Елче со десетмина до првата победа во сезоната

Фудбалерите на Елче направија подвиг во Каталонија – го победија Еспањол со 1-3, иако беа со играч помалку од пестата минута. Херојот на Елче е стрелецот на два гола, Фер Нињо.

Судијата, по сугестија од ВАР собата, му покажа директен црвен картон на Редондо, фудбалерот на гостинскиот тим, затоа што го повлече Брајан Сарагоса во моментот кога беше последен играч во одбраната.

Но, наместо доминација на бројно посилниот тим, следеше шокантен развој на ситуацијата Еспањол. Елче водеше со 2:0 на крајот од 30-та минута.

Гостите постигнаа два гола во интервал од 180 секунди, за целосен шок во Каталонија.

Првиот гол дојде по грешката на голаманот Дмитровиќ, кој непотребно излета од голот во критичен момент, го збуни својот соиграч, а Нињо го искористи моментот и ја испрати топката во небранетата мрежа. Фер Нињо беше стрелец на вториот гол, кратко потоа.

Во второто полувреме, Еспањол ја искористи предноста од фудбалер повеќе и го намали резултатот со голот на Хуста, меѓутоа, набрзо следеше нов шок на другата страна – гостите го постигнаа третиот гол.

Херман Валера го потврди првиот триумф на Елче оваа сезона во 78-та минута.