македонската репрезентација!

Македонската ракометна репрезентација доби засилување на бековската линија. Од денес Дмитро Хориха има право да игра за „црвено-жолтите“. Оваа информација ја објави Ракометната федерација на Македонија, на денешната прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов и селекторот Кирил Лазаров.
На прес-конференцијата се говореше и за претстојните квалификации за Европското првенство 2028.
Хориха е поранешен играч на Вардар, а моментално настапува за унгарскиот клуб ПИК Сегед.