Еден Азар блиску до потпис со Јувентус

Голем број на медиуми ја потврдуваат информацијата дека Еден Азар ќе се раздели со екипата на Реал Мадрид овој месец.

Според пишувањата, Азар одбил негово враќање во англиската Премиер лига и понудата од Њукасл Јунајтед. Како најпосакувана дестинација на белгискиот репрезентативец сега се споменува италијанската Серија А и гигантот Јувентус. 

Доколку „Старата дама“ испрати официјална понуда до Реал овие неколку дена, најверојатно трансферот ќе се комплетира до завршувањето на зимскиот преоден рок.

Да се потсетиме дека Еден Азар во Реал Мадрид пристигна во 2019 како големо засилување од Челзи за огромни 115 милиони евра.