Елмас асистираше и „поцрвене“ во победата на Аталанта над Венеција

Македонскиот интернационалец во дресот на Аталанта во дуелот со Венеција најпрво запиша асистенција, па потоа непотребно заработи исклучување.
Одличната партија на Елиф Елмас во дуелот со Венеција, беше расипана со црвен картон во последните мигови од мечот, откако македонскиот интернационалец заработи исклучување поради остарт старт.
Аталанта водеше со 3-0 на полувремето, а за вториот гол асистираше токму Елмас до Крстовиќ кој донесе 2-0, а потоа се чинеше дека Аталанта уште на полувремето го реши победникот.
Меѓутоа веднаш на стартот на вториот дел Венеција намали, а потоа имаше шанса и за втор гол, но не успеа да реализира.
Во 89. минута при 3-1 непотребно, Елмас по еден остар старт најпрво доби жолт картон, а потоа по асистенција на ВАР, беше променет во црвен, со што македонскиот репрезентативец мораше предвреме да замине во соблекувалната.